Со мотор удрил во 18-годишна велосипедистка


Мотоцикл „априлиа“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ј.Ш.(51) од Скопје, вчера околу 13,30 часот на улицата „Јордан Мијалков“ во Скопје, удрил во велосипедистката Е.Ѓ.(18) од Скопје.  По незгодата Е.Ѓ. била пренесена во градска општа болница „Св. Наум Охридски“ каде што од доктор и се констатирани тешки телесни повреди. Увид на лице место извршила екипа …

Со мотор удрил во 18-годишна велосипедистка Read More »

Потребна е психијатриска нега за 12-те преживеани во пожарот во Тетово


Нема информации за тоа што денеска се презема околу несреќата, односно пожарот во Ковид центарот во Тетово, каде во средата загинаа 14 луѓе. Тетовското Обвинителство соопшти дека германските експерти уште не се пристигнати, а се очекувата во следните неколку дена. Од тетовската болница немаа информации што точно се прави денеска. Лекарите и медицинските техничари кои биле …

Потребна е психијатриска нега за 12-те преживеани во пожарот во Тетово Read More »

На невакцинираните им се заканува 11 пати поголема можност да починат од Ковид-19


Нова студија во САД покажува дека вакцините против Ковид-19 овозможуваат силна заштита од хоспитализација и смрт, дури и во случаи кои ја вклучуваат високо заразната варијанта делта.ж Студијата, која следела 600.000 луѓе од април до средината на јули, открила дека луѓето кои не биле вакцинирани имале 10 пати поголема веројатност да бидат сместени во болница …

На невакцинираните им се заканува 11 пати поголема можност да починат од Ковид-19 Read More »

Австрија ги стави сите земји од Западен Балкан на „црвена листа“


Министерството за здравство на Австрија, изработи нова уредба околу епидемиолошките мерки, во кои сите земји од Западен Балкан меѓу кои и Македонија, се ставени на „црвена листа“. Покрај земјите од Западен Балкан, на листата се најдоа и други земји како САД, Ерменија, Азербејџан, Брунеи, Израел, Јапонија и Тајланд. Од тие земји од сега е можно …

Австрија ги стави сите земји од Западен Балкан на „црвена листа“ Read More »

Бајден ќе добие трета доза од вакцината кога ќе биде широко достапна


Американскиот претседател Џо Бајден ќе добие трета доза од вакцината против „Ковид-19“, но ќе чека да биде широко достапна, изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки. – Ќе почекаме додека не биде широко достапна, што очекуваме наскоро, рече Псаки за новинарите во Белата куќа. Бајден за Еј-Би-Си њуз во август рече дека тој и неговата …

Бајден ќе добие трета доза од вакцината кога ќе биде широко достапна Read More »

Заев: Оставките се висок морален и етички чин, следуваат oдлуки за одговорност


 Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во писмено обраќање до јавноста и до претставниците на медиумите вели дека поднесените оставки по несреќата во ковид-центарот во Тетово ги разбира како висок морален и етички чин, и како демонстрација на интегритет и одговорност која е неминовна при вакви големи несреќи. Посочува дека одговорност има …

Заев: Оставките се висок морален и етички чин, следуваат oдлуки за одговорност Read More »

Мета му го даде мандатот на Рама за формирање влада


 Албанскиот претседател Илир Мета потпиша уредба со која на лидерот на владејачките социјалисти Еди Рама му го дава мандатот за формирање влада. Уредбата, која го носи вчерашниот датум, Мета ја потпишал синоќа веднаш по конституирањето на Парламентот и стапува во сила веднаш, јави дописничката на МИА од Тирана. Со доделувањето на мандатот за премиер од …

Мета му го даде мандатот на Рама за формирање влада Read More »

Запленети 1,5 тони кокаин кај Плимут, уапсени шест лица


Шест мажи, меѓу кои и еден Британец, се уапсени во близина на Плимут, по заплена на 1,5 тони кокаин вреден 120 милиони фунти (140 милиони евра). Британската државна агенција за борба против криминалот (НЦА) соопшти дека во соработка со австралиската федерална полиција и локалните погранични сили, уапсиле Британец и петмина државјани на Никарагва со јахта …

Запленети 1,5 тони кокаин кај Плимут, уапсени шест лица Read More »

Вештачки засладените сокови ги удвојуваат шансите за мозочен удар


Американското здружение за срце (АХА) наведува дека повеќе од три четвртини од пациентите кои доживеале мозочен удар еднаш, имаат висок крвен притисок. Тоа, како податок од истражувањето од Медицинскиот факултет при Универзитетот во Бостон, кое ги проучува долгорочните влијанија на вештачки засладените пијалаци. Трудот е објавен во списанието „Строук“ (Мозочен удар). „Нашиот труд е прв …

Вештачки засладените сокови ги удвојуваат шансите за мозочен удар Read More »

Директорите на сите ЈЗУ со писмо до Заев: Не ја прифаќаме оставката на Филипче


Директорите на Јавните здравствени установи во земјава испратија писмо до премиерот Зоран Заев во кое наведуваат дека не ја прифаќаат понудената оставка на министерот за здравство д-р Венко Филипче и посочуваат дека му даваат безрезервна поддршка да продолжи да ги води. -Почитуван премиер, во екот на четвртиот бран од пандемијата со корона вирусот, кога бројките …

