Спасовски: Безбедносната ситуација е стабилна, без никакви индикации за нарушување


Во овој момент безбедносната ситуација е стабилна и мирна, без никакви индикации за нарушување. Ние секогаш имаме предизвици во делот на тероризмот или на миграцијата, што е исто така еден од потенцијалните безбедносни ризици не се само за нас, туку и за сите земји во овој регион и пошироко, истакна денеска министерот за внатрешни работи …

Спасовски: Безбедносната ситуација е стабилна, без никакви индикации за нарушување Read More »

Амблемите на полицијата нема да бидат двојазични за централните служби и единици


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели согласно Уредбата што неодамна ја донесе Владата двојазични амблеми ќе има само за службите на локално ниво, таму, каде што официјален јазик е и албанскиот. Амблемите, нагласи, нема да бидат двојазични за централните служби и единиците кои се на ниво на држава. -Таму каде што на локално ниво …

Амблемите на полицијата нема да бидат двојазични за централните служби и единици Read More »

На 7 април објава на пресуда за „Меѓународен сојуз“ – Боки 13 се чувствува невин


– Одлуката на судот за предметот „Меѓународен сојуз“ во кој првообвинет е Бојан Јовановски – Боки 13 ќе биде објавена на 7 април 2022 година, информираше денеска судијката Софче Гаврилова – Ефремова по завршните зборови на Јовановски, кој пак му предложи на судот да не му се суди по ликот и делото, туку по доказите. -Од …

На 7 април објава на пресуда за „Меѓународен сојуз“ – Боки 13 се чувствува невин Read More »

Северна Македонија и Словенија потпишаа Имплементациски договор за борба против трговија со луѓе


Министрите за внатрешни работи на Северна Македонија ,Оливер Спасовски и на Словенија, Алеш Хојс денеска во Скопје потпишаа Имплементациски договор помеѓу владите на двете земји за борба против трговија со луѓе. – На заедничко задоволство со колегата денеска го потпишавме Имплементацискиот протокол помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Словенија за борба …

Северна Македонија и Словенија потпишаа Имплементациски договор за борба против трговија со луѓе Read More »

Регулаторна и денеска ќе носи одлука за цената на горивата – викендот паузира


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) во текот на денов ќе донесе нова одлука за цената на нафтените деривати што ќе важи од ноќеска на полноќ. Како што информираат од РКЕ, исполнети се предусловите за носење нова одлука. Цените на горивата се носат врз основа на изменетиот Правилник за одредување на малопродажните цени …

Регулаторна и денеска ќе носи одлука за цената на горивата – викендот паузира Read More »

Времето утре облачно, студено и ветровито


Времето утре ќе биде променливо облачно, студено и ветровито, во крајните јужни делови со слаби врнежи од дожд и снег. Потоа ќе следува период на стабилно време со умерен до засилен североисточен ветер. Максималната температура утре ќе биде во интервал од 1 до 9 степени. Како што соопшти УХМР, во вторник ќе има зголемена облачност …

Времето утре облачно, студено и ветровито Read More »

Шефицата на косовската дипломатија под антикорупциска истрага


Агенцијата за борба против корупцијата на Косово (АКК) покренала предистражна постапка за министерката за надворешни Работи, Доника Грвала, поради сомневање дека не пријавила дека е сопственик на деловна компанија во Германија, јави дописникот на МИА од Приштина. Невладината организација „Заклетва за правда“ објави дека, според истражување извршено пред неколку недели, Грвала не само што не …

Шефицата на косовската дипломатија под антикорупциска истрага Read More »

Во пораст новозаразените во Хрватска


Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 1.939 нови случаи на зараза со корона вирус. Во моментот активни се 11.186, од кои 691 пациент се лекува во болница, а 39 се на респиратор. Починаа 18 пациенти. Минатиот петок имаше 1.538 новозаразени, а починаа 14 пациенти. За разлика од вчера, кога беа пријавени девет починати, …

Во пораст новозаразените во Хрватска Read More »

Лицата со попреченост се ослободени од партиципација за студирање


Во координација со Националното координативно тело за спроведување на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, Владата на Република Северна Македонија донесе Уредба за правата на лицата со попреченост и други лица да бидат ослободени од партиципација за студирање. Со оваа Уредба Владата овозможи сите лица со попреченост запишани на прв, втор и …

Лицата со попреченост се ослободени од партиципација за студирање Read More »

Aсфалтирани патеките на булеварот „Видое Смилевски Бато“


Екипи на Јавното претпријатие „Улици и патишта“ – Скопје денес завршуваат со асфалтирањето на велосипедската и пешачка патека на булеварот „Видое Смилевски Бато“ спроти маркетот „Жито“, во општина Аеродром во насока од булеварот „Февруарски поход“ кон булевар „Србија“. На вкупна должина од 800м2 вградени се 120 тони асфалтна маса и нивелирани се три канализациони шахти. …

Aсфалтирани патеките на булеварот „Видое Смилевски Бато“ Read More »

