Пронајдени и одземени бесправно исечени огревни дрва, кривични пријави против инволвираните


Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица презеле засилени мерки за откривање и санкционирање лица кои вршат бесправна сеча и превоз на огревни дрва, при што на планината Беласица биле запрени товарно возило „застава“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Ф.М. (29) од село Банско, натоварено со бесправно исечени огревни дрва и моторно возило …

Пронајдени и одземени бесправно исечени огревни дрва, кривични пријави против инволвираните Read More »

Кина одобри лек против Ковид-19


Кина го одобри лекот за третман на заболените од Ковид-19, соопшти денеска Кинеската агенција за лекови. За разлика од превентивната вакцина, третманот со лекот е наменет за избегнување на компликациите кај инфицираните. Кинеската агенција за лекови јави дека дава „итно одобрение“ за кинескиот третман против Ковид-19. Лекот се заснова на моноклонални антитела кои се врзуваат …

Кина одобри лек против Ковид-19 Read More »

Спасовски: Борбата со корупцијата е најсилната алатка за самоодбрана на една држава


Денеска, одбележувајќи го Меѓународниот ден за борба против корупцијата, со донесен План за борба против корупција, кој обилува со мерки кои како институции веќе ги имплементираме, со Кабинет на Заменик на претседателот на Владата за борба против корупцијата, како главна точка на поврзување на сите антикорупциски институции, со право можеме да кажеме дека – ставајќи …

Спасовски: Борбата со корупцијата е најсилната алатка за самоодбрана на една држава Read More »

Кулеба: Доколку дојде до војна, ќе има многу мртви руски војници


Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба денеска изјави дека многу руски војници ќе загинат доколку Русија изврши инвазија на неговата земја. -САД и нивните сојузници можат економски да ја нападнат Русија. Ние ќе се бориме на земја. Жал ми е што го кажувам ова, но ќе има многу убиени руски војници. Се надеваме дека претседателот …

Кулеба: Доколку дојде до војна, ќе има многу мртви руски војници Read More »

Грција ја намалува од шест на три месеци важноста на потврдата за прележан Ковид-19


По препорака на надлежната комисија на епидемиолози во Министерството за здравство на Грција, важноста на потврдата за прележан Ковид-19 во земјата, се намалува од 180 на 90 дена, јави дописничката на МИА од Атина. Конкретниот амандман веќе е доставен во грчкиот Парламент и предвидува потврдата да важи само доколку лицата прележале Ковид-19 во изминатите три …

Грција ја намалува од шест на три месеци важноста на потврдата за прележан Ковид-19 Read More »

Новата кула на Саграда фамилија блесна со украсна ѕвезда


Со поставување сјајна ѕвезда, вчера беше откриена нова кула висока 138 метри на базиликата Саграда фамилија – најпознатата зграда во Барселона, која е изградена во 19 век од каталонскиот архитект Антонио Гауди. Неколку илјади луѓе, и покрај студеното и ветровито време, гледаа како кранот ја поставува ѕвездата од 5,5 тони на кулата посветена на Богородица. …

Новата кула на Саграда фамилија блесна со украсна ѕвезда Read More »

Главниот обвинител Јовески ќе учествува на конференција во Бугарија


Главниот обвинител Љубомир Јовески денеска во Софија ќе учествува на меѓународна конференција на тема „Судска реформа. Специјализирано обвинителство“. Како што јави дописникот на МИА од Софија, на форумот ќе се обратат Адриан Лазара, претседател на Комисијата за правни прашања на Европскиот парламент, Ладислав Хамран претседател на Евроџаст, главниот обвинител на Шпанија Долорес Делгадо, заменик-главниот обвинител …

Главниот обвинител Јовески ќе учествува на конференција во Бугарија Read More »

(Фото) „Пежо” пропадна во езерцето во Градски парк


Утрово на Фејсбук страницата „Ние сме од Скопје“ беа објавени фотографии од автомобил „Пежо 206“ којшто пропаднал во езерцето во Градскиот парк во Скопје. – Го чува ли некој паркот навечер?, стои во описот на фотографиите. „Пријавено е дека пежо 206 со скопски регистерски таблички паднало во каналот во Градски парк, кај мостот. До сега …

(Фото) „Пежо” пропадна во езерцето во Градски парк Read More »

Итна средба во бугарскиот Парламент откако една од партите одби да го потпише коалицискиот договор


Една од партиите се спротивстави на коалицискиот договор, поради што неопходно беше одржување итен состанок во зградата на Народното собрание на Бугарија, за БТВ соопшти поранешната претседателка на 45. и 46. Собрание Ива Митева од партијата „Има таков народ“. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Митева тие внимателно го прочитале договорот и …

Итна средба во бугарскиот Парламент откако една од партите одби да го потпише коалицискиот договор Read More »

Бајден: Воопшто не се размислува за испраќање американска војска во Украина


 Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека го предупредил рускиот претседател Владимир Путин дека Москва ќе се соочи со тешки економски последици доколку се обиде да ја нападне Украина, но вети дека набрзо ќе има средба меѓу Русија и сојузниците од НАТО за да се реши загриженоста на Кремљ за проширувањето на НАТО. Бајден вели дека …

Бајден: Воопшто не се размислува за испраќање американска војска во Украина Read More »

