Во Србија уште 3.346 новозаразени


Во соседна Србија денеска се регистрирани уште 3.346 новозаразени со корона вирусот. Починаа 15 пациенти од последиците од болеста. На респиратор се 87 пациенти. Во Србија се влошува епидемиолошката состојба, а стручњаците предупредуваат дека најсилниот удар се очекува кон средината на септември. Кога станува збор за новата учебна година, многу родители се загрижени за здравјето …

Во Србија уште 3.346 новозаразени Read More »

„Визер“ со задолжителна вакцинација против ковид-19 за екипажот


Авиокомпанијата „Визер“ објави дека од 1 декември 2021 година ќе бидат потребни вакцинации против Ковид-19- или редовно тестирање на антиген/ПЦР тест во специјални случаи – за целиот екипаж, па затоа ќе воведат вакцинација за патниците. Велат дека истражувањата ја покажуваат нивната ефикасност како најдобра достапна форма за заштита од Ковид-19. „На почетокот на пандемијата, ‘Визер’ …

„Визер“ со задолжителна вакцинација против ковид-19 за екипажот Read More »

ОН: Бројот на климатски катастрофи петпати поголем за 50 години


Бројот на екстремни временски нeпогоди се зголеми петкратно за последните 50 години и тие предизвикаа поголема штета, но и помалку жртви, благодарение на подобрите системи за рано предупредување, се наведува во извештајот на Обединетите нации објавен денеска. Според Атласот на Светската метеоролошка организација, кој го евидентира бројот на жртви и економски штети предизвикани од екстремни …

ОН: Бројот на климатски катастрофи петпати поголем за 50 години Read More »

Од понеделник градскиот јавен превоз со редовен режим, денеска метеж


Со почетокот на учебната година, средношколците, кои користат јавен градски превоз, ги преполнија автобусите во Скопје.  Дел од нив и без маски, а возачите немаат право да ги симнат од автобусот.  – Во моментов само дел од приградските линии се придржуваат до саботен возен ред, вели градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во одговор на …

Од понеделник градскиот јавен превоз со редовен режим, денеска метеж Read More »

Нуредини: Ја усвоивме првата долгорочна климатска стратегија со која го трасиравме патот за нискојаглероден развој до 2050 година


Првата долгорочна стратегија за климатска акција на Република Северна Македонија, со која се дефинира придонесот на државата кон глобалните напори, преку патот кон зелен, ниско јаглероден и климатски отпорен развој, заснован на најдобрите достапни информации и во контекст на пристапувањето на земјата во ЕУ, н а предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање, …

Нуредини: Ја усвоивме првата долгорочна климатска стратегија со која го трасиравме патот за нискојаглероден развој до 2050 година Read More »

Ако Хрват одбие да се попише, ќе плати казна од близу 700 евра


  Секој жител на Хрватска според Законот за попис на населението, ако одбие да се попише ќе плати казна од две до пет илјади куни, односно 665 евра. Пописот во Хрватска почнува за две недели, а директорката на Државниот завод за статистика, Лидија Брковиќ вели дека попис на населението се врши врз основа на изјавите …

Ако Хрват одбие да се попише, ќе плати казна од близу 700 евра Read More »

МЗ: Вчера аплицирани 13.037 вакцини, 53 отсто од населението над 40 години има примено барем една доза


Министерството за здравство соопшти дека вчера се аплицирани 13.037 вакцини. -Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 728.628 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 5.486 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.037 …

МЗ: Вчера аплицирани 13.037 вакцини, 53 отсто од населението над 40 години има примено барем една доза Read More »

Од денеска по 25 деца по групите во градинките


Градинките се подготвени за поголемо присуство на децата од 1 септември, меѓутоа и понатаму почитувањето на мерките претставува врвен приоритет. Согласно последниот пресек 71 процент од вработените во градинките се веќе вакцинирани, истакна министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска при денешната посета на клонот „Сончогледи“ во склоп на градинката „Весели цветови“ во Општина …

Од денеска по 25 деца по групите во градинките Read More »

Отворена првата билингвална паралелка на италијански јазик во нашата земја


За првпат во нашата држава од оваа учебна година во средното училиште „Никола Карев“ во Скопје почнува со работа билингвална паралелка на италијански јазик, каде учениците италијанскиот јазик ќе го изучуваат во шест часа неделен фонд и на крајот од четиригодишното школување ќе добијат сертификат Б2 за познавање на италијанскиот јазик. Министерката за образование и …

Отворена првата билингвална паралелка на италијански јазик во нашата земја Read More »

