(Во живо) Прв состанок на мрежата на компании за железничка инфраструктура од Западен Балкан


Во организација на Секретаријатот на транспортната заедница денеска ќе се одржи првиот состанок на мрежата на компании за железничка инфраструктура од Западен Балкан. На состанокот ќе учествуваат директори на јавни претпријатија за железничка инфраструктура од регионот. Ообраќање ќе има министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.  

Нови услови за влез во Грција


  Грција ги ажурираше протоколите за влез во земјата. Според новите правила, влезот во Грција за потполно вакцинирани луѓе е овозможен без поседување негативен тест пред патувањето. Ова може да биде навремена одлука пред претстојните празници и одморите. Управата за воздухопловство на Грција ја објави ажурираната директива која дозволува исклучок од тестирање. Исто така, потврдите …

Нови услови за влез во Грција Read More »

Протести во Турција поради високите цени на струјата и на гасот


Главната турска опозициска партија денеска ги поддржа демонстрациите кои се организирани ширум земјата поради зголемувањето на цената на енергијата за повеќе од 50 отсто од почетокот на годината. Инфлацијата во Турција во јануари изнесуваше 48,69 отсто, најмногу во речиси 20 години, откако на почетокот на годината поскапеа струјата, гасот и патарините. Üsküdar’dan saray sosyetesine sesleniyoruz; …

Протести во Турција поради високите цени на струјата и на гасот Read More »

Радев го свикува бугарскиот Совет за национална безбедност поради Русија и состојбата во армијата


Бугарскиот претседател Румен Радев за идната недела свика состанок на Консултативниот совет за национална безбедност поради закани за нацоналната безбедност и состојбата на армијата, објави „24 Часа“. Парламентарните партии веќе добиле покани од него како и во Владата. Седницата е закажана за во вторник 15 февруари на која ќе има и посебен извештај на началникот …

Радев го свикува бугарскиот Совет за национална безбедност поради Русија и состојбата во армијата Read More »

Рекорден број новозаразени во Русија


  Во Русија денеска регистриран е рекорден број нови случаи со корона вирус, откако беа потврдени 183.103 позитивни на Ковид-19. Во последните 24 часа починаа 669 ковид пациенти, со што вкупниот број жртви од корона вирусот се искачи на 337.390. Од почетокот на пандемијата во Русија од оваа болест забоела повеќе од 13 милиони граѓани.

Во Австрија 74,1 отсто од младите веруваат дека пандемијата им ја „украла“ младоста


Дури 74,1 отсто од младите во Австрија, веруваат дека пандемијата им ја „украла“ младоста. Со досада, стрес и преоптоварување се соочува оваа група луѓе за време на пандемијата на корона вирусот, покажуваат анкетите на јавното мислење. Нивното расположение е лошо две години од почетокот на пандемијата. Младите Австријци се загрижени затоа што мислат дека се …

Во Австрија 74,1 отсто од младите веруваат дека пандемијата им ја „украла“ младоста Read More »

Луѓето со недостиг од витамин Д имаат посериозна ковид-слика


Израелски научници дојдоа до сознание дека има значителни разлики во шансите за развој на сериозни последици од Ковид-19, споредувајќи ги пациентите кои имале доволно витамин Д пред да се заразат, со оние кои имале недостаток од витаминот кога биле заразени. Научен труд, објавен во списанието „Плос уан“ (PLOS One), покажа дека половина од луѓето кои …

Луѓето со недостиг од витамин Д имаат посериозна ковид-слика Read More »

На Блаце запленети пет килограми златен накит во вредност од 156 000 евра


На граничниот премин Блаце вчера во патничко моторно возило пријавено за излез од државата мобилните тимови од Одделението за оперативни работи при Царинска управа, спречиле обид за криумчарење на пет килограми златен накит. – На 8 февруари 2022 година, на излез од државата, на граничниот премин Блаце, во попладневните часови за царинска контрола се пријавило …

На Блаце запленети пет килограми златен накит во вредност од 156 000 евра Read More »

Во две големи акции МВР вчера заплени заплени 1,6 тона дрога во вредност од 3,2 милиони евра


 Запленета е еден тон и 600 килограми наркотична дрога во вредност од три милиони и 200 илјади евра, во текот на вчерашниот ден во две големи акции на МВР за сузбивање на шверц со дрога, на две различни локации во државата, на подрачјата на СВР Струмица и на СВР Битола – ОВР Ресен. Како што …

Во две големи акции МВР вчера заплени заплени 1,6 тона дрога во вредност од 3,2 милиони евра Read More »

Со зголемувањето на минималната плата се подобрува квалитетот на живеење во земјата


Вработените во „Текстил Солушн“, но и самата компанија во пракса ќе ги искусат придобивките од постигнатиот договор за зголемување на минималната плата на ниво од 18.000 денари со коe 80 000 работници во земјава, меѓу кои и вработените во оваа фабрика ќе имаат придобивки кои ќе значат подобрување на нивниот животен стандард, порача премиерот Димитар …