Во СКСМ почнуваат првите шестмесечни обуки за бизнис лидери и за развој на мали и средни бизниси


Од денеска во Стопанската комора на Северна Македонија почнуваат првите шестмесечни обуки за бизнис лидери и за развој на мали и средни бизниси. Обуките се активност на Советот за унапредување на високото образование и стратешки истражувања, кој е еден од неодамна формираните совети во рамки на Комората. – Првиот модул од овие две програми започнува на …

Во СКСМ почнуваат првите шестмесечни обуки за бизнис лидери и за развој на мали и средни бизниси Read More »

Фирма на косовски Србин, регистрирана во Бугарија, е меѓу санкционираните по законот „Магнитски”


Фирма на косовски Србин, регистрирана во Бугарија, е меѓу компаниите санкционирани од САД во рамките на новите активности согласно глобалниот закон „Магнитски“, се наведува во соопштението на американското Министерството за финансии. Како што јави дописникот на МИА од Софија, санкциите се насочени против криминална група активна на северот на Косово, а предводена од браќата Звонко …

Фирма на косовски Србин, регистрирана во Бугарија, е меѓу санкционираните по законот „Магнитски” Read More »

Јужна Африка регистрира најмногу заразени од појавата на омикрон


Јужна Африка денеска регистрира речиси 20.000 нови случаи, што е рекордна бројка од почетокот на бранот на варијантата омикрон од крајот на ноември. Јужноафриканскиот национален институт за заразни болести (НИЦД) на својата Интернет страница соопшти дека денеска се регистрирани 19.842 нови случаи на Ковид, така што вкупниот број на заразени е 3.071.064 од почетокот на пандемијата. Во …

Јужна Африка регистрира најмногу заразени од појавата на омикрон Read More »

Песочна бура и обилни дождови го зафатија Израел


 Силна песочна бура, придружена со силен ветер и поројни дождови го зафатија Израел, а на планината Керсон почна да паѓа снег, јави радиото Кан. Денеска низ земјата е регистрирано екстремно високо ниво на загаденост на воздухот со честички прашина. Во Ерусалим 70-годишна жена е повредена од гранка која се скршила од силниот ветер. Силни ветрови дуваат по …

Песочна бура и обилни дождови го зафатија Израел Read More »

ММФ: Зелената транзиција ќе поттикне невидена побарувачка на метали


Преминот на обновливи извори на енергија може во идните децении да бара дури три милијарди тони метали како кобалт и литиум, а производителите тешко ќе ја следат големата побарувачка, предупреди во средата Меѓународниот монетарен фонд. Замената на фосилните горива со нискојаглеродни технологии ќе бара осум пати поголеми вложувања во обновлива енергија и ќе предизвикаат силен …

ММФ: Зелената транзиција ќе поттикне невидена побарувачка на метали Read More »

У 17: Македонските фудбалски надежи ги дознаа противниците во евроквалификациите


Македонската фудбалска репрезентација до 17 години новиот квалификациски циклус за пласман на Европското првенство во 2023 година ќе ги почне во група со Франција, Исланд и Луксембург, одлучи денешната жрепка во седиштето на УЕФА во Нион. Термини за одигрување на квалификациските турнири се идната пролет и есен, а пласман во елитната рунда ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации во 13-те …

У 17: Македонските фудбалски надежи ги дознаа противниците во евроквалификациите Read More »

СЗО: Во Европа пад на бројот на заболени од Ковид


Европа бележи пад на бројот на болни и новозаразени со коронавирусот, соопшти денеска Светската здравствена организација за европскиот регион. Здравствената агенција на Обединетите нации соопшти и дека податоците на Европскиот центар за контрола и превенција на болести покажале дека во 18 земји од Европската унија се регистрирани 212 случаи на Омикрон, и тоа претежно благи и асимптоматски …

СЗО: Во Европа пад на бројот на заболени од Ковид Read More »

Ќе се прави проект за жичарница Тетово-Попова Шапка


Инвестиции за вештачки снег, но и за целосна продажба, партнерство и други видови на соработка се уште се разгледуваат од државните институции за тоа дали Попова Шапка ќе се раководи и од приватни странски компании. Според министерот за економија Крешник Бектешти за ски-центарот освен за јавно приватно партнерство, како и за целосна приватизација има и друг вид понуди. …

Ќе се прави проект за жичарница Тетово-Попова Шапка Read More »

Нови 419 заболени од Ковид-19, починаа вкупно 14 пациенти


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 3.285 тестирања, а регистрирани се 419 нови случаи со Ковид-19, осум починати и 211 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. Од 419 новозаболени во Скопје се 188, Прилеп и Кавадарци – по 35, Охрид – 28, Битола – 27, Струмица – 18, …

Нови 419 заболени од Ковид-19, починаа вкупно 14 пациенти Read More »

Берлин: Ја убил сопругата, трите деца и себеси поради лажна потврда за вакцинација


Маж во Сенциг, место во близина на Берлин, Германија, ја убил својата сопруга и трите мали деца, а потоа и себеси, затоа што лажирал потврда за вакцинација и се плашел дека децата ќе му бидат одземени кога ќе биде откриена измамата што ја направил, појаснија германските обвинители. Потсртуваме, дека во саботата полицијата во семејна куќа …

Берлин: Ја убил сопругата, трите деца и себеси поради лажна потврда за вакцинација Read More »