(Видео) Протест во Скопје за поддршка на Украина


Здружението на Украинците во земјава „Лесја Украинка“ денеска организира протестен марш против „војната и безграничната суровост од страната на Русија кон Украина“. Здружението ги повика сите граѓани да се приклучат на протестот и да го изразат својот револт. Маршот почна кај споменикот „Воинот на коњ“ на Плоштадот Македонија во 14 часот. Претседателот на здружението на …

(Видео) Протест во Скопје за поддршка на Украина Read More »

Чистење на пешачките патеки на градските улици и булевари


Eкипите на зимската служба паралелно со чистењето на градските сообраќајници ги чистеа и пешачките патеки за да овозможат полесно движење на граѓаните.  Почнувајќи од изминатата ноќ околу 1 часот  по полноќ започна плужењето на тротоарите на булеварите во централното градско подрачје на булеварите „Кочо Рацин“, „Партизански одреди“, „Илинден“, кон Битпазар и Чаир, која акција продолжува …

Чистење на пешачките патеки на градските улици и булевари Read More »

Папа Франциск: Конфликтот во Украина не е специјална воена операција, туку војна


Папата Франциск денеска ги отфрли тврдењата на Русија дека спроведува „специјална воена операција“ во Украина, изјавувајќи дека земјата е погодена од војна. -Во Украина течат реки од крв и солзи. Ова не е само воена операција, туку војна која води до смрт, уништување и беда, рече папата во своето неделно обраќање пред насобраните верници на …

Папа Франциск: Конфликтот во Украина не е специјална воена операција, туку војна Read More »

Штипјанец во „јагуар“ чувал кокаин


Службеници од СВР Штип ноќеска во 01.30 часот во Штип го лишиле од слобода 32-годишниот штипјанец Н.Н., затоа што кај него и во патничко моторно возило „јагуар“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, е пронајден кокаин. Како што информира МВР, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок

Бектеши: Се применуваат законските измени за недела – неработен ден


Министерот за економија Крешник Бектеши денеска беше во посета на трговскиот центар „Ист гејт мол“, при што констатираше дека во објектите кои со новите измени имаат дозвола да работат во недела, се применуваат новите новите законски одредби. При разговор со вработените бил информиран дека им се исплаќаат поголеми дневници за работа во недела, согласно новите …

Бектеши: Се применуваат законските измени за недела – неработен ден Read More »

САД ќе испорачаат ловци Ф-16 во Полска, доколку Варшава испрати советски борбени авиони во Украина


САД размислуваат да испратат авиони во Полска доколку Варшава одлучи да испрати борбени авиони во Украина, изјави денеска американскиот државен секретар Антони Блинкен за време на посетата на Молдавија. -Сега активно го разгледуваме прашањето за авиони што Полска би можела да ги испорача на Украина и гледаме како би можеле да ги компензираме доколку Полска …

САД ќе испорачаат ловци Ф-16 во Полска, доколку Варшава испрати советски борбени авиони во Украина Read More »

Скопјанец загина при сообраќајна незгода во Ѓорче Петров


Педесет и петгодишен маж загина, а 28-годишна жена е повредена вчера, кога автомобилот со кој патувале излетал од коловозот на улица „Ѓорче Петров“ во Скопје, информира МВР. Како што се наведува во полициското соопштение, несреќата се случила вчера околу 15.30 часот, кога патничко моторно возило „Пежо 206“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 55-годишниот скопјанец …

Скопјанец загина при сообраќајна незгода во Ѓорче Петров Read More »

Најмладите струмичани продефилираа маскирани на Детскиот карневал


Околу илјада деца денеска продефилираа со своите маски на Детскиот карневал, што се одржува по повод празникот Прочка во рамки на карневалските празнувања во Струмица. На плоштадот во Струмица децата заедно со своите родители и наставници ги покажаа своите карневалски кореографии преку кои со песна и музика повикаа на мир, љубов, разбирање и весело детство. …

Најмладите струмичани продефилираа маскирани на Детскиот карневал Read More »

Зеленски предупредува дека Русија се подготвува да ја бомбардира Одеса


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска, во телевизиско обраќање до нацијата, изјави дека руските сили се подготвуваат да го бомбардираат градот Одеса, на украинскиот брег на Црното Море. -Ракети против Одеса? Тоа ќе биде воено злосторство, рече тој во обраќањето. Зеленски вчера во видео порака кажа дека руската армија не ги постигна своите цели, а во …

Зеленски предупредува дека Русија се подготвува да ја бомбардира Одеса Read More »

Со расфрлани 30 тони сол и три возила се расчистува снегот во Општина Центар


По обилните врнежи на снег кои го зафатија Скопје изминатото деноноќие, зимската служба на Општина Центар е на терен и го расчистува снегот од улиците кои се под надлежност на општината. Со 3 возила, меѓу кои и соларка, се расчистуваа сите критични сообраќајни точки во општината, особено во Мало Курило и подножјето на планината Водно. …

Со расфрлани 30 тони сол и три возила се расчистува снегот во Општина Центар Read More »

