Ашкабад е најскап град во светот за странски работници


Главниот град на Туркменистан, Ашкабад, е најскапиот град во светот за странски работници, покажуваат резултатите од годинешното истражување на трошоците за живот спроведено од американската компанија Мерсер за управување со имот. Годишниот извештај на Мерсер рангира 209 градови во светот врз основа на споредба на трошоците за живот, што вклучува трошоци за домување, превоз, храна …

Ашкабад е најскап град во светот за странски работници Read More »

Владата ќе ја одржи 81. седница


Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 81-ва седница, на која според дневниот ред ќе бидат разгледани повеќе точки од владината програма за работа. Владината прес-служба соопшти дека на денешната седница ќе се разгледуваат повеќе информации за проекти за унапредување на младинските политики меѓу кои Информацијата за Проектот „Дигитализирање на европската младинска …

Владата ќе ја одржи 81. седница Read More »

Италијанскиот премиер против финалето на ЕВРО 2020 да се игра во Велика Британија поради ширењето на коронавирусот


Италијанскиот премиер Марио Драги смета дека финалето на Европското првенство во фудбал не треба да се одржи во Велика Британија, како што рече, земја со „рапидно зголемување на инфицирани со КОВИД“. Вчера Драги го посети Берлин, каде се состана со германската канцеларка Ангела Меркел. На прес-конференција, Меркел ги нарече полните стадиони несоодветни за ЕВРО 2020, …

Италијанскиот премиер против финалето на ЕВРО 2020 да се игра во Велика Британија поради ширењето на коронавирусот Read More »

Дендиас: Грција разгледува евентуално кривично гонење на одговорните за киднапирањето на летот на Рајанер


Грција, според шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, ја разгледува можност кривично да ги гони одговорните за принудното слетување на авионот што леташе од Атина за Вилнус, а во кој беше Роман Проташевич и беше уапсен во Минс, јави дописничката на МИА од Атина. -Не го заборавивме прашањето со киднапирањето на авионот на Рајанер. Грција, …

Дендиас: Грција разгледува евентуално кривично гонење на одговорните за киднапирањето на летот на Рајанер Read More »

Почна министерскиот Совет на ЕУ на кој се одлучува за преговорите со С. Македонија


Министрите за европски прашања на земјите членки на ЕУ пристигнаа во Луксембург утрово за Советот за општи работи на кој сите очекуваат одлука за првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија, јави дописничката на МИА од Брисел. Повеќе министри упатија поддршка за Северна Македонија и Албанија пред почетокот на состанокот и побараа да не …

Почна министерскиот Совет на ЕУ на кој се одлучува за преговорите со С. Македонија Read More »

Д-р Пановски: Индискиот сој ќе се засили наесен, спасот е во вакцините


Најважно е да не се полнат болниците, а ако почнат да се појавуваат случаи на овој сој на разни места низ земјава треба веднаш да се преземат мерки, прво локални, а потоа глобални, вели микробиологот д-р Никола Пановски за Фактор. Тешко дека ќе го спречиме индискиот сој да влезе во земјава, но прашањето е дали …

Д-р Пановски: Индискиот сој ќе се засили наесен, спасот е во вакцините Read More »

Земјотрес со јачина од 5,9 степени меѓу Грција и Турција


Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ги стресе Додеканеските острови во Грција и пограничната област со Турција, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Според соопштението, епицентарот на земјотресот бил во Егејското Море на длабочина од 2 километри, пренесува „Ројтерс“. Засега нема извештаи за евентуални жртви или материјална штета. Се претпоставува дека земјата ќе …

Земјотрес со јачина од 5,9 степени меѓу Грција и Турција Read More »

Затвор во Австралија евакуиран поради наезда на глувци


Австралиските власти почнаа со евакуација на неколку стотици осуденици од затвор во сојузната држава Нов Јужен Велс, поради наезда на глувци. Како што соопштија денеска тамошните власти, затворениците ќе бидат префрлени на друго место додека не се санира штетата предизвикана од глодарите. „Здравјето, безбедноста и благосостојбата на вработените и притворените лица се наш врвен приоритет. …

Затвор во Австралија евакуиран поради наезда на глувци Read More »

Регионална конференција „Заштита од трговија со деца и нивна експлоатација во Западен Балкан“


 За трговијата со деца во Западен Балкан ќе се дискутира на Регионалната конференција „Заедно да се соочиме со кризата: Заштита на децата од трговија и експлоатација во Западен Балкан“, што ќе се одржи денеска и утре онлајн во рамки на заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција …

Регионална конференција „Заштита од трговија со деца и нивна експлоатација во Западен Балкан“ Read More »

Царовска: Ќе се истражат набавките на кембриџ-учебниците


Министерството за образование и наука ќе достави материјали и заклучоци до Основното јавно обвинителство за целиот процес на воведување и избор на т.н. кембриџ-учебници во основното образование, најавува министерката Мила Царовска во интервју за „360 степени“. Царовска вели дека по неуспешниот старт на годинешниот откуп на учебниците, МОН формирало комисија за ревизија на постапките за …

