Сали: Болните од рак примаат стандардна терапија, има и биолошка терапија за одредени пациенти


 Обезбедивме одредени количества терапија за болните од рак. Тоа е биолошката терапија и тоа е за одредени пациенти. Не можеме да користиме биолошка терапија за кој било пациент со канцер, а знаејќи ја и финансиската можност на нашите институции, па и на државата особено во овие околности, ние правиме иследување на пациенти, односно групирање на …

Сали: Болните од рак примаат стандардна терапија, има и биолошка терапија за одредени пациенти Read More »

Општина Кисела Вода времено ќе ангажира 15 негуватели во детски градинки и 5 негуватели за стари лица


  Општина Кисела Вода упатува јавен повик до сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во проектот “Се грижиме за најмладите и највозрасните”. Истиот е дел од Програмата Општинско – корисна работа, кој се спроведува преку Врз основа на Договорот за соработка со Агенцијата за вработување и Договорот помеѓу Програмата за развој …

Општина Кисела Вода времено ќе ангажира 15 негуватели во детски градинки и 5 негуватели за стари лица Read More »

Се обновуваат сите детски игралишта во Реонски центар Аеродром


  Општина Аеродром оваа недела интензивно работи на обновување на реквизитите на сите четири детски игралишта во Реонски центар кои се многу посетени од дечињата, особено во летниот период. Оштетените реквизити се поправаат, им се обновува бојата, а се проверува и нивната безбедност за безгрижна игра на нашите најмали. Во наредниот период ќе се обноват …

Се обновуваат сите детски игралишта во Реонски центар Аеродром Read More »

Лазаров објави крај на кариерата


 Најдобриот македонски ракометар на сите времиња, Кирил Лазаров денес објави дека ја завршува професионалната кариера како играч. Тој преку социјалните мрежи ја образложи својата одлука. Во продолжение во целост го пренесуваме обраќањето на Лазаров: – Моето долго и прекрасно патување дојде до самиот крај. Одлуката беше тешка да се донесе, но сепак очекувана. Тешка затоа што …

Лазаров објави крај на кариерата Read More »

(Во живо) Завршни зборови за „Талир“


Одбрана во случајот „талир“ денеска ги дава завршните зборови.  Претходно, Никола Груевски и Кирил Божиновски обвинети во случајот „Талир 2“, да бидат прогласени за виновни, додедека седиштето на политичката ВМРО-ДПМНЕ да биде одземено, предложи обвинителот Љубомир Лапе во завршните за овој предмет.

Пуштени во продажба билетите за натпреварите на македонската фудбалска репрезентација против Грузија и Гибралтар


 Фудбалската федерација на Македонија преку „Mk Tickets“, официјалниот партнер за продажба на билети, започна со продажба на билети за натпреварите на македонската А репрезентација против Грузија и Гибралтар закажани за 9 и 12 јуни на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје во рамки на групата од УЕФА Лига на нации. Влезниците се продаваат по цена …

Пуштени во продажба билетите за натпреварите на македонската фудбалска репрезентација против Грузија и Гибралтар Read More »

Општина Центар субвенционира поправка на покриви и лифтови


Општина Центар го објави Јавниот повик за финансиска поддршка за поправка и санација на постојни кровни конструкции и постојни лифтови во станбени згради на подрачјето на општината.  Јавниот повик се однесува за поправка на лифт за кој со технички преглед, извршен од овластено акредитирано независно правно лице, е утврдено дека е технички неисправен и/или за …

Општина Центар субвенционира поправка на покриви и лифтови Read More »

Пожар во фабрика за пластика во Атина, веројатно предизвикан од удар на гром


Голем пожар избувна доцна синоќа во надворешниот дел на фабрика за пластика во индустриската зона во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а не е исклучена веројатноста, пожарот да бил предизвикан од удар на гром, јави дописничката на МИА од Атина. Пожарот утрово е со намален интензитет и делумно локализиран, иако брзо …

Пожар во фабрика за пластика во Атина, веројатно предизвикан од удар на гром Read More »

Голема афера во Хрватска: Државните службеници што треба да ги надгледуваат вредносните трансакции, незаконски тргувале


Голема финансиска афера ја тресе Хрватска, откако истражувачките новинари открија дека дури 89 вработени во Хрватската агенција за надзор на финансиските услуги – Ханфа, тргувале со хартии од вредност спротивно на Законот за пазар на капиталот. Имено, ова е огромна афера на државниот регулатор кој е задолжен за хартиите од вредност и финансикиот пазар и …

Голема афера во Хрватска: Државните службеници што треба да ги надгледуваат вредносните трансакции, незаконски тргувале Read More »

Италијанската „Ндрангета“ има „илјадници“ мафијаши во Австралија


Се верува дека во Австралија дејствуваат илјадници членови на озлогласената мафија „Ндрангета“ од јужниот италијански регион Калабрија, соопшти денеска федералната полиција. Помошникот комесар на австралиската федерална полиција (АФП) Најџел Рајан го објасни влијанието на италијанскиот организиран криминал во Австралија, слика што австралиските органи за спроведување на законот успеаја да ја состават во текот на изминатата …

