Земјотрес со сила од 6,2 степени го погоди Тајван


Земјотрес со сила од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска источниот брег на Тајван, соопшти метеоролошкиот завод на островот, а агенциите велат дека тој бил почувствуван и во главниот град. Засега нема извештаи за жртви или материјална штета. Земјотресот е регистриран непосредно пред пладне по локално време (6 часот по средноевропско време) на …

Земјотрес со сила од 6,2 степени го погоди Тајван Read More »

Дојави за бомби и во основни училишта во Скопје, родителите и децата во паника


  Во oсновното училиште „Александар Македонски“ утрово има дојава за бомба, а иста закана е примена и во „Лазо Ангеловски“, како и во „Блаже Конески“, „Љубен Лапе“, “Ѓорѓија Пулевски“ на територија на Општина Аеродром, како и „Киро Глигоров“ во Центар.  По многуте дојави за поставени бомби во средни училишта во Скопје, утрово такви дојави почнаа …

Дојави за бомби и во основни училишта во Скопје, родителите и децата во паника Read More »

Почнува судењето против поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири


Во Основниот кривичен суд Скопје, денеска треба да започне судскиот процес во кој поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, е обвинет за злоупотреба на службената положба. Според обвинението, обвинетиот како службено лице генерален секретар на Владата, со умисла извршил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело. – Тој, во периодот …

Почнува судењето против поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири Read More »

Голем пожар во рафинерија во Русија – загинаа двајца


  Двајца загинаа во голем пожар во рафинерија за нафта во рускиот град Ангарск во југоисточен Сибир, соопшти Истражниот комитет за Иркутската област. Во пожарот повредени се уште пет луѓе, вели губернерот на Иркутската област Игор Кобзев. Тој додава дека пожарот зафатил површина од 2.500 метри квадратни, кои пропаѓаат на Ангарската петрохемиска компанија. Министерството за …

Голем пожар во рафинерија во Русија – загинаа двајца Read More »

Загина тинејџер на улиците во Монпелје во хаосот по полуфиналето Мароко-Франција


  Момче загина кога автомобил влета во група марокански фудбалски навивачи во Монпелје, Франција, по вториот полуфинален фудбалски натпревар на Светското првенство меѓу Франција и Мароко во Катар, соопшти владата на департманот Еро. Police intervene. #FRAMAR #Brussels 🇲🇦🇫🇷 pic.twitter.com/BEcnfT0ck0 — Yassin Akouh (@Yassin_Akouh) December 14, 2022 „Четиринаесетгодишно момче кое беше удрено со автомобил во Монпелје …

Загина тинејџер на улиците во Монпелје во хаосот по полуфиналето Мароко-Франција Read More »

Што му прави пијанството на вашето тело?


Празничната сезона е полна со можности да уживаме во чаша варено вино, џин и тоник, шампањ или кој било друг алкохолен пијалок што го сакаме. Ако не сте внимателни, можете многу брзо да почнете да се чувствувате весело, што значи дека алкохолот влијае на мозокот и телото. Веројатно знаете што значи да се разбудите со …

Што му прави пијанството на вашето тело? Read More »

Американците „полудеа“ по „југо“: Сè повеќе се бара, цените вртоглаво растат


Се чини дека моделот „југо“ е сè попосакуван меѓу Американците и заинтересираните се подготвени да издвојат голема сума за него. И не се многу пребирливи. Се разбира, GVX и Cabrio се особено скапи, но сосема солидно минува и обичното „југо“ кое визуелно не се разликува значително од оние што доминираа на нашите патишта во 90-тите. …

Американците „полудеа“ по „југо“: Сè повеќе се бара, цените вртоглаво растат Read More »

Маж се соблекувал пред деца, директорка на училиште пријавила


Директорка на едно основно училишта во подрачје на Центар во полиција пријавила непознато лице кое се соблекувално пред децата. – На 14.12.2022 во 11.30 часот М.В.С.(41) од Скопје (директорка на основно училиште) пријавила дека во кругот на основно училиште на подрачјето на Центар, поточно до спортскиот терен, непознато лице се соблекувало, а било забележано од …

Маж се соблекувал пред деца, директорка на училиште пријавила Read More »

Руски политичар: Србија може да се приклучи на Русија по референдум


Заменик-претседателот на Комитетот за меѓународни прашања на руската Дума, Алексеј Чепа, во интервју за радио „Говорит Москва“ изјави дека одлуката за пристапување на Србија кон Русија зависи од волјата на српскиот народ. „Не знам колку е тоа реално, бидејќи овде одлуката не е на Вучиќ, туку на народот. Тоа треба да го реши народот на …

Руски политичар: Србија може да се приклучи на Русија по референдум Read More »

Мерка притвор за специјалниот државен обвинител на Црна Гора


 Специјалниот државен обвинител на Црна Гора, Саша Чаѓеновиќ, кој во петокот беше уапсен поради сомнение за кривично дело создавање злосторничка организација и четири кривични дела злоупотреба на службената положба, останува во притвор што му е одреден поради опасност од бегство и ризик од можно влијание врз сведоците. „Вонсудскиот совет на Вишиот суд во Подгорица ја …

