Општина Кочани обезбеди сопствени средства за почетна помош на оштетените објекти од пожарот
Локалната самоуправа на Кочани издвои два милиони денари од сопствената сметка, како почетна помош за граѓаните чии објекти и друг имот се оштетени од пожарот. Едногласна одлука за пренамена на средствата во буџетот донесе Советот на Општината на денешната вонредна седница, на која беше формирана и стручна комисија за проценка на штетите од огнената стихија. …