Приведена земјоделска инспекторка во Прилеп поради примање поткуп


Во Прилеп утрово е приведена земјоделска инспекторка поради примање поткуп, соопшти МВР.   – Во угостителски објект во Прилеп утрово полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп ја лишиле од слобода В.В. – земјоделски инспектор во Државен инспекторат за земјоделие поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член …

Приведена земјоделска инспекторка во Прилеп поради примање поткуп Read More »

Лазаров: Треба да бидеме внимателни во Букурешт


Македонската машка ракометна репрезентација попладнево заминува за Букурешт каде утре ја очекува реванш натпреварот против Романија во рамки на полуфиналниот бараж за пласман на Светското првенство 2023. Македонските ракометари во романската престолнина ќе бранат предност од осум голови разлика (30-22), која со поддршка од 5.000 навивачи и одлична игра во завршните 15 минути ја остварија во четвртокот …

Лазаров: Треба да бидеме внимателни во Букурешт Read More »

Бојан Јовановски: „Меѓународен сојуз“ како невладина организација не доби ниту еден денар државни пари


Првообвинетиот во случајот „Меѓународен сојуз“, Бојан Јовановски – Боки 13, денеска во Основниот кривичен суд – Скопје во завршните зборови рече дека е горд што бил претседател на невладината организација „Меѓународен сојуз”, која, како што нагласи, не добила ниту еден денар државни пари, туку финансирањето било од бизнис секторот. Јовановски изјави дека е горд на …

Бојан Јовановски: „Меѓународен сојуз“ како невладина организација не доби ниту еден денар државни пари Read More »

Полски служби: Над два милиони украински бегалци влегоа во Полска


Повеќе од два милиони бегалци влегоа во Полска од Украина од почетокот на инвазијата, соопшти полската погранична служба, прецизирајќи дека повеќето се жени и деца. Претходно, портпаролот на Агенцијата за бегалци при ОН рече дека постои загриженост во Полска дека земјата „почнува да ја достигнува точката на пукање во однос на бројките“. Метју Салтмарш, шеф на …

Полски служби: Над два милиони украински бегалци влегоа во Полска Read More »

НБО и АСО: Бегалците од Украина ослободени од плаќање гранично осигурување


Сите лица со статус на бегалци од Украина на влез во нашата земја ќе бидат ослободени од плаќање на гранично осигурување, а евентуалните штети од украински возила што превезуваат бегалци до 30 јуни годинава ќе ги покрие Националното биро за осигурување (НБО) од својот гарантен фонд. Оваа одлука ја донесе НБО во координација со Агенцијата …

НБО и АСО: Бегалците од Украина ослободени од плаќање гранично осигурување Read More »

Карпош субвенционира купување велосипеди и електрични тротинети


  Започнувајќи од понеделник, 21.03.2022 година, Општина Карпош ја спроведува акцијата за субвенционирање до 30 отсто од цената за купување на нов велосипед, но најмногу до 3.000 денари, како и 30 отсто од цената за купување на нов електричен тротинет, односно најмногу до 5.000 денари. Право на аплицирање за субвенциите имаат сите полнолетни жители на …

Карпош субвенционира купување велосипеди и електрични тротинети Read More »

Жители од Џепчиште нападнале соселанец


Жители од дебарското село Џепиште физички нападнале соселанец, за што против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.   – На локален пат во дебарското село Џепиште нарушен е јавниот ред и мир со вербална расправија и физички напад извршен од А.Л (52) и Б.Л.(31) врз М.Р.(41), сите од истото село. Против напаѓачите ќе биде поднесена …

Жители од Џепчиште нападнале соселанец Read More »

Голема акција за чистење на училишните дворови во Центар


Општина Центар утре, сабота (19.3.2022), во 10 часот  ја организира втората по ред голема акција за чистење на сите осум основни училишта во општината. Градоначалникот на општината, Горан Герасимовски, заедно со хигиеничарите и општинската администрација, лично ќе учествува во чистењето на училиштето и ги повика учениците, наставниците, родителите, екологистите, невладините организации и сите оние кои …

Голема акција за чистење на училишните дворови во Центар Read More »

Плеврис: Од есен веројатно е да има ново зголемување на случаите на Ковид-19


Грчкиот министер за здравство, Танос Плеврис, во интервју за грчката телевизија „Скај“ ја остави отворена можноста од есен да има ново зголемување на бројот на заразени со Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина. Плеврис истакна дека во овој момент предвидувањата и според Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) се дека ќе …

Плеврис: Од есен веројатно е да има ново зголемување на случаите на Ковид-19 Read More »

Завршни зборови на Боки 13 за случајот „Меѓународен сојуз“


Бојан Јовановски-Боки 13 денеска во Основниот Кривичен суд Скопје треба да ги даде завршните зборови за случајот „Меѓународен сојуз“. Адвокатот на првообвинетиот во случајот „Меѓународен сојуз“ на претходното рочиште побара да се одложи завршниот говор, затоа што обвинетиот не бил подготвен за тоа. Обвинителството бара Бојан Јовановски, татко му, неговата асистентка, Јасна Ерцеговиќ и екс-пратеничката …

Завршни зборови на Боки 13 за случајот „Меѓународен сојуз“ Read More »