МЗ: Вчера аплицирани 4.299 вакцини


Министерството за здравство информира дека вчера биле аплицирани 4.299 вакцини. Досега се вакцинирани вкупно 265.164 лица, а за вакцинација се пријавиле 453.180 граѓани. -Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 453.180 граѓани, велат од …

МЗ: Вчера аплицирани 4.299 вакцини Read More »

ЕК го одобри грчкиот план за закрепнување и отпорност во висина од 30,5 милијарди евра


Многу сум среќна да соопштам дека Европската Комисија одлучи да му даде зелено светло на грчкиот план за закрепнување и отпорност „Грција 2.0“, како што е насловен, а ова следи по одличната соработка меѓу нашите тимови, порача претседателката на ЕК Урсула фон Дер Лајен од Атина за време на настанот со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис …

ЕК го одобри грчкиот план за закрепнување и отпорност во висина од 30,5 милијарди евра Read More »

ДКСК: Нема судир на интереси при изборот на поротникот Митко Сандев


Антикорупциската комисија смета дека нема судир на интереси при изборот на поротникот Митко Сандев, за кој ВМРО – ДПМНЕ тврди дека е член на партијата на пензионерите која пак е коалициски партнер на СДСМ. Во образложението, Антиокорупциска наведува дека политичката определба не може да биде критериум за разрешување на поротник од функцијата. Комисијата упати апел …

ДКСК: Нема судир на интереси при изборот на поротникот Митко Сандев Read More »

Убиен лидерот на Боко харам


  Нигериската џихадистичка група Боко харам потврди дека нејзиниот лидер Абубакар Шекау е мртов. Командантот на Боко харам, Бакура Моду, за кого се очекува да биде нов лидер, рече дека Шекау загинал во борбите со групата Исламска држава во Западна Африка, пренесе Франс прес. Моду ги повика командантите на Боко харам да останат лојални на …

Убиен лидерот на Боко харам Read More »

Со електричен тротинет удрил во пешак и избегал


Во средата, во 10.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје електричен тротинет, управуван од засега непознато лице, удрило во пешакот Л.Ј.(63) од Скопје, по што го напуштил местото на незгодата. Л.Ј. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид на местото …

Со електричен тротинет удрил во пешак и избегал Read More »

Граѓаните на ЕУ под 45 години помалку склони кон вакцинација


 Последниот Евробарометар посветен на расположението на граѓаните на ЕУ за вакцинирање покажува охрабрувачки резултати освен кај одредени категории, јави дописничката на МИА од Брисел. На крајот на мај 75 отсто од граѓаните на ЕУ изјавиле дека вакцините се единствен начин да се стави на крај на пандемијата од Ковид-19, додека 69 отсто се веќе вакцинирани …

Граѓаните на ЕУ под 45 години помалку склони кон вакцинација Read More »

Османи: Договорот од Преспа е модел на кој и во иднина ќе се градат односите меѓу соседите на Балканот


После три години од потпишувањето, Договорот од Преспа не само што го минува тестот на времето, туку и ги надминува границите на неговата примарна улога за Стратешко партнерство меѓу Северна Македонија и Грција, напиша попладнево министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.   Во статусот, Османи оценува дека Преспа е регионален симбол …

Османи: Договорот од Преспа е модел на кој и во иднина ќе се градат односите меѓу соседите на Балканот Read More »

Гумени чизми за градоначалникот Жика Стојановски


Повеќе жители на населбата Јака во Општина Илинден, денеска излегоа на протест пред општинската зграда и бараат да им бидат асфалтирани улиците. Гумени чизми врзани со црвена панделка се оставени пред општинската зграда за градоначалникот Жика Стојановски, алудирајќи на условите во кои со години живеат граѓаните на оваа населба, а во врнежливи денови мора со …

Гумени чизми за градоначалникот Жика Стојановски Read More »

СЗО: Се интензивира и забрзува третиот бран на пандемијата во Африка


Третиот бран на инфекција со Ковид-19 се „интензивира и забрзува“ во Африка со разни соеви, предупреди денеска канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) на тој континент и повика на поголемо снабдување со вакцини. Бројот на случаи на инфекција „расте 22 проценти неделно“ на целиот континент, нагласи на виртуелна прес-конференција д-р Махидисо Моети, директор на СЗО …

СЗО: Се интензивира и забрзува третиот бран на пандемијата во Африка Read More »

По 16 години Рамос денеска заминува од Реал Мадрид


Долгогодишниот капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос, заминува од клубот по 16 години минати во шпанскиот фудбалски гигант. Информацијата синоќа ја потврди Реал, прецизирајќи оти двете страни официјално ќе се разделат денеска. Триесетипетгодишниот Рамос оваа година имаше многу проблеми со повреди и од јануари одигра само пет натпревари во белиот дрес. Се уште не е позната новата фудбалска дестинација …

По 16 години Рамос денеска заминува од Реал Мадрид Read More »

