Во Мајами е уапсен премиерот на Британските Девствени Острови


 Премиерот на Британските Девствени Острови, Ендру Фахи, е уапсен во Мајами поради наводно перење пари и заговор за шверц на кокаин, се наведува во кривичната пријава на американската Управа за борба против наркотици (ДЕА). Фахи (51) е уапсен вчера на аеродромот во Мајами заедно со генералниот директор на Управата за пристаништа на оваа британска прекуморска …

Во Мајами е уапсен премиерот на Британските Девствени Острови Read More »

Научниците мислат дека конечно откриле како настанал животот


  Според една од главните теории за абиогенезата, животот на Земјата настанал од органските соединенија кои со себе ги донеле метеоритите. Во биологијата, абиогенезата е хемиска еволуција која ѝ претходела на биолошката, природен процес според кој настанал животот од неживи состојки, како што се едноставните органски соединенија. Поборниците на теоријата за метеоритите сметаат дека таа …

Научниците мислат дека конечно откриле како настанал животот Read More »

Гутереш: Нуклеарната војна е незамислива


Нуклеарната војна е незамислива, изјави генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш во Киев, зборувајќи за можна трета светска војна. Тој во четвртокот за Би-Би-Си изјави дека „мора да направат се што е можно за да го спречат тоа“. Гутереш порача дека ОН нема да се откажат и дека сакаат мир во Украина „во согласност …

Гутереш: Нуклеарната војна е незамислива Read More »

Киев: Најмалку едно лице загина, неколкумина се повредени


Најмалку едно лице загина, а неколкумина се повредени, вклучувајќи ги и оние кои останаа заробени под урнатините, откако руските сили вчера го нападнаа главниот град на Украина, соопштија спасувачките екипи. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко информираше дека областа Шевченковски во севернозападниот дел на градот, е двапати погодена. Нападите предизвикале пожар во најмалку две високи згради, …

Киев: Најмалку едно лице загина, неколкумина се повредени Read More »

Штрајкот во образованието ставен во мирување, од денес децата в училиште


Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) го стави штрајкот во мирување откако доби известување од Министерството за труд и социјална политика дека Министерството за образование и наука пристапува кон мирно решавање на спорот. Од денес, учениците треба да се вратат на настава, но дел од членството на СОНК незадоволно од најновата одлука на синдикатот …

Штрајкот во образованието ставен во мирување, од денес децата в училиште Read More »

Драгица Исаиловска- Митровска е медијаторот меѓу МОН и СОНК, наставниците да се вратат на работа


Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска вечерва објави дека е избран медијаторот за спорот меѓу Министерството за образование и наука и Синдикатот за образование, наука и култура. Според Тренчевска, наставниците од утре треба да се вратат на работа бидејќи штрајкот е ставен во мирување, а доколку тоа не го сторат, тогаш ќе се …

Драгица Исаиловска- Митровска е медијаторот меѓу МОН и СОНК, наставниците да се вратат на работа Read More »

Експлозии во Киев по состанокот на Зеленски со Гутереш


Најмалку две експлозии беа регистрирани вечерва во главниот град на Украина, Киев, веднаш по средбата меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Експлозиите се случија по прес-конференцијата за време на која Гутереш ги осуди злосторствата извршени во градовите како Буча, каде што беа пронајдени докази за убиства на цивили по …

Експлозии во Киев по состанокот на Зеленски со Гутереш Read More »

Шаќири: Како социјални партнери не треба да застануваме само на минималната плата


Во процесот на разговори со Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), министерот за образование и наука Јетон Шаќири вели дека имале една цел, а тоа се подобри услови за наставниците. Како социјални партнери, вели Шаќири, не треба да застанеме само на минималната плата, туку да се разгледаат и други начини за мотивација и подобрување …

Шаќири: Како социјални партнери не треба да застануваме само на минималната плата Read More »

Членови на СОНК бараат Неделков да објасни зошто штрајкот е ставен во мирување


Незадоволни членови од Синдикатот за образование наука и култура попладнево пред седиштето на синдикатот бараат претседателот на СОНК Јаким Неделков да се обрати и да објасни зошто штрајкот е ставен во мирување. – Денеска се ретерира без знаење на членството и се носи одлука за која членството не е информирано. Тука сме да изразиме револт. …

Членови на СОНК бараат Неделков да објасни зошто штрајкот е ставен во мирување Read More »

МОН ја поздрави одлуката на СОНК да го стави штрајкот во мирување


Министерството за образование и наука (МОН) попладнево ја поздрави одлуката на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) да го стави штрајкот во мирување. – Тргнувајќи од итноста за заштита на јавниот интерес на граѓаните, правото на образование и последиците кои можат да настанат во случај кога овој процес е прекинат, а воедно земајќи ги предвид …

МОН ја поздрави одлуката на СОНК да го стави штрајкот во мирување Read More »

Чистењето на линданот од ОХИС оди побрзо од очекуваното


Чистењето на малата депонија со линдан во кругот на ОКТА во Скопје, оди побрзо од очекуваното, потврди денеска министерот за животна средина Насер Нуредини.  Досега е исчистен едниот базен во кој се наоѓале 450 тони линдан и околу 150 тони контаминирана почва, која е пониско концентрирана. Отпадот е безбедно складиран и се планира да се …

