Дестинација за секого: Кафето чини едно евро, а сместување може да најдете за 19 евра


Со оглед на тоа дека цените на Јадранот дивееја, многумина летово ќе бараат алтернативни дестинации за одмор, а порталот „Pun Kufer“ предлага една таква.

Станува збор за одморалиштето Сончев Брег, едно од најпопуларните на Црното Море, кое опфаќа пет километри долга песочна плажа во заливот помеѓу Свети Влас и Несебар.

Изградена е кон крајот на педесеттите години на минатиот век на место каде во тоа време имало само песок. Но, во меѓувреме таму беа засадени 300.000 зимзелени и листопадни дрвја, повеќе од 700.000 грмушки и многу цвеќиња.

Иако Сончев Брег беше замислен како место за одмор на бугарското население, набрзо стана популарно кај туристите од други земји, особено кај Британците.

Една од најголемите предности на бугарските одморалишта е ниската цена на сместување, храна и пијалоци. Апартмани има по цена од 19 евра по лице за ноќевање, просечната цена на половина литар домашно пиво е 1,58 евра, а во продавница само 0,64 евра. Капучино чини околу едно евро, а оброк во ресторан за две лица околу 30 евра.

Температурата на морето во летните месеци достигнува околу 26 степени, а на располагање се и два тематски водни паркови со бројни базени.

Во близина се наоѓа градот Несебар, чие старо јадро е на листата на УНЕСКО за светско наследство во Европа. Тој град, поради својата архитектура и различните знаменитости, многумина го нарекуваат бисер на Црното Море.

Инаку, во летните месеци, Сончев Брег има богат ноќен живот и има околу сто кафулиња и ноќни клубови, поради што често ја нарекуваат ‘бугарска Ибица’.