Екстремна опасност по експлозија во Левекузен
Силна експлозија се слушна денеска во германскиот град Леверкузен. Како што пренесуваат светските медиуми, сведоци велат дека виделе чад, а прогласена е тревога на ниво од „екстремна опасност“. Според „Билд“, наводно дошло до експлозија во фабрика за преработка на отпад. Германските медиуми јавуваат дека упатен е апел до граѓаните да ги затворат вратите и прозорците. …