Тедрос: Нападнати неколку украински здравствени центри


Светската здравствена организација потврди „неколку“ напади врз здравствени центри во Украина и истражува други, изјави денеска првиот човек на организацијата Тедрос Аданом Гебрејесус, пренесен од британските медиуми.   Нападите, додаде тој на Твитер, предизвикаа повеќе смртни случаи и повредени.   „Нападите врз здравствените установи или работници ја нарушуваат медицинската неутралност и се кршење на меѓународното …

Тедрос: Нападнати неколку украински здравствени центри Read More »

Првите 300 лица го напуштија Мариупол по хуманитарниот коридор, тврдат проруските сепаратисти


Проруските сепаратисти соопштија дека првите 300 лица го напуштиле опколениот град Мариупол, во југоисточна Украина, за време на новиот обид за прекин на огнот, јави ДПА. Меѓутоа, овие информации не може да се проверат од независен извор, а украинските власти се уште не даваат никакви бројки, додаде германската агенција. Украинската и руската армија се договорија …

Првите 300 лица го напуштија Мариупол по хуманитарниот коридор, тврдат проруските сепаратисти Read More »

Александар Вучиќ кандидат на СНС за претседател на Србија


Кандидат на Српската напредна странка (СНС) на престојните претседателски избори во Србија. закажани за 3 април, ќе биде лидерот на партијата, Александар Вучиќ, што тој денес и го прифати на седница на претседателството на СНС, јави диописникот на МИА од Белград. -СНС донесе одлука да го кандидра Александар Вучиќ за претседател на Србија на изборите …

Александар Вучиќ кандидат на СНС за претседател на Србија Read More »

Бенет ќе помага во решавањето на кризата меѓу Украина и Русија, но шансите за успех се мали


Израелскиот премиер Нафтали Бенет денеска изјави дека ќе продолжи да се обидува да помогне во решавањето на кризата во Украина, иако, според него, шансите за успех не се големи, пренесуваат британските медиуми. Бенет денеска повторно разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски, трет пат во последните два дена, потврди портпаролот на израелскиот премиер, без да даде …

Бенет ќе помага во решавањето на кризата меѓу Украина и Русија, но шансите за успех се мали Read More »

Шпионски трилер: Убиениот украински преговарач бил двоен агент?


  Интригантната вест од саботата за убиството на еден од украинските преговарачи во првата рунда со руските претставници предизвика повеќе прашања отколку одговори. Во оптек се бројни контрадикторни информации за околностите на смртта на Денис Кирев (44)неговата смрт, а единствено што засега со сигурност може да се каже е дека Киреев повеќе не е жив. …

Шпионски трилер: Убиениот украински преговарач бил двоен агент? Read More »

Ангеловска-Бежоска: Ефектите врз домашното стопанство во голема мера ќе зависат од европската економија


Нашата економија, како мала и отворена е високо зависна од случувањата во европската економија. Засега не се очекува рецесија во Европската Унија. Европската централна банка, и покрај новонастаната ситуација со Украина, очекува годинава ЕУ да има раст, иако помал од првично очекуваниот. Сепак, ризиците се присутни и тие зависат од развојот на настаните, санкциите и …

Ангеловска-Бежоска: Ефектите врз домашното стопанство во голема мера ќе зависат од европската економија Read More »

Радио Слободна Европа прекинува со работа во Русија


Радио Слободна Европа ја прекинува својата работа во Русија, соопшти медиумот. Во соопштението потпишано од претседателот и извршен директор на РСЕ, Џејми Флај, се наведува дека рускиот сервис на Радио Слободна Европа се соочува со стечајна постапка и дека неговите новинари биле под притисок на полицијата. -Сервисот ќе продолжи да се обидува да допре до …

Радио Слободна Европа прекинува со работа во Русија Read More »

Укината забраната за сообраќај на камиони преку Стража и Пресека


Од претпладнево од 10:25 часот е укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила преку превојот Стража, а од 10:40 и преку превојот Пресека. Како што информира АМСМ, во сила останува забраната за сообраќај на тешки товарни возила и автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка, како и за камиони на патот Крак Маврово …

Укината забраната за сообраќај на камиони преку Стража и Пресека Read More »

Во Скопје регистрирани 173 сообраќајни прекршоци, 56 за брзо возење


При засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територија на Град Скопје припадници на Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден изрекоа вкупно 173 мерки. Од нив, како што информира МВР, 56 санкции биле за возење со брзина поголема од дозволената, 43 мерки за управување возила под дејство на алкохол, а 17 …

Во Скопје регистрирани 173 сообраќајни прекршоци, 56 за брзо возење Read More »

Актуелните правила за влез во Грција продолжени за уште две седмици, од 15 март се укинува PLF формуларот


Европски сертификат за вакцинација, европска потврда за прележан Ковид-19 или негативен резултат од ПЦР/рапид тест и понатаму се задолжителни за влез во Грција, правила кои важеа и во изминатиот период и се непроменети и продолжени за уште две седмици до 21 март 2022 година, а воедно се однесуваат и на туристите од Северна Македонија, јави …

Актуелните правила за влез во Грција продолжени за уште две седмици, од 15 март се укинува PLF формуларот Read More »