Приведени петмина тетовци – организирале веселба со околу 200 гости и биле агресивни кон полицајците


Полициски службеници од СВР Тетово утрово во 3.05 часот привеле тројца тетовци, сопственици на угостителски објект, кои организирале веселба со околу 200 гости. приведени се и други две лица од Тетово, кои агресивно се однесувале кон полициските службеници. – Во угостителски објект во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово утрово во 3.05 часот се …

Приведени петмина тетовци – организирале веселба со околу 200 гости и биле агресивни кон полицајците Read More »

Фаучи: Да имаше олку дезинформации, никогаш немаше да ги искорениме големите сипаници


Советникот на Белата куќа за Ковид-19, Ентони Фаучи, ги критикуваше медиумите поради ширење лажни информации за вакцините, велејќи дека искоренувањето на големите сипаници и детската парализа би било невозможно со моменталните дезинформации. Научникот зборуваше ден по критиките од американскиот претседател Џо Бајден упатени до Фејсбук и другите мрежи, во кои ги обвини за пренесување лажни …

Фаучи: Да имаше олку дезинформации, никогаш немаше да ги искорениме големите сипаници Read More »

Без струја утре делови од Карпош, Бутел, Кисела Вода и Шуто Оризари


Од 9 до 14 часот утре (19 јули) електрична енергија ќе немаат корисниците од ул.„Франце Прешерн“ во општина Карпош поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа. Како што информира РЦУК, од 9 до 13 часот утре без струја ќе бидат и корисниците на ул.„Козле“ бр. 82, 84, 86,. 90 и 92 во Карпош, а во истиот …

Без струја утре делови од Карпош, Бутел, Кисела Вода и Шуто Оризари Read More »

Силни дождови предизвикаа проблеми во регионот – град и поплави во Хрватска, БиХ и Србија


Невреме проследено до силен дожд го зафати подрачјето околу Осиек во Хрватска попладнево, а поплавени се и делови од Босна и Херцеговина, како и повеќе делови во Србија. Во Осиек од силниот дожд поплавени се повеќе сообраќајници, а силниот ветар откорна покрив од една зграда. Поради тоа, во прекин беше напојувањето со струја. Под автомобил …

Силни дождови предизвикаа проблеми во регионот – град и поплави во Хрватска, БиХ и Србија Read More »

Заврши амандманската расправа за ребалансот на Буџетот, прифатени осум амандмани


 Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ја заврши амандманската расправа за ребалансот на Буџетот. Прифатени се осум амандамни на ребалансот на Буџетот, од вкупно 222 колку што беа поднесени. Меѓу прифатените амандмани има и неколку поднесени од опозицијата. Во тек е седницата на Законодавно-правната комисија која го разгледува ребалансот и прифатените амандмани, по што …

Заврши амандманската расправа за ребалансот на Буџетот, прифатени осум амандмани Read More »

Четиригодишно дете со Бентли повреди пешак во Монако


Четиригодишно дете синоќа со автомобил прегази пешак во Монако. Повредениот човек беше префрлен во болница во Ница, каде беше опериран и не е во животна опасност. Несреќата се случи пред хотелот Париз во Монако, каде претстојува сопственикот на автомобилот Бентли и неговото семејство од Ерменија. Полицијата соопшти дека возачот излегол од автомобилот за да го …

Четиригодишно дете со Бентли повреди пешак во Монако Read More »

УХМР: Нестабилност со дожд и ветер ќе има и вечерва особено во западните делови и северот


Нестабилност проследена со грмежи, а потоа нестабилно со пороен дожд беше попладнево во делови од скопскиот регион и во Кривопаланечко. Нестабилна облачност има на повеќе места во западните делови и во делови и од скопскиот регион каде што има грмежи и умерен до засилен ветер. Од УХМР најавуваат дека нестабилноста ќе продолжи и во вечерните часови особено …

УХМР: Нестабилност со дожд и ветер ќе има и вечерва особено во западните делови и северот Read More »

(Видео) Во Холандија критично – се стравува од пробивање на насипите


  Итните служби во Холандија и понатаму се во состојба на готовност, затоа што реките се закануваат да ги поплават градовите и селата во јужната провинција Лумбург. Евакуирани се десетици илјади жители од покраината во изминатите два дена, додека војниците, пожарникарите и волонтерите работеа ноќе за да ги зајакнат насипите. Во соседна Германија загинаа 133 …

(Видео) Во Холандија критично – се стравува од пробивање на насипите Read More »

(Видео) Британскиот министер за здравство заразен по две дози вакцина


Британскиот министер за здравство Саид Џавид, денеска рече дека се тестирал и е позитивен на корона виурс, но дека има благи симптоми. Министерот се заразил со корона вирус иако е вакциниран и тоа со две дози вакцина против Ковид-19. „Утрово направив брз тест и позитивен е на Ковид“, рече тој и додаде дека чека потврда …

(Видео) Британскиот министер за здравство заразен по две дози вакцина Read More »

