Растенијата „врескаат“ кога се под стрес, но кој ги слуша?


Најнова студија тврди дека растенијата кога се под стрес освен други работи испуштаат и звук, иако научниците не знаат како го прават тоа. Кога се под стрес, растенијата можат да го променат својот мирис, боја и облик. Научниците овие промени ги објаснуваат со што на тој начин растенијата им сигнализираат на останатите растенија во близина …

Растенијата „врескаат“ кога се под стрес, но кој ги слуша? Read More »

Дестинација за секого: Кафето чини едно евро, а сместување може да најдете за 19 евра


Со оглед на тоа дека цените на Јадранот дивееја, многумина летово ќе бараат алтернативни дестинации за одмор, а порталот „Pun Kufer“ предлага една таква. Станува збор за одморалиштето Сончев Брег, едно од најпопуларните на Црното Море, кое опфаќа пет километри долга песочна плажа во заливот помеѓу Свети Влас и Несебар. Изградена е кон крајот на …

Дестинација за секого: Кафето чини едно евро, а сместување може да најдете за 19 евра Read More »

Млад бездомник добил изгореници по пожарот во напуштената куќа кај Олимписки


Во неделата, во СВР Скопје било пријавено дека околу 00.20 часот настанал пожар во напуштена куќа на ул.„Благоја Деспотовски Шовељ“, во која престојувал бездомникот Р.Р.(24). Во пожарот, Р.Р. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“. Екипа на Бригадата за противпожарна заштита го изгаснала пожарот, а увид извршила екипа од …

Млад бездомник добил изгореници по пожарот во напуштената куќа кај Олимписки Read More »

Поради дефект без електрична енергија неколку улици во Македонска Каменица


Во Македонска Каменица во прекин снабдувањето со електрична енергија на неколку улици во градот. Од контакт центарот на ЕВН информираат дека се работи за дефект на 10 кило волтен далновод, поради што во прекин е снабдувањето со електрична енергија во одредени делови на Македонска Каменица. Во моментот без електрична енергија се домаќинствата на улиците „Езерска“, дел од „Осоговска“, „Илинденска“ …

Поради дефект без електрична енергија неколку улици во Македонска Каменица Read More »

Пожар во соблекувална го одложи почетокот на дуелот Емполи – Лече


Почетокот на натпреварот во Серија А меѓу Емполи и Лече е одложен за час, откако вечерва на изби пожар во една од соблекувалните на стадионот. Италијанската лига на своите социјалните мрежи наведе дека дуелот е одложен за еден час поради „безбедносни причини“. Клубот од Лече на Твитер појасни дека до одложување на стартот дошло поради …

Пожар во соблекувална го одложи почетокот на дуелот Емполи – Лече Read More »

Силен земјотрес го погоди островот Суматра во Индонезија


Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар денеска кај индонезискиот остров Суматра регистрираше силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот бил на 67 километри од градот Падангсидемпан, на длабочина од 91 километар. Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета.  ⚠Preliminary info: M6.4 #earthquake (#gempa) about 80 km SW of #Padangsidempuan (#Indonesia) …

Силен земјотрес го погоди островот Суматра во Индонезија Read More »

(Видео)Абазовиќ не наздрави за победата на Милатовиќ


Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ со својот потег ја насмеа јавноста во регионот. Имено, на социјалните мрежи се појави видео од несмасната реакција на Абазовиќ за време на синоќешната прослава на победата на Јаков Милатовиќ како претседател на Црна Гора. Во тој момент во штабот на Милатовиќ се славеше по објавувањето на резултатите, а се пиеше …

(Видео)Абазовиќ не наздрави за победата на Милатовиќ Read More »

Комисијата за стручен надзор: Преземени се соодветни чекори во лекувањето на Јана


Според анамнезата, клиничкиот преглед и работната дијагноза преземени се соодветни чекори во однос на анализи, третман и опсервација на пациентката, констатираше Комисијата за стручен надзор во извештајот за случајот со лекувањето на 6-годишната пациентка Ј.Х. во Клиничка болница во Битола. – Од анамнезата има податок за прележан ковид пред шест месеци. По направените лабораториски анализи …

Комисијата за стручен надзор: Преземени се соодветни чекори во лекувањето на Јана Read More »

Утре пренасочување на сообраќајот накај Стража, ќе има пригодна свеченост


Секторот за внатрешни работи Тетово ги известува и посетува граѓаните дека утре, вторник, 4 април 2023 година, од 11 часот и 45 минути до 13 часот и 15 минути, на потегот од Стража до тетовски Групчин, ќе се воведе посебен сообраќаен режим поради одржување на пригодна свеченост по повод започнувањето на градежните работи на автопатот …