Мерка притвор за специјалниот државен обвинител на Црна Гора Read More »

Лајчак: Вучиќ ја разбира сериозноста на ситуацијата


 Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, соопшти дека во Белград имал средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Белград. „Имавме отворен и искрен разговор за политичко решение кое ќе ги намали тензиите и ќе овозможи отстранување на барикадите. Вучиќ ја разбира сериозноста на ситуацијата“, …

Лајчак: Вучиќ ја разбира сериозноста на ситуацијата Read More »

Две лица загинаа во снежното невреме што ги зафати централните делови на САД


 Две лица загинаа во невремето проследено со снежни виулици и урагански ветрови што го зафатија централниот дел на САД. Мајка и син загинале во шумската област Китвил, во централниот дел на сојузната држава Луизијана. Според полицијата, момчето било пронајдено една милја од неговиот дом во областа Китвил, додека неговата мајка исто така била пронајдена мртва …

Две лица загинаа во снежното невреме што ги зафати централните делови на САД Read More »

Европскиот парламент планира да ја прекине работата со Катар поради истрагата за корупција


 Европскиот парламент утре треба да гласа за тоа дали да  прекине каква било работа со Катар, откако сега поранешната потпретседателка Ева Каили беше уапсена поради обвиненија за корупција, јави ДПА. „Европскиот парламент … ја суспендира целата своја работа на законодавните досиеја во врска со Катар, особено во врска со визната либерализација и планираните посети, додека …

Европскиот парламент планира да ја прекине работата со Катар поради истрагата за корупција Read More »

Земјотрес од 4,3 степени во близна на грчкиот остров Евија


Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтер, беше регистриран попладнево во морскиот дел источно од островот Евија онаму каде што пред 15 дена беше регистриран силниот земјотрес од 5 степени, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките сеизмолози, станува збор за последователни земјотреси по оној од 29 ноември и е нешто што е …

Земјотрес од 4,3 степени во близна на грчкиот остров Евија Read More »

Градоначалникот на Истанбул, Имамоглу, осуден на затворска казна


  Турскиот суд денеска го осуди градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, на повеќе од две години затвор и му забрани политичко дејствување поради навреда на јавни службеници. Одбраната на Имамоглу ќе поднесе жалба на пресудата, донесена на само шест месеци пред претседателските и парламентарните избори. Имамоглу беше потенцијално силен ривал на турскиот претседател Реџеп Таип …

Градоначалникот на Истанбул, Имамоглу, осуден на затворска казна Read More »

Зарко Милошевски е нов директор на Агенцијата за национална безбедност


  Владата на денешната седница го назначи Зарко Милошевски за нов директор на Агенцијата за национална безбедност. Милошевски на позицијата директор доаѓа од позиција на помошник-директор на Одделот за безбедносни проверки и НАТО регистар во Агенцијата за национална безбедност, каде има и претходно повеќегодишно искуство во раководење, организирање и координирање на Одделот, но и во …

Зарко Милошевски е нов директор на Агенцијата за национална безбедност Read More »

Здружението Антикоцкање од Тетово бара референдум за отстранување коцкарници од населени места


Движењето Антикоцкање од Тетово денеска организира јавна дебата како дел од процесот да се иницира локален референдум со цел да се прашаат граѓаните дали сакаат да се отстранат објектите за игри на среќа од населените места. Тие велат дека овој чекор е последица на алармантната ситуација во цела држава поради огромниот број вакви објекти низ …

Здружението Антикоцкање од Тетово бара референдум за отстранување коцкарници од населени места Read More »

ИРЦ: Климатските промени во 2023 година ќе поттикнат хуманитарни кризи


Климатските промени, заедно со проблемите предизвикани од вооружените конфликти и економскиот пад, во 2023 година ќе ги забрзаат хуманитарните кризи ширум светот, се наведува во студијата на невладината организација Меѓународен комитет за спас (International Rescue Committee). Агенцијата со седиште во Њујорк, предводена од поранешниот британски политичар Дејвид Милибанд, посочи дека изминатата деценија нагло се зголемил …

ИРЦ: Климатските промени во 2023 година ќе поттикнат хуманитарни кризи Read More »

Путин ги откажа новогодишните планови, нема да игра хокеј на Црвениот плоштад


Рускиот претседател Владимир Путин ги откажа своите традиционални планови за новогодишната ноќ. Тој годинава нема да игра хокеј на Црвениот плоштад, а претходно ја откажа и традиционалната годишна прес-конференција, како и обраќањето пред Федералното собрание на Русија. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков соопшти дека Путин не планира да игра хокеј на Црвениот плоштад оваа новогодишна …

Путин ги откажа новогодишните планови, нема да игра хокеј на Црвениот плоштад Read More »

Гевгеличанец осомничен за обид за убиство на очувот


 Основното јавно обвинителство – Гевгелија донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривичното дело „убиство“ според член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот зкаоник. Осомничениот, како што денеска соопшти Јавното обвинителство, на 12 декември со умисла се обидел да го лиши од живот неговиот очув. …

Гевгеличанец осомничен за обид за убиство на очувот Read More »