Чистење на пешачките патеки на градските улици и булевари


Eкипите на зимската служба паралелно со чистењето на градските сообраќајници ги чистеа и пешачките патеки за да овозможат полесно движење на граѓаните. 

Почнувајќи од изминатата ноќ околу 1 часот  по полноќ започна плужењето на тротоарите на булеварите во централното градско подрачје на булеварите „Кочо Рацин“, „Партизански одреди“, „Илинден“, кон Битпазар и Чаир, која акција продолжува и утрово.

Имаше и интервенција за расчистување на паднатите гранки на булеварот „Партизански одреди“ спроти поликлиниката „Букурешт“.

Состојбата будно се следи од сите пунктови и во координација со дежурните лица на терен се интервенира според потребите.