Директорите на сите ЈЗУ со писмо до Заев: Не ја прифаќаме оставката на Филипче Read More »

Експлозија на гас во Русија, тројца загинати, шестмина повредени


 Три лица загинаа, а шестмина се повредени во експлозија на гас што се случи денеска во станбена зграда во рускиот град Јелец, соопшти службата за итна помош. Во експлозијата се уништени осум од 16 станови, а според првичните податоци 23 лица се евакуирани. Според извештајот на руското Министерство за вонредни ситуации, експлозијата била пријавена во …

Експлозија на гас во Русија, тројца загинати, шестмина повредени Read More »

Претседателските и предвремените парламентарни избори во Бугарија на 14 ноември


Претседателот на Бугарија Румен Радев најави дека ќе го распушти 46. Народно собрание што е можно поскоро во согласност со процедурата и Уставот. Како што јави дописникот на МИА од Софија, претседателските и предвремените парламентарни избори во Бугарија ќе се одржат на 14 ноември. Според Радев, изборите во формат „2 во 1“ ќе заштедат државни …

Претседателските и предвремените парламентарни избори во Бугарија на 14 ноември Read More »

Пристапот до финансии останува еден од најголемите проблеми за малите и средните претпријатија


Исплатата на првата транша од средствата на новата кредитна линија на Европската инвестициска банка (ЕИБ) се очекува во следните недели. Средствата ќе бидат наменети за малите и средните претпријатија под поволни услови, со ниски каматни стапки и продолжени рокови на доспевање, открива во интервју за МИА потпретседателката на ЕИБ, Лилјана Павлова. Во интервјуто што ќе …

Пристапот до финансии останува еден од најголемите проблеми за малите и средните претпријатија Read More »

Џонсон: Нападите на 11 септември не успеаја да ги разделат нашите народи


Нападите на Ал Каеда врз САД на 11 септември 2001 година не успеаја да ги поделат оние кои веруваат во слобода и демократија, рече британскиот премиер Борис Џoнсон во видео порака по повод 20 – годишнината од нападот. „Иако терористите наметнаа товар на тага и страдање, а заканата продолжува и денес, сега по 20 години …

Џонсон: Нападите на 11 септември не успеаја да ги разделат нашите народи Read More »

Повеќе од 13.000 активни случаи со Ковид-19 – 43 отсто се во Скопје


Бројот на активни случаи во земјава изнесува 13.166 од кои најголем број 5731 се во Скопје. Во Тетово има 1192 активни случаи, во Куманово – 859, Гостивар – 726, Струга – 618, Охрид – 554, Струмица – 543, Кичево – 494, Прилеп – 269, Битола – 266… Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно …

Повеќе од 13.000 активни случаи со Ковид-19 – 43 отсто се во Скопје Read More »

Горат 50 хектари шума над Велес


Повеќе од 20 часа беснее големиот шумски пожар над железничката станица „Рајко Жинзифов” во близина на Велес, што вчера во 13.10 часот беше пријвен во Територијалната противпожарна единица во градот од каде со осум пожарникари со две возила веднаш се вклучија во неговото гаснење. Пожарникарите на терен беа синоќа до 22 часот. Утрово во неговото …

Горат 50 хектари шума над Велес Read More »

Пеле на интензивна по операцијата на туморот


  Легендарниот бразилски фудбалер Пеле и понатаму е на интензивна нега во болница во Сао Паоло каде закрепнува од операцијата на тумор на дебелото црево. Болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло доцна синоќа соопшти дека 80-годишниот Едсон Арантес до Насименто Пеле заздравува на задоволителен начин, иако уште е на интезивна нега. Болницата во понеделникот соопшти …

Пеле на интензивна по операцијата на туморот Read More »

Марш во Тетово во чест на настраданите во пожарот


Навивачката група „Балисти“ за денеска најави марш во чест на жртвите од пожарот во ковид центарот  во Тетово. Маршот, како што е најавено на социјалните мрежи,  ќе биде мирен и ќе започне од плоштадот „Илирија“ во 13.30 часот и ќе заврши пред болницата во Тетово. Маршот требаше да се одржи вчера, но поради погребот на …

Марш во Тетово во чест на настраданите во пожарот Read More »

Приведен 27-годишен скопјанец кој имал пиштол без дозвола


 На подрачје на Бит Пазар вчера во 17:20 часот од полициски службеници од СВР Скопје е лишен од слобода Б.А.(27) од Скопје. Откако сопреле патничко моторно возило „ауди А7“ со скопски регистарски ознаки, пријавениот излегол од возилото и се дал во бегство, но бил фатен и при преглед кај него е пронајден пиштол „ЦЗ 9мм“, …

Приведен 27-годишен скопјанец кој имал пиштол без дозвола Read More »

(Видео) Торнадо пустошеше на италијански остров, двајца загинаа


  Две лица загинаа во налет на торнадо на малиот италијански остров Пантелерија во Медитеранот, а неколку се повредени и причинета е материјална штета. Торнадото го погоди остовор јужно од Сицилија, околу 19 часот во петок вечерта. „Поради големо невреме дојде до свиткување на столбови, оштетени се покриви, а паднати се стебла од дрвја“, велат …

(Видео) Торнадо пустошеше на италијански остров, двајца загинаа Read More »