По 54 дена повторно заедно се мајка и бебе извадени од рушевините во Турција (фото/видео)


Бебето кое 128 часа беше под урнатините по разорниот земјотрес во Турција, по 54 дена повторно е заедно со својата мајка.

Иако се зборуваше дека двомесечното бебе кое 128 часа беше под урнатините по земјотресот во Турција остана без мајка, се покажа дека жената е всушност жива и дека е лекувана во друга болница, пишува Дневник.хр.

Детето и мајката се повторно заедно по 54 дена. Бебето беше затрупано под урнатините во провинцијата Хатај, беше извлечено од урнатините во областа Искендерун и пренесено во болница.