Утре пренасочување на сообраќајот накај Стража, ќе има пригодна свеченост Read More »

Од денес започнува ТИМСС тестирањето – резултатите се важни за креирање на образовните политики


Од денес започнува тестирање ТИМСС (TIMSS – Trends in International Mathematics and Science Study), во кое се опфатени 150 основни училишта од државата и до крај на наставната година ќе бидат тестирани околу 4.900 ученици на македонски и на албански јазик.  Со учеството во меѓународните студии на мерење на постигањата на учениците се добиваат бројни …

Од денес започнува ТИМСС тестирањето – резултатите се важни за креирање на образовните политики Read More »

Човечки скелет најден во Маврови Анови


Човечки остатоци вчера биле пронајдени кај местото викано „Бел коњ“ во Мавровско езеро во населбата Маврови Анови, гостиварско. Според информациите од СВР Тетово, пронајдени се остатоци од човечки скелет, кои биле подигнати за вештачење. Увид бил извршен во координација со Јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат


Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат од половина до еден денар за литар, а цената на бензините се зголемува за исто толку, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,29  отсто. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) …

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат Read More »

Во 2015 година дојде во Германија како бегалец од Сирија, а сега стана и градоначалник


Германскиот град Остелсхајм во неделата избра сириски бегалец за свој градоначалник со апсолутно мнозинство од 55,41 отсто од гласовите, објави агенцијата ДПА. Дваесет и девет годишниот Рајан Алшебл, кој побегна од Сирија во 2015 година, се кандидираше како непартиски кандидат за градоначалник на Остелсхајм во југозападната сојузна покраина Баден-Виртемберг. Своите искуства во предизборната кампања ги …

Во 2015 година дојде во Германија како бегалец од Сирија, а сега стана и градоначалник Read More »

Фатени комарџии во Тетово


Во неделата околу 23.10 часот во угостителски објект на улица „Љуботенска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.Х.(43) од Тетово, сопственик на објектот и Ф.Б.(53) од скопско Арачиново и А.Р.(56) од скопски Синѓелиќ, поради сомнение дека сториле кривично дело „комар“, казниво по член 398 од Кривичниот законик. Тројцата се задржани …

Фатени комарџии во Тетово Read More »

По 54 дена повторно заедно се мајка и бебе извадени од рушевините во Турција (фото/видео)


Бебето кое 128 часа беше под урнатините по разорниот земјотрес во Турција, по 54 дена повторно е заедно со својата мајка. You probably remember this picture of the baby who spent 128 hours under rubble after an earthquake in Turkey. It was reported that the baby's mom died. Turns out, the mom is alive! She …

По 54 дена повторно заедно се мајка и бебе извадени од рушевините во Турција (фото/видео) Read More »

Лукашенко ја „раздвижи“ војската


Започна проверката на борбената готовност на вооружените сили на Република Белорусија, соопшти Министерството за одбрана. „Денеска, по наредба на шефот на државата, започна проверката на борбената готовност на вооружените сили на Република Белорусија. Настанот е комплексен и овозможува утврдување на способноста на командантите да ги водат воените единици и поединците кога ќе се подигнат на …

Лукашенко ја „раздвижи“ војската Read More »

Нов ровер за на Месечината, би бил голем колку „џип“


Новата вселенска компанија „Астролаб“ соопшти дека неодамна потпишале договор со „Спејс-Икс“ за карго-мисија „Старшип“, планирана за средината на 2026 година. Имено, компанијата работи на возило коешто, според најавите, ќе треба да превезува опрема, материјали и луѓе низ површината на Месечината. Станува збор за ровер наречен „Флексибилна логистика и истражувања“ (Flexible Logistics and Exploration – ФЛЕКС). Ќе …

Нов ровер за на Месечината, би бил голем колку „џип“ Read More »

Претреси во Скопје, приведени 16 лица


Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје се приведени 16 лица поради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, а од нив пет лица се приведени во врска и со сознанија за друго кривично дело. По претходно добиени …

Претреси во Скопје, приведени 16 лица Read More »

Наставниците во Англија ја отфрлија понудата на владата за прекин на штрајкот


Наставниците во Англија со големо мнозинство ја отфрлија понудата на британската Влада да им исплати еднократна парична отштета за прекин на штрајковите, објави денеска синдикатот, најавувајќи нов дводневен штрајк на 27 април и 2 мај. Најголемиот британски образовен синдикат, Националниот образовен синдикат, објави дека 98 отсто од наставниците во Англија кои гласале го следеле советот …

Наставниците во Англија ја отфрлија понудата на владата за прекин на штрајкот Read More »