Тимот WebPillar & Data Consulting – победник на четиридневниот хакатон за отворени податоци
Второто издание на онлајн хакатонот за отворени податоци за студенти и стартапи го доби својот победник. Тимот WebPillar & Data Consulting го понуди најкреативното софтверско решение во рамките на хакатонот којшто од 30 ноември до 3 декември го организираше Фондацијата за интернет и општество – Метаморфозис во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество. …