Деветто зимско искачување на врвот Клепа во чест на прерано загинатите планинари Калина и Александар
Спортското планинарското еколошко друштво „Клепа“ од Росоман заедно со Еколошката групација „Грин Пауер“, Клубот на планинарски спортови „АЗОТ“ од Велес и Општините Росоман и Градско денеска го организираат деветтото традиционално зимско искачување на врвот Клепа на 1150 метри надморска височина. Учествуваа 350 планинари и рекреативци љубители на природата од: Росоман, Сирково, Градско, Велес, Скопје, Гевгелија, …