ДКСК со иницијатива за кривично гонење на градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу


 Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска донесе одлука за покренување иницијатива до надлежното Основно јавно обвинителство за поведување кривична постапка против градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу и овластен градежен инспектор поради основано сомнение за „злоупотреба на службена положба и должност“. Антикорупционерите сметаат дека постои основано сомневање дека со непостапување на градоначалникот на …

ДКСК со иницијатива за кривично гонење на градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу Read More »

Во Загреб протестираат здравствените работници


Предупредувачки протест пред ресорното министерство во Загреб  беше организиран од Синдикатот на медицинските сестри и здравствените работници денеска поради лошите услови за работа и непочитувањето на колективните договори. Хрватскиот стручен синдикат на медицински сестри и медицински техничари и Самостојниот синдикат за здравствена и социјална заштита организираа мирен собир и најавија можност за штрајк доколку управата продолжи …

Во Загреб протестираат здравствените работници Read More »

Пациентите со цистична фиброза утре на протест пред Владата


 Пациентите со цистична фиброза утре на пладне ќе протестираат пред Владата, бидејќи, како што велат, се изреволтирани од изјавите на министерот за здравство Беким Сали и на министерот за финансии Фатмир Бесими, дека терапија за цистична фиброза првично ќе добијат осум пациенти кои имаат потешка форма на болеста, и како што најави Сали, ќе се …

Пациентите со цистична фиброза утре на протест пред Владата Read More »

Со отвора новата ИПА3 Програма за финансирање на проекти за прекугранична соработка со Грција во вредност од 33 милиони евра


Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и посебниот секретар на Грција за територијална соработка и структурни фондови на ЕУ, Георгиос Зервос, денеска во Солун ја отворија новата ИПА 3 Програма за финансирање на проекти за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Грција, во вредност од 33 милиони евра. На првиот состанок на Заедничкиот мониторинг комитет …

Со отвора новата ИПА3 Програма за финансирање на проекти за прекугранична соработка со Грција во вредност од 33 милиони евра Read More »

ССМ: На првото рочиште по тужбата против Владата, не се појавија премиерот или министрите


 Во Основниот граѓански суд во Скопје денеска се одржа првото рочиште по тужбата на Сојузот на синдикати на Македонија против Владата. Од ССМ изразија жалење што на првото рочиште не се појавил ниту еден претставник од Владата.  – Сојузот на синдикатите на Македонија на денешната расправа ги претставуваше и застапуваше работниците на највисоко ниво преку …

ССМ: На првото рочиште по тужбата против Владата, не се појавија премиерот или министрите Read More »

Дизелот поевтинува за два денари, цената на бензините останува иста


 Од ноќеска на полноќ цената на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство ќе се намали за два денара, додека на бензините останува иста, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Според РКЕ, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе чини 80 денари за литар, екстра лесното масло 78,5 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 84 …

Дизелот поевтинува за два денари, цената на бензините останува иста Read More »

Осум пациенти со цистична фиброза ќе го добијат лекот „Трикафта“


Министерот за здравство, Беким Сали кажа дека скапиот лек „Трикафта“ прво ќе биде набавен за осум пациенти кои се наоаѓаат во тешка здравствена состојба. Сали рече дека се обидуваат до крајот на годината лекот да биде набавен за 30 пациенти, а набавката ќе почне откако ќе се изменат спорните закони за лекот да може да …

Осум пациенти со цистична фиброза ќе го добијат лекот „Трикафта“ Read More »

Возрасни мажи краделе влезни врати од бул „АСНОМ“ во Аеродром


Во четвртокот,  околу 18.30 часот на паркинг простор пред трговски центар на подрачје на Аеродром, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Аеродром и Драчево ги лишиле од слобода Г.Г.(43) и М.М.(40), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека во периодот од 15 до 18 часот одзеле три влезни врати од две згради …

Возрасни мажи краделе влезни врати од бул „АСНОМ“ во Аеродром Read More »

Дојави за бомби во неколку училишта во Скопје


Денеска, првпат по почетокот на второто полугодија повторно има дојава за поставени бомби во скопските училишта.  Евакуирани се гимназијата „Орце Николов“, како и „Владо Тасевски“, според ученици и вработeни во овие училишта.  Полицијата е на терен, ги евакуира учениците и вработените и ги проверува објектите за евентуално подметнат експлозив.  Како што соопшти полицијата, денеска, околу …

Дојави за бомби во неколку училишта во Скопје Read More »

ДКСК бара кривична за Мојсоски: Не се знае како и кому АМС дава пари


 Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната 81 седница донесе одлука да достави иницијатива до Јавното обвинителство за кривично гонење на актуелниот директор на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски и членовите на централната комисија поради основани сомнежи за злоупотреба и непочитување на ваучер системот на финансирање фондации и спортски клубови. ДКСК …

ДКСК бара кривична за Мојсоски: Не се знае како и кому АМС дава пари Read More »