Чистењето на линданот од ОХИС оди побрзо од очекуваното Read More »

СЗО ќе ги зголеми членарините од 2024 година како дел од реформите


Членките на Светската здравствена организација (СЗО) постигнаа согласност за постепено зголемување на задолжителните бенефиции, почнувајќи од 2024 година како дел од реформите за финансирање. Неименувани извори соопштуваат дека одлуката била донесена во рамки на ревизијата на финансирањето на СЗО, што се смета како витално за иднината на здравствената агенција на ОН. – Постои основен договор …

СЗО ќе ги зголеми членарините од 2024 година како дел од реформите Read More »

Ковачевски планира отворање културен центар во Благоевград, ќе ја покани Мизрахи на отворањето


Премиерот Димитар Ковачевски планира во Благоевград, Бугарија да отвори културен центар, за чие име ќе се разговара, а за ова, во следниот период ќе разговара и со премиерот на Бугарија, Кирил Петков. – За крај, планирам директно да го информирам премиерот Петков, дека во наредниот период планираме да отвориме нов културен центар во Бугарија, а …

Ковачевски планира отворање културен центар во Благоевград, ќе ја покани Мизрахи на отворањето Read More »

Гроси: Ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје е неодржлива


 Ситуацијата во украинската нуклеарна централа Запорожје, окупирана од руските сили, не е одржлива и може да се покаже како опасна, предупреди генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси. Руските сили го окупираа целото подрачје, вклучувајќи ја и самата нуклеарка, најголемата во Европа. Гроси информираше дека МААЕ во повеќе наврати се обидела …

Гроси: Ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје е неодржлива Read More »

Зеленски во вторник со видео порака ќе се обрати до албанските пратеници


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски се очекува да се обрати пред албанскиот Парламент на следната пленарна седница, јави дописничката на МИА од Тирана. Топ чанел објави дека Зеленски се согласил да се обрати со видео порака до албанските народни избраници и оти во албанскиот Парламент се подготвуваат за неговото обраќање, во вторник во 10 часот. …

Зеленски во вторник со видео порака ќе се обрати до албанските пратеници Read More »

Петровска: Со почит и незаборав за четворицата припадници на Армијата кои загинаа во Вејце


Почит и незаборав за Роберт Петковски, Бобан Трајковски, Миле Јаневски и Игор Костески, четворицата припадници на Баталјонот за специјални сили при Армијата, кои на денешен ден – 28 април 2001 година трагично загинаа во Вејце, напиша министерката за одбрана Славјанка Петровска на нејзиниот фејсбук профил. – Со поклонување пред спомен обележјето во нивна чест во …

Петровска: Со почит и незаборав за четворицата припадници на Армијата кои загинаа во Вејце Read More »

Вучиќ: На крајот на мај и почеток на јуни консултации за нова влада, ќе произведуваме електричен автомобил


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека за консултации за новата влада се чека одлуката на правниците, за да се види дали е можно тоа да се направи пред истекот на неговиот прв мандат или мора да се сочека почнувањето на неговиот втор претседателски мандат, јави дописникот на МИА од Белград. Одговарајќи на новинарски прашања, …

Вучиќ: На крајот на мај и почеток на јуни консултации за нова влада, ќе произведуваме електричен автомобил Read More »

Унапредување на заштитата на здравјето и безбедноста при работа можно преку заеднички пристап на сите чинители


 Безбедноста и заштитата на здравјето на работниците на работните места во земјава и натаму треба да се унапредува, што може да се постигне само преку дијалог меѓу социјалните партнери – државата, работодавачите и синдикатите. Неоходно е детектирање на сите слаби точки, за преку соопфатна анализа да се дојде до квалитетни решенија, порачаа дел од учесниците …

Унапредување на заштитата на здравјето и безбедноста при работа можно преку заеднички пристап на сите чинители Read More »

Џафери-Стефанчук: Ќе се приклучиме кон намерите за обнова на Украина, по завршувањето на оваа бесмислена војна


Република Северна Македонија безрезервно се приклучи кон сите рестриктивни мерки преземени од меѓународната заедница кон Руската федерација и тоа ќе продолжи и понатаму да го прави. Истовремено, Република Северна Македонија се приклучи кон иницијативата на НАТО членките и на Европската унија за финансиска и воена помош на Украина, изјавил претседателот на Собранието Талат Џафери на …

Џафери-Стефанчук: Ќе се приклучиме кон намерите за обнова на Украина, по завршувањето на оваа бесмислена војна Read More »

Столтенберг: Ако одлучат, Финска и Шведска бргу ќе станат членки на НАТО


 Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска ќе се сретне со претседателите на сите политички партии во Европскиот парламент и ќе разговара за Украина и за безбедноста на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел. Ова е првпат генералниот секретар да биде поканет на Конференцијата на претседатели на Европскиот парламент, во контекст на инвазијата на …

Столтенберг: Ако одлучат, Финска и Шведска бргу ќе станат членки на НАТО Read More »