Русија протерува пет хрватски дипломати


Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека протерува пет членови од персоналот на хрватската амбасада во Москва како одговор на тоа што Загреб донел одлука да протера дел од нејзиниот персонал.

Во април Хрватска побара 24 претставници на руската амбасада да ја напуштат Хрватска поради акцијата на Москва во Украина.

Русија започна инвазија на соседна Украина на 24 февруари.