Платформа за родова еднаквост: Мора да има забрана за вршење на лекарска дејност за гинекологот Асани


Платформата за родова еднаквост е згрозена од пресудата на струшкиот Основен суд со која му се изрекува условна казна на гинекологот Мухамед Асани кој во периодот од 2015 до 2020 година нелегално давал гинеколошки услуги во нерегистрирана ординација во својата куќа. Дополнително, фрапира фактот што Судот со оваа пресуда не изрече и споредна казна забрана …

Платформа за родова еднаквост: Мора да има забрана за вршење на лекарска дејност за гинекологот Асани Read More »

Слаба заинтересираност за лични асистенти на ученици во Центар, општината повторно со повик


Општина Центар распиша Јавен повик за ангажирање на лични асистенти во проектот „Образование за сите“ за потребите на ученици со посебни образовни потреби вклучени во образовниот процес во основните училишта на територија на Општина Центар – Скопје, во учебната 2022/2023 година. Имено, повторниот Јавен повик се распишува заради недоволно пријавени кандидати за лични асистенти на …

Слаба заинтересираност за лични асистенти на ученици во Центар, општината повторно со повик Read More »

Стартап од САД може да ја врати во живот изумрената птица додо


  Стартапот „Colossal Biosciences“ со седиште во Далас, тврди дека се приближиле до оживување на доидо, птица која изумрела во 17 век, затоа што успеале да го дешифрираат геномот. Порано наведоа дека планираат повторно да го створат тасманискиот волк и волнениот мамут. Но, стартапот има уште многу пред да ја воскреснат додо. Научниците не можат …

Стартап од САД може да ја врати во живот изумрената птица додо Read More »

Автобус од Романија, излета од пат во Словенија, најмалку тројца мртви


Тешка сообраќајна несреќа во која учествувал автобус со странски регистарски таблички се случила на автопатот кон Марибор кај клучката Липовци, јавува словенечки 24ur.com. Три лица загинаа, а повеќе се повредени, соопшти полициското одделение Мурска Собота. Според словенечките медиуми, автобусот е со романски регистарски таблички. Истрагата се уште е во тек.

Непотоплив брод изграден во Шибеник, ќе биде доставен до Министерството за здравство


Првиот од шесте чамци за итна медицинска интервенција на море и на острови кои се градат во бродоградилиштето Искра во Шибеник ги помина сите тестови и наскоро треба да биде предаден на Министерството за здравство. Бродот е долг 15 метри, изработен од алуминиумски легури, практично не потонува и е опремен со современа медицинска опрема, соопшти …

Непотоплив брод изграден во Шибеник, ќе биде доставен до Министерството за здравство Read More »

Општина Илинден ги замени старите вакуум пумпи во пумпната станица Јурумлери


Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и директорот на ЈКП ,,Водовод” од Илинден, Ивица Трипуновски денеска направија увид во пумпната станица Јурумлери, каде беа заменети старите вакуум пумпи за гасно хлорирање на водата во оваа пумпната станица. Како што истакна градоначалникот Георгиевски, старите дотраени пумпи беа заменети со нови енергетско ефикасни, со кои се постигна …

Општина Илинден ги замени старите вакуум пумпи во пумпната станица Јурумлери Read More »

Замената на регистарските таблички со ознаката НМК ќе ги чини граѓаните од 1.400 до 1.500 денари


 Замената на регистарските таблички со ознака МК со нова НМК (NMK) граѓаните треба да ја направат во овластени станици за технички преглед, а тоа ќе ги чини од 1.400 до 1.500 денари. Министерството за внатрешни работи деновиве информираше дека граѓаните и правните субјекти, односно сопствениците на возила дека заклучно со 12.02.2024 мора да извршат промена на регистарските таблички со ознаката МК …

Замената на регистарските таблички со ознаката НМК ќе ги чини граѓаните од 1.400 до 1.500 денари Read More »

Алпинистите Глигор Делев и Надир Мурсели искачија шест врвови на експедиција во Јужна Америка


Шест планински врвови повисоки од 3000 метри надморска височина во неколку земји од Јужна Америка од 12 јануари до 1 февруари искачија алпинистите Глигор Делев и Надир Мурсели.  Нивната експедиција била насочена кон врвови и вулкани што се наоѓаат на над 3000 метри, а најмногу достигнале до 5700 метри надморска височина (мнв).  Во Мексико ги …

Алпинистите Глигор Делев и Надир Мурсели искачија шест врвови на експедиција во Јужна Америка Read More »

Јануари екстремно топол, 3,3 степени над просекот


Јануари 2023 година се карактеризира како екстремно топол и просечен до влажен месец во споредба со многугодишните просечни вредности. Месечната температура се движеше од 0,9 степени Целизиусови во Маврово до 7,6 во Гевгелија. Споредено со просечните јануарски месечни температури, за триестгодишен период (1991-2020), годинашната беше 3,3 степени над просечната на ниво на држава, информира УХМР. …

Јануари екстремно топол, 3,3 степени над просекот Read More »