Зеленски предупредува дека Русија се подготвува да ја бомбардира Одеса


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска, во телевизиско обраќање до нацијата, изјави дека руските сили се подготвуваат да го бомбардираат градот Одеса, на украинскиот брег на Црното Море.

-Ракети против Одеса? Тоа ќе биде воено злосторство, рече тој во обраќањето.

Зеленски вчера во видео порака кажа дека руската армија не ги постигна своите цели, а во 10-дневните борби загинале речиси 10.000 руски војници. Меѓутоа, оваа бројка не може да се потврди од независен извор и е многу поголема од 498-те смртни случаи што Москва ги призна претходно неделава.

Зеленски ги повика своите сонародници да ги протераат руските сили од Украина.

-Мораме да излеземе! Мора да се бориме! Секогаш кога ќе се укаже прилика, додаде украинскиот лидер.