(Фото) „Пежо” пропадна во езерцето во Градски парк


Утрово на Фејсбук страницата „Ние сме од Скопје“ беа објавени фотографии од автомобил „Пежо 206“ којшто пропаднал во езерцето во Градскиот парк во Скопје.

– Го чува ли некој паркот навечер?, стои во описот на фотографиите.

„Пријавено е дека пежо 206 со скопски регистерски таблички паднало во каналот во Градски парк, кај мостот. До сега нема пријава за повредено лице. Упатени полициски службеници на лице место“, велат од МВР.