Италијанската „Ндрангета“ има „илјадници“ мафијаши во Австралија Read More »

Петок пред Духовден – неработен ден за граѓаните од православна вероисповед


Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РM („Службен весник на РМ“, бр.21/98 и 18/07), 10 јуни (петок) 2022 година, Духовден, петок пред Духовден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.   Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православна вероисповед им го …

Петок пред Духовден – неработен ден за граѓаните од православна вероисповед Read More »

Италијанската полиција заплени 4,3 тони кокаин од Колумбија


По големата меѓународна истрага на повеќе полициски служби, што траеле повеќе од една година, италијанската полиција заплени 4,3 тони кокаин, чија улична вредност се проценува на околу 240 милиони евра, со што му е зададен тежок удар на колумбискиот Заливски клан, соопштија денеска истражителите. Полицијата соопшти дека оваа акција, што претставува една од најголемите заплени …

Италијанската полиција заплени 4,3 тони кокаин од Колумбија Read More »

Американски суд дозволи заплена на авиони на Абрамович


Американски суд дозволи заплена на два авиона во сопственост на рускиот олигарх Роман Абрамович. Како причина, го наведе кршењето на забраната за извоз и американските санкции воведени против Русија, соопшти Министерството за правда на САД. Федерален судија во Њујорк ја одобри заплената побарана од федералните агенти. Се работи за авиони тип „Боинг 787-9“и „Гулфстрим Г650ЕР“, …

Американски суд дозволи заплена на авиони на Абрамович Read More »

Вучиќ: Отворен Балкан им носи корист на сите, никого не молиме да се приклучи


Српскиот претседател Александар Вучиќ најави во обраќањето до јавноста на РТС дека во вторник и среда ќе биде на Самитот Отворен Балкан во Охрид, за кој оцени дека донел значителни придобивки за сите три земји учеснички и дека тој е отворен за сите, но тој никого не сака да моли за да и се придружи …

Вучиќ: Отворен Балкан им носи корист на сите, никого не молиме да се приклучи Read More »

Бектеши: До крајот на неделата ќе одлучиме дали ќе се интервенира во делот на цените


Од почетокот на кризата со цените на дневна основа заедно со Царинската управа, Државниот пазарен инспекторат и другите надлежни институции, секторот за трговија во Министерството за економија ги следи и цените и ситуацијата, изјави вечерва министерот за економија Крешник Бектеши. Бектеши, говорејќи во емисијата 24 анализа, рече дека денеска официјално ги добил сите податоци од …

Бектеши: До крајот на неделата ќе одлучиме дали ќе се интервенира во делот на цените Read More »

За викендот, 135 нови случаи на корона вирус


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 03.06 до 05.06.2022): Направени се 2.257 тестови, а регистрирани се 135 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 93, Битола и Кавадарци – по 8, Прилеп, Охрид, Штип и Струмица – по 3, Куманово, Велес, Гостивар и Неготино – …

За викендот, 135 нови случаи на корона вирус Read More »

Во Словенија регистрирани шест случаи на мајмунски сипаници


Во Словенија досега се потврдени шест случаи на зараза со мајмунски сипаници и сите пациенти имаат благи симптоми. Националниот институт за јавно здравје издаде упатства за однесување и третман на пациентите кои се на домашна нега. На пациентите им се препорачува да останат дома и да се изолираат од другите луѓе, да внимаваат при одржувањето на личната …

Во Словенија регистрирани шест случаи на мајмунски сипаници Read More »

Се прави редизајн на дел од мерките за заштита на граѓаните и бизнис секторот


Во овој момент на дел од мерките се прави редизајн, а кога ќе бидат направени сите анализи ќе биде воведен и нов пакет мерки, најави премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање по посетата на фабриката Таб Мак во Пробиштип. Говорејќи за пакетот мерки за заштита на граѓаните и бизнис секторот, Ковачевски најави дека со …

Се прави редизајн на дел од мерките за заштита на граѓаните и бизнис секторот Read More »

Кривична пријава за вработена во јавна установа за згрижување деца во Битола


Полициски службеници од полициската станица Битола ја лишија од слобода Х.В.К.(37) од Битола, вработена во јавна установа за згрижување на деца во Битола. Вработената со запоставување на својата должност, ги запуштила малолетниците згрижени во мал групен дом. По документирање на случајот против неа ќе следува кривична пријава, информираа од СВР-Битола. 

АХВ: Во првите три месеци од годинава спроведени над 12.000 контроли, труења нема


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во првите три месеци од годинава спроведе над 12 000 контроли. За констатираните недоследности изречени се вкупно 1.384 мерки. Донесени се 942 решенија, спроведени се 320 едукации на операторите со храна и поднесени се 23 прекршочни пријави. Во првото тримесечје од годинава не е поднесена ниту една кривична пријава. …

АХВ: Во првите три месеци од годинава спроведени над 12.000 контроли, труења нема Read More »