Царовска: Ќе се истражат набавките на кембриџ-учебниците Read More »

СЗО: Се прават планови за производство на вакцина за Ковид-19 во Африка


  Поради сè поголемата загриженост поради нееднаквиот пристап до вакцини против Ковид-19 во текот на пандемијата, се прават планови во Африка да се почне со производство на вакцини. Првиот центар за производство на мРНА вакцини ќе биде отворен во Јужна Африка, со помош на конзорциум, објави денеска Светската здравствена организација. Јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса ги …

СЗО: Се прават планови за производство на вакцина за Ковид-19 во Африка Read More »

Рабин стана верски советник во германската војска, прв пат во 100 години


  Еден рабин е именуван за верски советник во германската војска, прв пат во 100 години и 76 години по завршувањето на Холокаустот. Рабинот од Саска, Золт Бала, официјално е именуван денеска, објави парламентот на твитер. Татко е на три деца, а 42-годишниот Бала емигрирал од Унгарија во 2002 година. Вели дека е свесен за …

Рабин стана верски советник во германската војска, прв пат во 100 години Read More »

Невреме во Кичевско, град уништи род на цреши, јаготки и друго


Невреме проследено со град, ветер и силен дожд попладнево го зафати Кичевскиот регион, што траеше околу 20 минути, пишува Вечер. – Кичево и Кичевско, попладнево ги зафати силно невреме, проследено со пороен дожд и град со големина на зрната до 4 см. Од речиси ведронебо, најпрво почна да паѓа град кој немаше завидна големина, а …

Невреме во Кичевско, град уништи род на цреши, јаготки и друго Read More »

Ангеловски: Воопшто не треба да бидеме разочарани


Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски, вечерва на прес-конференција по поразот од Холандија (0:3) ги искажа своите впечатоци за дебитантското учество на едно Европско првенство. – Можам да кажам дека беше огромно задоволство да се води Македонија на едно Европско првенство. Воопшто не треба да бидеме разочарани. Ова беше наш дебитантски настап. Би сакал …

Ангеловски: Воопшто не треба да бидеме разочарани Read More »

Прилепчанецот Ајровски доби мерка притвор откако во камионот што го управувал беа откриени 324 килограми кокаин


Судот во Драч му одреди мерка притвор на македонскиот државјанин Назиф Ајровски (40), возач на камионот во кој албанската полиција откри 324 килограми кокаин. – Откако најпрво рочиштето беше одложено поради недостиг на официјален преведувач, судијата Реџеп Бектеши попладнево го потврди апсењето во делот на кривичното дело „недозволена трговија со наркотични средства“ и му одреди …

Прилепчанецот Ајровски доби мерка притвор откако во камионот што го управувал беа откриени 324 килограми кокаин Read More »

Филипче се сретна со дарители на конвалесцентна плазма, досега обезбедени 1.732 единици, третирани 1.431 пациенти


– Министерот за здравство Венко Филипче денеска се сретна со дел од дарителите на ковалесцентна плазма, од која досега се обезбедени вкупно 1.732 единици  и третирани 1.431 пациенти. -Овие хумани луѓе се само мал дел од дарителите на ковалесцентна плазма, кои со својата несебичност спасуваа човечки животи во пандемијата, напиша министерот на „Фејсбук“. Од Институтот за …

Филипче се сретна со дарители на конвалесцентна плазма, досега обезбедени 1.732 единици, третирани 1.431 пациенти Read More »

Изгоре камион кај Струмица, нема повредени


Во близина на селото Добрашинци, кај Струмица денеска околу 13:30 часот изгоре камион. Предизвикана е материјална штета, повредени нема. Според информацијата од Територијалната противпожарна единица на Струмица, во гаснењето на запалениот камион марка „Застава“ учествувале тројца пожарникари и едно против пожарно возило, а пожарот бил локализиран и целосно изгаснат за кусо време. Според пожарникарите причина …

Изгоре камион кај Струмица, нема повредени Read More »

Попладнево можни локални поплавувања во градските средини, предупредува УХМР


Ако поројните врнежи што се прогнозираат за попладнево се случат за краток временски период, можна е појава на брзо истекување на водите по малите водотеци и суводолиците во планинските делови и региони, а доколку врнежите ги погодат градските средини можни се локални урбани поплавувања во зависност од капацитетите на атмосферските канализации и почитувањето на прописот …

Попладнево можни локални поплавувања во градските средини, предупредува УХМР Read More »

Со сор им влегол во спалната и им барал 75.000 денари


 Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од село Прждево, општина Демир Капија, кое е осомничено за кривично дело „изнуда“ согласно член 258 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 19 (обид) од Кривичниот законик. – На 10 јуни, во раните утрински часови, осомничениот …

Со сор им влегол во спалната и им барал 75.000 денари Read More »