Градоначалничката Арсовска го посети првороденото бебе во Скопје во 2022 година


Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска го посети првороденото бебе во Скопје во 2022 година, кое се роди по природен пат, на само минута по полноќ на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство. За родилката Сузана Стошиќ, Михаил е четврто дете.  Арсовска ја посети и Симона Петровски, која на свет ја донесе Теодора, само една …

Градоначалничката Арсовска го посети првороденото бебе во Скопје во 2022 година Read More »

Директорите на ЕСМ и на РЕК Битола Нова година ја дочекаа со работниците


Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и директорот на РЕК Битола, Пеце Матевски новата година ја дочекаа со работниците во РЕК Битола кои за новогодишната ноќ беа на дежурство. Ковачевски и Матевски им ја честитаа новата година и на работниците кои утрово се дежурни на своите работни места во комбинатот.  Ковачевски и Матевски им …

Директорите на ЕСМ и на РЕК Битола Нова година ја дочекаа со работниците Read More »

Бугарија од денеска го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива


Бугарија од денеска го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива за период од една година, соопшти Министерството за надворешни работи на земјата на својата веб-страница. Како што јави дописникот на МИА од Софија, приоритетите на бугарското претседателство се поврзани со социо-економските последици од Ковид-19, подобрувањето на поврзаноста, младите и соработката меѓу локалните власти. За реализација на приоритетите во 2022 година ќе се одржат настани …

Бугарија од денеска го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива Read More »

Велика Британија годинава се движи кон нови извори на енергија


Нуклеарната фузија е процес што се случува секој час на Сонцето и другите ѕвезди, а британските научници планираат да ја донесат оваа огромна моќ како извор на енергија во 2022 година за еден чекор поблиску до употреба на нашата планета пишува Би-Би-Си. Британија планира и други алтернативни извори на енергија за домаќинствата и во таа смисла владата ќе им понуди субвенции …

Велика Британија годинава се движи кон нови извори на енергија Read More »

Новогодишниот концерт во Виена пред помалку публика и без австрискиот канцелар


Во Виена се одржа традиционалниот Новогодишен концерт пред многу помалку публика, а не присуствуваше ниту австрискиот канцелар Карл Нехамер. – Оваа тешка ситуација поради пандемијата бара многу од сите нас, па мислам дека моето доаѓање ќе испрати погрешен сигнал, напиша Нехамер на Фејсбук во четвртокот, додавајќи дека концертот ќе го следи на телевизија. И покрај …

Новогодишниот концерт во Виена пред помалку публика и без австрискиот канцелар Read More »

Положено цвеќе на гробот на претседателот Глигоров


Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Алејата на великаните на Градските гробишта Бутел во Скопје, положи свежо цвеќе на гробот на поранешниот претседател Киро Глигоров, по повод 10 – годишнината од неговата смрт. Киро Глигоров ќе остане запаметен како активен учесник во најважните процеси за политичко осамостојување на нашата држава. Со своите лидерски способности, умереност, мудрост и дипломатија …

Положено цвеќе на гробот на претседателот Глигоров Read More »

Спасовски: Мирна новогодишна ноќ без нарушувања на јавниот ред и мир, граѓаните одговорно прославуваа


Ова е една од најмирните новогодишни ноќи, без кривични дела и без нарушување на јавниот ред и мир, граѓаните празнуваа одговорно, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оценувајќи ја новогодишната ноќ на безбедносен план. Спасовски денеска беше во посета на полициската станица во Прилеп која е последна од 70-те реновирани. – Оваа новогодишна ноќ …

Спасовски: Мирна новогодишна ноќ без нарушувања на јавниот ред и мир, граѓаните одговорно прославуваа Read More »

Приведено лице од струшко, запленети 4.400 парчиња пиротехнички средства


На 31.12.2021 година, по претходно добиена судска наредба, извршен е претрес во домот на М.М.(47), од струшкото село Лабуништа. Како што соопшти МВР, притоа, полициските службеници од ОВР Струга, пронајдоа и одзедоа 4.400 парчиња пиротехнички средства – петарди што неовластено ги поседувал. Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска се навршуваат 20 години од воведувањето на еврото


Пред 20 години почнаа да се користат банкнотите и монетите на еврото. – Пред 20 години, луѓето во еврозоната за првпат држеа евро банкноти и монети во своите раце. Оттогаш, еврото стана дел од нашиот идентитет и култура. Тоа гради мостови меѓу Европејците, напиша денеска Европската централна банка (ЕЦБ) на својот портал. Вкупно 12 земји од ЕУ го усвоија еврото како своја …

Денеска се навршуваат 20 години од воведувањето на еврото Read More »

Наредните денови не очекува топло време со утринска магла


Во следните денови ќе се задржи стабилно и релативно топло време со појава на утринска магла по одделни котлини, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималните температури ќе се движат од минус 3 до 5 степени, додека максималните ќе бидат во интервал од 9 до 16 степени. Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала, …