Со зголемувањето на минималната плата се подобрува квалитетот на живеење во земјата Read More »

Платите скалесто да се зголемат или УПОЗ ќе стапи во штрајк


Со зголемување на минималната плата и немањето слух на Владата скалесто да се покачат и останатите плати ќе се оствари тоа што Синдикатот на УПОЗ го прогнозираше, а тоа е крах на системот на плати во администрацијата и правосудството, изјави денеска претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), …

Платите скалесто да се зголемат или УПОЗ ќе стапи во штрајк Read More »

Белгија: Масовен штрајк во образовниот сектор најавен за утре


 Сите франкофонски училишта во Белгија најавија масовен штрајк за утре, како поради владините мерки против пандемијата така и поради целокупната состојба во образованието, јавува дописничката на МИА од Брисел. Образовниот систем во Белгија е поделен по јазична основа, утре сите франкофонски училишта најавија протест пред министерството и целосен штрајк, на професорите административниот и техничкиот персонал, …

Белгија: Масовен штрајк во образовниот сектор најавен за утре Read More »

АНБ наследило околу 20 илјади барања за државјанство од УБК, сега одговара на над 1000 месечно


Премиерот Димитар Ковачевски уверува дека Агенцијата за национална безбедност (АНБ) работи со многу побрзо темпо како на новите барања за државјанство, така и на одговарање на старите барања за државјанство, околу 20 илјади наследени од поранешната УБК. Ковачевски денеска потенцира дека ќе го информира и директорот на АНБ да го забрза тој процес, бидејќи, како …

АНБ наследило околу 20 илјади барања за државјанство од УБК, сега одговара на над 1000 месечно Read More »

Гинеколог злоставувал повеќе од 200 жени, УКЛА плаќа отштета од 244 милиони долари


Универзитетот Калифорнија (UCLA) се согласи да плати отштета од речиси 244 милиони долари за околу 200 жени кои го обвинуваат поранешниот гинеколог Џејмс Хепс во кампусот за сексуален напад. Во спогодбата, се опфатени 203 жени кои изјавиле дека д-р Џејмс Хепс ги допирал, симулирал сексуален однос со ултразвучна сонда или давал несоодветни коментари за време …

Гинеколог злоставувал повеќе од 200 жени, УКЛА плаќа отштета од 244 милиони долари Read More »

Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ беше против Законот за минимална плата, станаа „за“ кога постигнавме договор


Премиерот Димитар Ковачевски  вели дека ВМРО-ДПМНЕ биле против Законот за минималната плата, а станале „за“ кога социјалните партнери постигнаа договор. На опозициската партија која најави амандманска интервенција на законот за усогласување на платите со минималната Ковачевски денеска и порача првин да одговори дали биле „за“ минимална плата и дали го блокирале цела година во Собранието …

Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ беше против Законот за минимална плата, станаа „за“ кога постигнавме договор Read More »

Опозицијата смета дека наставник и возач на автобус треба да земаат многу повисока плата


Опозициската ВМРО-ДМПНЕ смета дека зголемување на минималната плата на 18.000 денари ќе внесе неправичност со малку повисоките плати во некои дејности, кои пак се многу поодговорни. „Растот на минималната плата без соодветен раст на останатите плати нема да постигне ефект на праведност. Имено со растот на 18 илјади денари минималната плата безмалку ќе се изедначи …

Опозицијата смета дека наставник и возач на автобус треба да земаат многу повисока плата Read More »

Многу Македонци се пријавиле за работа во Хрватска


  Најмногу заинтересирани за сезонска работа во Хрватска има од Македонија, Босна и Херцеговина и од Србија. Имено, онлајн саем за сезонска работа Sezonac.hr, се одржа од 26 јануари до 4 февруари во организација на порталот MojPosao. Оваа година учествувале 39 работодавачи – трговски синџири, хотелски кучи и угостителски објекти – што претставува раст во …

Многу Македонци се пријавиле за работа во Хрватска Read More »

Загадувањето на воздухот може да ги влоши симптомите при Ковид‐19


Истражувањата спроведени од почетокот на пандемијата покажуваат дека населението изложено на загаден воздух е помалку отпорно на Ковид‐19 и дека загадувањето на воздухот може да ги влоши симптомите од вирусот – ова го констатира Европскиот фонд за Балканот при спроведувањето на кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“ заедно со партнерите од регионот. Еден од главните …

Загадувањето на воздухот може да ги влоши симптомите при Ковид‐19 Read More »

ЗОИ: Норвежанецот Руд го освои златниот медал во „Биг ер“


Норвежанецот Бирк Руд го освои златниот медал во скијање слободен стил „Биг ер“ со резултат 187,75. Второто место и сребрениот медал му припадна на Американецот Колби Стивенсон со 183 поени. Швеѓанецот Оливер Магнусон со резултат 178.25 заврши на третата позиција. По денешниот златен медал, Норвешка се изедначи со Шведска на врвот на листата медалисти со …

ЗОИ: Норвежанецот Руд го освои златниот медал во „Биг ер“ Read More »