Планираното зголемување на платите на наставниците ќе биде дополнителен мотив


Повисоки плати за наставниците од март идната година ќе почнат да го добиваат договореното зголемување, кое ќе се движи од 7,5 до 10 проценти, во зависност од пресметките. Ова го соопшти министерката за образование Весна Јаневска на брифинг со новинарите. Како што посочи Јаневска, покачувањето претставува силен мотив за наставниот кадар и резултат на процес …

Планираното зголемување на платите на наставниците ќе биде дополнителен мотив Read More »

„Љубојна“ ги расположи паланчани предновогодишно – одлична атмосфера и покрај ниските температиури


Во духот на новогодишните празници и традицијата на дарување, градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, неделното утро го помина со најмладите од  Ромското маало и им донесе голема  радост и многу искрени насмевки. Заедно со Дедо Мраз, беа поделени новогодишни пакетчиња на најмладите, кои со искрена детска возбуда ја пречекаа празничната посета. Насмевките на …

„Љубојна“ ги расположи паланчани предновогодишно – одлична атмосфера и покрај ниските температиури Read More »

Мајка на починато момче во „Пулс“: Брат му се обвинува што не го спасил


Со сослушување на сведоци законски застапници на оштетените денеска во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Прва сведочеше мајката на починатиот 24-годишен Андреј, која низ солзи одговараше на прашања од Обвинителството. Пред таа кобна …

Мајка на починато момче во „Пулс“: Брат му се обвинува што не го спасил Read More »

Левица со предлог-закон да нема отказ при бременост


Законот за работните односи ја уредува положбата на работничката за време на бременост и отсуство од работа поради бременост, при што истиот претпоставува еднаква положба и уживање на еднакви права за сите работнички без разлика на видот на работниот однос, стои во соопштението на Левица. „Законoт за спречување и заштита од дискриминација забранува каква било …

Левица со предлог-закон да нема отказ при бременост Read More »

Мобилен телефон пронајден во келијата на сопственикот на „Пулс“, судијката најави построги мерки


 Во келијата на првообвинетиот Дејан Јованов, сопственик на дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде на 16 март годинава избувна пожар во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени бил пронајден мобилен телефон со сим картичка. На почетокот на денешното рочиште, судијата Дијана Груевска Илиевска, информираше дека Судот добил известување дека во келијата на Јованов, …

Мобилен телефон пронајден во келијата на сопственикот на „Пулс“, судијката најави построги мерки Read More »

Toyota од 2026 ќе продава автомобили произведени во САД и на јапонскиот пазар


Тојота најави дека од 2026 година ќе започне со продажба на автомобили произведени во Соединетите Американски Држави во Јапонија. Моделите кои ќе ги увезува се Камри, Хајлендер и Тундра. Иако сè уште нема прецизен датум за почетокот на продажбата, Тојота потврди дека подготовките веќе се во тек. Камри и Хајлендер не се непознати за јапонските …

Toyota од 2026 ќе продава автомобили произведени во САД и на јапонскиот пазар Read More »

Налети на ветер со јачина од над 100 километри на час регистрирани во Солун


Во текот на вчерашниот ден во Солун и на Халкидики биле регистрирани налети на северен ветер од над 80 километри на час, а противпожарната служба на Грција примила 600 повици за помош во поширокиот регион, јави дописничката на МИА од Атина. Според мрежата на автоматски метеоролошки станици на Националната опсерваторија во Атина и порталот Метео, …

Налети на ветер со јачина од над 100 километри на час регистрирани во Солун Read More »

Лазаров: Промашивме пет пенали, така не може да се дојде до добар резултат


Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, не е премногу разочаран од вчерашниот пораз на првиот тест-натпревар во рамките на подготовките за Европското првенство 2026. Македонските ракометари загубија во Пореч од Хрватска со 23:26. – Промашивме пет пенали, три на почетокот, а така не може ништо да се направи. Имаме многу проблеми, имаме многу дупки, …

Лазаров: Промашивме пет пенали, така не може да се дојде до добар резултат Read More »

Мачките без влакна забранети во Холандија од 1 јануари


Почнувајќи од 1 јануари 2026 година, во Холандија ќе стапат во сила повеќе од 80 нови закони и прописи што ќе влијаат на секојдневниот живот, буџетите на домаќинствата, домувањето, поседувањето домашни миленици, потрошувачката на електрична енергија и оданочувањето. Тука е вклучувена и забраната за чување мачки без влакна, поради здравствени опасности. Мачките родени и микрочипирани …

Мачките без влакна забранети во Холандија од 1 јануари Read More »

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“: Сведочат застапниците на оштетените


Во судницата во затворот „Идризово“, денеска продолжува судскиот процес за катастрофалниот пожар во кочаниската дискотека „Пулс“. На денешното рочиште е предвидено да сведочат законските застапници на оштетените во случајот, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. На претходното рочиште, сопственик на соседен авто-лимарски сервис сведочеше за реновирањето на објектот и …

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“: Сведочат застапниците на оштетените Read More »

Уште еден обид да се пронајде авионот што падна во 2014 година – овојпат ќе бараат роботи