Измамените при купопродажбата на станови ќе бидат обесштетени


Оштетените граѓани во случајот со измамата при купопродажба на станови за која обелодени новинската агенција МИА ќе си ги добијат парите назад, откако на денешното рочиште, кое што се одржа во Основниот кривичен суд – Скопје, обвинетиот агент за недвижности изјави дека до 20-ти септември ќе обесштети дел од сумата, а до крајот на октомври …

Измамените при купопродажбата на станови ќе бидат обесштетени Read More »

Убиство во Топанско Поле


Во скопската населба Топанско Поле утрово во 9.12 часот било пукано во лицето Е.Б., кој починал од повредите, потврдија од Министерството за внатрешни работи за МИА. Од МВР додадоа дек се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На сила ѝ влегол дома, па ѝ го одзел накитот што го носела на себе


Вчера  во ОВР Кавадарци, кавадарчанката Д.Ј.(68)  пријавила дека околу 4 часот,  едно лице со употреба на сила влегло во нејзиниот дом, физички ја нападнало и ѝ го одзело накитот што го носела на себе. За ова денеска информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. Бил извршен увид на местото на настанот и се преземаат мерки …

На сила ѝ влегол дома, па ѝ го одзел накитот што го носела на себе Read More »

Тестирање против Ковид-19 на самите граници нема да има


Мерката за приложување на сертификат за вакцинација или потврда за прележан Ковид-19, Владата ја усвои со единствена цел земјата да не се препознае како извозник на вирусот. На денешната прес конференција на портпаролите на Владата, беше истакнато дека оваа мерка е придонес за поддршката на масовната имунизација како најсоодветен одговор на спречување на ширење на …

Тестирање против Ковид-19 на самите граници нема да има Read More »

Бесплатна настава по математика за сите третоодделенци


Учениците од трето одделение може да посетуваат бесплатна онлајн настава по математика, благодарение на хуманитарните активности на Лајонсите во Северна Македонија. „Лајонс клубот Охрид и образовниот центар ПИСИ, повторно, го спроведуваат проектот „МАТЕматика3МК“ како помош за децата и нивните семејства. Секој понеделник и среда, наставник ќе реализира предавање во времетраење од 30 минути, на која …

Бесплатна настава по математика за сите третоодделенци Read More »

Приведено лице во Скопје, барано со потерница


Полициски службеници од ЕВР Гази Баба-Отсек потраги, вчера во 18.20 часот на ул.„Валандовска“ во Скопје го лишиле од слобода Љ.Н.(58) од Скопје, кој се барал по потерница за издржување казна затвор од една година, соопштија од МВР. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната. 

УНИЦЕФ на сите ученици, наставници и училиштен кадар им посакува безбедна и успешна училишна година


Првиот училиштен ден е возбудлив ден за учениците. Возбудата се должи на отпочнувањето нова фаза во нивните животи, фаза во која откриваат нови знаења и вештини, но и сопствените бескрајни можности. Училиштето не е само зграда. Тоа е место за учење, место во кое децата стекнуваат независност, се прилагодуваат на нова рутина и развиваат значајни релации со наставниците …

УНИЦЕФ на сите ученици, наставници и училиштен кадар им посакува безбедна и успешна училишна година Read More »

СЗО следи нов сој на корона вирусот, варијантата Му


Светската здравствена организација (СЗО) ја следи новата варијанта на коронавирусот, наречена „Му“, која првпат беше идентификувана во Колумбија во јануари, објави Светската организацијата доцна синоќа . Новата варијанта со научно име Б.1.621 досега беше класифицирана како „варијанта што треба да се следи“, наведува СЗО во својот неделен епидемиолошки билтен за еволуцијата на пандемијата на коронавирусот. …

СЗО следи нов сој на корона вирусот, варијантата Му Read More »

Протоколите за в училиште ги следат децата, не и возрасните


Со посебни протоколи за заштита од Ковид-19, маски, дистанца, дезинфекција на раце, почна учебната година. Илјадници ученици денеска, на првиот ден од учебната година седнуваат во училишните клупи, година и пол по затворањето што следеше по прогласувањето епидемија од корона вирус. Во „Лазо Ангеловски“ се влегува низ четири влеза Во ООУ „Лазо Ангеловски“ учениците влегуваат …

Протоколите за в училиште ги следат децата, не и возрасните Read More »

Луизијана се подготвува за месец без струја и вода по ураганот Ида


Јужна Луизијана се подготвува за месец без електрична енергија и сигурно снабдување со вода по ураганот Ида, една од најмоќните бури што помина по брегот на Мексиканскиот Залив. Околу 1,3 милиони домаќинства до вчера беа без електрична енергија, повеќето од нив во Луизијана. Во невремето загинаа најмалку четири лица. Бројот на загинати веројатно ќе беше многу поголем …

Луизијана се подготвува за месец без струја и вода по ураганот Ида Read More »