Австрија ги стави сите земји од Западен Балкан на „црвена листа“


Министерството за здравство на Австрија, изработи нова уредба околу епидемиолошките мерки, во кои сите земји од Западен Балкан меѓу кои и Македонија, се ставени на „црвена листа“.

Покрај земјите од Западен Балкан, на листата се најдоа и други земји како САД, Ерменија, Азербејџан, Брунеи, Израел, Јапонија и Тајланд. Од тие земји од сега е можно да се влезе во Австрија само со потврда за целосна имунизација.

На зелената листа ставен е единствено Уругвај, кој до скоро беше земја во кој се шири новиот сој.

Уредбата има уште една новина. А тоа е продолжување на рокот на вакцинација од девет на 12 месеци. Досега важеше правилото лицето да се третира како вакцинирано девет месеци од приемот на другата доза, а од сега тој рок се продолжува на 360 дена.