Повеќе од една деценија откако летот MH370 на „Малезија ерлајнс“ исчезна од радарот со 239 патници и членови на екипажот, мистеријата околу него продолжува да се провлекува. Сега, тимот што ја откри локацијата на познатиот брод на Шеклтон, „Издржливост“, се впушта во ново, технолошки најнапредно пребарување досега, надевајќи се дека конечно ќе реши една од …

Уште еден обид да се пронајде авионот што падна во 2014 година – овојпат ќе бараат роботи Read More »

Почина последната близначка од славната канадска петорка


Анет Дион, последната преживеана сестра од познатата канадска петорка Дион, почина на 91-годишна возраст, соопшти музејот Dionne Quints Home. Петте идентични сестри, родени во Онтарио во 1934 година, на врвот на Големата депресија, беа првата позната петорка што го прежиева раното детство. Додека беа деца, близначките брзо станаа глобална сензација, глумејќи во играни филмови, појавувајќи …

Почина последната близначка од славната канадска петорка Read More »

(Видео) Драматични сцени во делови од Европа: Поројни дождови однесоа сè – има исчезнати!


Обилните дождови предизвикаа поплави во јужните и источните шпански провинции за време на викендот, при што едно лице загина, а две се водат како исчезнати во неделата навечер, бидејќи поројните дождови однесоа автомобили и мотоцикли. Властите ги предупредија жителите да останат во затворен простор. ⚠️ 14:30 h. Situació a Barxeta (la Costera). El riu de …

(Видео) Драматични сцени во делови од Европа: Поројни дождови однесоа сè – има исчезнати! Read More »

Вучиќ попушти пред студентите, Србија оди на избори


Притисокот од студентските блокади во Србија вечерва доби политичка разврска што власта ја претставува како „прифаќање на барање“, а опозицијата и демонстрантите како резултат на уличната мобилизација. Претседателот Александар Вучиќ, обраќајќи се пред Домот на Народното собрание во Белград, изјави дека „е прифатено главното барање на блокадерите“ и дека следната година ќе бидат распишани вонредни …

Вучиќ попушти пред студентите, Србија оди на избори Read More »

(Видео) Затрупани од снежна бура: Куќи и автомобили исчезнаа под снегот, сцените се неверојатни


За само 24 часа, во некои области падна до метар и половина нов снег, а погоден беше и популарен скијачки центар. Силна снежна бура што ја погоди северозападна Италија за време на божиќните празници доведе до целосна блокада на делови од италијанскиот регион Пиемонт, особено во областа на Поморските Алпи. Обилните врнежи од дожд траеја …

(Видео) Затрупани од снежна бура: Куќи и автомобили исчезнаа под снегот, сцените се неверојатни Read More »

Ги дупнале гумите на 34 возила на бул. „АСНОМ“ во Ново Лисиче


Триесет и четири патнички возила биле оштетени на паркинг на булеварот „АСНОМ“, а вкупната материјална штета е проценета на околу 11.000 евра, информираат од МВР.   – Денеска (28.12.2025) во СВР Скопје  е пријавено дека во периодот од 23 часот на 27.12.2025 до 9 часот на 28.12.2025 на паркинг простор на бул „АСНОМ” е извршено оштетување …

Ги дупнале гумите на 34 возила на бул. „АСНОМ“ во Ново Лисиче Read More »

Бурата Јоханес остави 40 илјади домаќинства без струја во Шведска


Во северна Шведска бурата Јоханес со многу силни ветрови, остави над 40 илјади домаќинства без струја. Снежните врнежи и силните ветрови се особено истакнати во северните делови на земјата, а бурата се шири брзо. Портокалови и жолти предупредувања за временските услови се издадени во целото кралство, а локалните медиуми известуваат за ветрови од над 41 …

Бурата Јоханес остави 40 илјади домаќинства без струја во Шведска Read More »

Кавадарчанец загинал по пад од карпа при лов, пожарникари го извлекоа телото


Кавадарчанец загинал по пад од карпа при лов, a пожарникари вчера го извлекле телото. Пожарникарите за да го извлечат телото се движеле по тесни и лизгави карпи.  – До нас беше пристигнато барање за извлекување на безживотно тело на наш сограѓанин кој доживеал несреќа при лов, паднал од карпа висока 150 метри. Веднаш одговоривме на …

Кавадарчанец загинал по пад од карпа при лов, пожарникари го извлекоа телото Read More »

Земјотрес со интензитет од три степени во Охрид


 Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван ноќеска во Охрид и околината. Земјотресот бил со Рихтерова магнитуда од 2,2, а е почувствуван во 03:18 часот.   Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга на околу 105 километри југозападно од Скопје.

(Видео) Кина наскоро ќе отвори уште едно архитектонско чудо: Најдолгиот тунел за експресен пат во светот


  Кинеските власти објавија дека ќе го отворат за сообраќај тунелот Тјаншан Шенгли, најдолгиот тунел за експресен пат во светот, до крајот на 2025 година. Отворањето на овој тунел ќе обезбеди нова кратенка што ги поврзува јужните и северните делови на автономниот регион Синџијанг во северозападна Кина. Зборувајќи на прес-конференцијата одржана од Канцеларијата за информации …

(Видео) Кина наскоро ќе отвори уште едно архитектонско чудо: Најдолгиот тунел за експресен пат во светот Read More »