Наредните денови не очекува топло време со утринска магла Read More »

Ноќеска од 23 до 4 часот 90 казни за возење под дејство на алкохол


Во текот на вчерашната вечер (31.12.2021/01.01.2022) во периодот од 23 до 4 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 90 возачи, информираат од МВР и посочија дека од нив, 38 се на територија на СВР …

Ноќеска од 23 до 4 часот 90 казни за возење под дејство на алкохол Read More »

Во светот 1.500 јазици се под закана од исчезнување


Во светот има околу 7.000 признати јазици, но многу од нив наскоро може засекогаш да исчезнат, пишува ДПА. Според една студија од Австралија, околу половина од сите јазици се загрозени, а 1.500 би можеле да исчезнат до крајот на векот. – Без интервенција, губењето на јазиците може да се зголеми тројно во рок од 40 …

Во светот 1.500 јазици се под закана од исчезнување Read More »

Филипче: Во Новата година родени три бебиња, од кои едно во Ковид-центарот


Првото бебе родено годинава е машко и е четврто во семејството на Сузана и Горан Стошиќ. Родено е во првата минута од новата година и тежи 3 килограми и 70 грама, долго 50 сантиметри, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, кој информира и за другите настани за време на новогодишната прослава. Филипче потенцираше се …

Филипче: Во Новата година родени три бебиња, од кои едно во Ковид-центарот Read More »

Роналдо: Не сум задоволен од резултатите на Манчестер


Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо не е задоволен од настапот на тимот во досегашниот дел од сезоната. – Незадоволен сум од резултатите на Манчестер јунајтед. Сите сме несреќни, сигурен сум во тоа. Знаеме дека треба да работиме повеќе, да играме подобро и да покажеме повеќе отколку што покажуваме моментално. Нека Новата година биде пресвртна …

Роналдо: Не сум задоволен од резултатите на Манчестер Read More »

Санкционирани 143 возачи во Скопје, 48 под дејство на алкохол


На територија на град Скопје полицијата вчера изрекла вкупно 143 мерки, меѓу кои за возење под дејство на алкохол 48 санкции, 19 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 20 санкции за возење без возачка дозвола, информираат од Министерството за внатрешни работи. – Изречени се 11 мерки за непрописно паркирање, четири мерки за минување на …

Санкционирани 143 возачи во Скопје, 48 под дејство на алкохол Read More »

(Во живо) Филипче во посета на ГАК во Скопје


Министерот за здравство Венко Филипче денеска ќе ја посети Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје. Како што е најавено, по посетата министерот Филипче ќе даде изјава за медиумите.

Во Америка дневно се хоспитализираат 370 деца поради Ковид


  Високозаразниот омикрон сој прати бран деца во болница со рекордни бројки, пкажаа најновите податоци на американскиот Центар за превенција и контрола на болести, а дневно во болница завршуваат 370 деца. Од 22 до 28 декември се случија најмногу хоспитализации кај лица помлади од 17 години, објави ЦДЦ, пренесе „Хил“. Податокот дека дневно во болница …

Во Америка дневно се хоспитализираат 370 деца поради Ковид Read More »

Џафери за МИА: Изборот на нова влада ќе се одржи во пленарната сала која е целосно дигитализирана


Пленарната сала на Собранието е опремена со нова технологија и е целосно дигитализирана. Тој систем ќе биде промовиран по Нова година и се надевам дека изборот на нова влада ќе се одржи во пленарната сала, а не во салата Купола, вели во интервју за МИА претседателот на Собранието Талат Џафери. -Штотуку се завршени работите во …

Џафери за МИА: Изборот на нова влада ќе се одржи во пленарната сала која е целосно дигитализирана Read More »

За новогодишната ноќ во Токсикологија примени 17 пациенти, 7 се малолетни


Во текот на новогодишната ноќ на Универзитетската Клиника за токсикологија  Скопје се регистрирани 17 алкохолни интоксикации, од кои седум кај малолетници од 14 до 17 години, информираат за МИА, од ЈЗУ Универзитетска Клиника за Токсикологија – Скопје. Како што посочија од клиниката, 10 пациенти биле машки, а седум женски лица. По амбулантскиот третман ја напушиле …

За новогодишната ноќ во Токсикологија примени 17 пациенти, 7 се малолетни Read More »

Актерката Бети Вајт не дочека 100, почина на Нова година


Холивудската актерка Бети Вајт непосредно пред својот 100-ти роденден  почина вчера во 9.30 часот. Таа е позната по нејзините незаборавни улоги во „Златните девојки“ и шоуто на Мери Тајлер Мур, и е повеќекратна добитничка на Еми награди. Бети требаше да го прослави својот 100-ти роденден на 17 јануари 2022 година. „Многу сум среќна што сум …

Актерката Бети Вајт не дочека 100, почина на Нова година Read More »