Норвешка ќе одбележи 10 години од нападот на Брејвик


Во Норвешка следната недела ќе се одбележи 10-годишнината од нападот на десниот екстремист Андерс Бехринг Брејвик, кој уби 77 луѓе. Тоа е најкрвав атак во земјата по Втората светска војна. Брејвик на 22 јули 2011 година прво детонирташе бомба пред канцаларијата на норвешкиот премиер во Осло, при што загинаа осуммина, а потоа се упати на …

Норвешка ќе одбележи 10 години од нападот на Брејвик Read More »

Застрелано 6-годишно девојче во Вашингтон, уште петмина се ранети


  Девојче на возраст од шест години е убиено во Вашингтон, САД, а пет возрасни се сериозно ранети во пукотници што се случија во Вашинготн во петокот вечерта, јави Си-ен-ен. Инцидентот се случил околу 23 часот во југоисточниот дел од градот. Сведоци кои повикале полиција, го слушнале пукањето, ги упатиле полицајците каде да одат. Девојчето …

Застрелано 6-годишно девојче во Вашингтон, уште петмина се ранети Read More »

Учебниците се вистинско освежување во наставниот процес


Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска одржа состанок со фокус-група на наставниците ментори во врска со новите материјали за учење за прво одделение. Како што информира МОН, Царовска на состанокот им се заблагодари на наставниците ментори за одвоеното време да ги разгледаат новите материјали за учење и да придонесат во нивната изработка. – …

Учебниците се вистинско освежување во наставниот процес Read More »

Компанијата „Дермалог“ е избрана за набавка на терминали за отпечатоци од прсти, трае постапката за жалби


Државната изборна комисија (ДИК) ја избра германската компанија Дермалог на тендерот за набавка на техничката опрема за спроведување на локалните избори со отпечаток од прст. Претседателот на Комисијата, Александар Даштевски денеска на прес-конференција соопшти дека таа компанија имала најдобра понуда, ги исполнила условите и дека имала најдобри апарати. Во ДИК во тек е и јавна …

Компанијата „Дермалог“ е избрана за набавка на терминали за отпечатоци од прсти, трае постапката за жалби Read More »

Затворен дел од магистралниот пат Кичево – Гостивар поради сообраќајка


Поради сообраќајна несреќа, затворен е за сообраќај дел од магистралниот пат Кичево – Гостивар, соопшти АМСМ во вонреден извештај за состојба на патиштата. Сообраќајот е во прекин од 12:45 часот кај крстосницата со патот за кичевското село Грешница. 

Над 453 илјади граѓани примиле вакцина, повеќе од 272 илјади се ревакцинирани


Вакцина заклучно со вчера примиле вкупно 453.773 граѓани, а со двете дози досега се имунизирани 272 129, соопшти Министерството за здрвство, кое информира дека  вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. -Прва доза вакцина вчера примиле 6076 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 10.817. Во државата …

Над 453 илјади граѓани примиле вакцина, повеќе од 272 илјади се ревакцинирани Read More »

Деветнаесет новозаразени, осуммина од нив се од Скопје


 Нови 19 случаи со КОВИД-19 се регистрирани во последните 24 часа од  направени 3.667 тестирања. Оздравени се девет (пет од Тетово и четворица  од Скопје) и нема починати пациенти. Активни на вирусот се 246.   Како што информира Министерството за здравство,  согласно податоците од Институтот за јавно здравје, осуммина од новозаразените се од Скопје, пет од Тетово, …

Деветнаесет новозаразени, осуммина од нив се од Скопје Read More »

Пингвини од Чиле и Аргентина, најнова атракција во Зоо Скопје


Во Зоолошката градина во Скопје денеска официјално беше отворен „Заливот на пингвините“, со што прв пат Зоо Скопје е дом на овие егзотични птици, а тие се најголема атракција. Се работи за пингвини кои живеат во топли краишта и потекнуваат од Чиле и Аргентина. Моментално има девет пингвини, кои пристигнале од Италија во декември 2020 …

Пингвини од Чиле и Аргентина, најнова атракција во Зоо Скопје Read More »

Во Скопје приведен „копач“ на биткоини, одземени седум компјутери


 Полициски службеници од Единица за внатрешни работи Ѓорче Петров, вчера во 14:30 часот  на подрачјето на Ѓорче Петров го лишиле од слобода В.П.(37), поради постеоње основи на сомнение за сторени кривични дела по чл. 235 и 236 од Кривичниот законик. Како што информираат од МВР, при претрес извршен кај него, било констатирано дека врши кражба …

Во Скопје приведен „копач“ на биткоини, одземени седум компјутери Read More »

Жителите на „Јака“ со автомобили ќе го „будат“ градоначалникот на Илинден


Жителите на населба „Јака“ денеска од 11 до 13 часот  протестираат со возила во движење низ општина Илинден, во знак на револт поради тоа што општината ги игнорира проблемите со кои се соочуваат: немање канализација, непробиени и неасфалтирани улици, немање јавен превоз, немање улично осветлување… Протестот ќе почне од населба „Јака“, ќе продолжи пред зградата …

Жителите на „Јака“ со автомобили ќе го „будат“ градоначалникот на Илинден Read More »