Лукашенко ја „раздвижи“ војската


Започна проверката на борбената готовност на вооружените сили на Република Белорусија, соопшти Министерството за одбрана.

„Денеска, по наредба на шефот на државата, започна проверката на борбената готовност на вооружените сили на Република Белорусија. Настанот е комплексен и овозможува утврдување на способноста на командантите да ги водат воените единици и поединците кога ќе се подигнат на највисоко ниво степенот на борбена готовност, како и подготвеноста на воените единици за извршување на задачите во наведениот рок“, се наведува во соопштението.

За време на проверката на готовноста предвидено е движење на воена опрема, можно е привремено ограничување на движењето на цивилни возила по патиштата.