ЕУРО2020: Данска и Белгија денеска ќе играат за бодови и за Ериксен


Топката на денешниот натпревар во рамки на ЕУРО2020 меѓу Данска и Белгија за момент ќе запре во 10-та минута кога играчите на двете репрезентации заеднички ќе му изразат поддршка на данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен. Како што е најавено, белгиските фудбалери во 10-та минута, симболично како и бројот на дресот што го носи Ериксен, ќе ја исфрлат топката …

ЕУРО2020: Данска и Белгија денеска ќе играат за бодови и за Ериксен Read More »

Црногорските пратеници денеска гласаат за смена на министерот Лепосавиќ, побарана од премиерот Кривокапиќ


Членовите на црногорскиот Парламент денеска ќе се изјаснат за иницијативата за разрешување на министерот за човекови и малцински права, Владимир Лепосавиќ, пренесе РТЦГ. Премиерот Кривокапиќ го побара разрешувањето на Лепосавиќ, откако министерот во парламентот, одговарајќи на прашања од пратениците од опозицијата, кажа дека „тој е подготвен да признае дека во Сребреница се случил геноцид, кога …

Црногорските пратеници денеска гласаат за смена на министерот Лепосавиќ, побарана од премиерот Кривокапиќ Read More »

Совети за полесно справување со гневот и стресот


Понекогаш наидуваме на ситуации што прават да се чувствуваме лути и гневни до „пукање на филмот“. Сепак, има начини да се справиме со секоја таква ситуација на вознемиреност. Следат неколку совети за ослободување од лутината и стресот на дневна основа. Здрава исхрана Употребата и трошењето сложени јаглени хидрати, какви што има во компирот, киноата или …

Совети за полесно справување со гневот и стресот Read More »

Пронајдени насади од марихуана, приведени три лица од Скопје


 Полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.Ш.(24), Р.К.(30) и И.Т.(26), тројцата од Скопје, осомничени за одгледување марихуана. Тие биле приведени вчера околу 18 часот во реонот помеѓу тетовско Нераште и скопска Радуша, од левата страна на Вардар. -На локацијата каде што биле затекнати биле откриени околу 100 стебла насади канабис сатива, дел …

Пронајдени насади од марихуана, приведени три лица од Скопје Read More »

Успешно заврши Главната планирачка конференција за 19. НАТО вежба „Република Северна Македонија 2021“


По успешното завршување на Главната планирачка конференција за 19-тата НАТО вежба „Република Северна Македонија 2021“, земјава на есен ќе биде домаќин на вежбата, а Центарот за управување со кризи (ЦУК) организатор во партнерство со Евроатланскиот координативен центар за одговор на катастрофи (ЕАДРЦЦ). На Конференцијата при штабните и теренските активности активно учествуваа во работа за планирање …

Успешно заврши Главната планирачка конференција за 19. НАТО вежба „Република Северна Македонија 2021“ Read More »

АСО: Осигурителниот пазар порасна пет отсто, продажбата на полиси достигна 43,7 милиони евра


Кај класите неживотно осигурување растат вложувањата во осигурување имот, во приватното здравствено осигурување, осигурување финансиски загуби и во каско осигурување воздухоплови. Кај осигурувањето живот значаен раст на вложувања има кај осигурителниот производ „јунит линкд“ кој е поврзан со вложувања во инвестициски фондови при што инвестицискиот ризик е на товар на осигуреникот. Спорд податоците на Агенциата …

АСО: Осигурителниот пазар порасна пет отсто, продажбата на полиси достигна 43,7 милиони евра Read More »

Аеродромци и денеска навиваат во паркот„Нирнберг“


Општина Аеродром и денеска организира пренос за групно следење на фудбалскиот натпревар меѓу нашите репрезентативци против Украина, кој ќе се одигра во 15 часот во Букурешт, во рамките на Европското првенство. Натпреварот ќе биде пренесуван на голем екран, кој е поставен во паркот „Нирнберг“ во Ново Лисиче, а еден час пред почетокот ќе стартува програма …

Аеродромци и денеска навиваат во паркот„Нирнберг“ Read More »

Бугарскиот патријарх Неофит примен во болница во Софија


Поглаварот на Бугарската православна црква, патријархот Неофит, е пренесен во сериозна состојба на Невролошкото одделение на софиската болница Токуда, објавија денеска голем број бугарски медиуми. Како што информира дописникот на МИА од Софија, тој бил однесен во болницата на 15 јуни во вечерните часови, но веста дури денеска ја соопштија вработени од софиската митрополија. Патријархот …

Бугарскиот патријарх Неофит примен во болница во Софија Read More »

Американскиот конгрес го изгласа 19 јуни за празник за сеќавање на крајот на ропството


Американскиот Конгрес го усвои предлог-законот според кој 19 јуни е прогласен за празник во спомен на крајот на ропството и заминувањето на последните робови во 1865 година во државата Тексас. Претставничкиот дом на Конгресот го усвои нацрт-законот доцна синоќа со 415 гласа и 14 против, а Сенатот го направи тоа едногласно. И порано имаше барања …

Американскиот конгрес го изгласа 19 јуни за празник за сеќавање на крајот на ропството Read More »