Филипче: Може да се воведат рестриктивни мерки за невакцинираните


Засега не се планира воведување рестриктивни мерки, ни на границите, ни во објектите низ земјата, потврдува министерот за здравство Венко Филипче.

Но, додава дека се размислува за некакви рестриктивни мерки од септември или октомври, во зависност од развојот на состојбата со вирусот. .

– Размислуваме за септември и октомври, особено за граѓаните кои не сакаат да се вакцинираат од кои било причини. Ако процениме дека ризикот од невакцинираните е доволно голем, вклучувајќи ги и вакцинираните, ќе воведеме рестриктивни мерки – рече Филипче.

Тој смета дека не смее граѓаните кои се вакцинирани или прележале Ковид-19, да бидат загрозени од луѓето кои некакви причини не сакаат да се вакцинираат, па затоа најавува мерки за невакцинираните по терк на другите земји, кои не дозволуваат влез во некои објекти или присуство на настани за невакцинирани.