Скендер Реџепи се повлекува од координатор на пратеничката група Алтернатива/Алијанса за Албанците


Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи денеска на својот фејсбук-профил објави дека се повлекува од координатор на пратеничката група на Алтернатива/ Алијанса за Албанците, и за тоа утре ќе го извести претседателот на Собранието Талат Џафери.

-Врз основа на новите политички случувања и одлуката на Централното собрание на Алтернатива дека ние како политички субјект се приклучуваме кон извршната власт и парламентарното мнозинство, утре и официјално ќе го информирам претседателот на Собранието на Северна Македонија, дека се повлекувам од  функцијата координатор на пратеничката група Алтернатива/ Алијанса за Албанците, напиша Реџепи.

Дејствувањето на пратениците на Алтернатива, вели тој, ќе се решава согласно новиот договор за парламентарно мнозинство.

-П.С. Почит до сите пратеници на Коалицијата и ви благодарам за досегашната соработка и добрите меѓучовечки односи, напиша пратеникот Скендер Реџепи.