Германија го одобри барањето на Полска за извоз на МиГ-29 во Украина


 Германија го одобри барањето на Полска за извоз на стари германски борбени авиони МиГ-29 во Украина, соопшти денеска германското Министерство за одбрана. Полска побара одобрение од Берлин за извоз на пет стари германски авиони МиГ-29 за зајакнување на воздушните сили на Украина во одбраната од руската агресија. Полското Министерство за одбрана се уште не го …

Германија го одобри барањето на Полска за извоз на МиГ-29 во Украина Read More »

Обилни дождови во Иран предизвикаа поплави во кои загинаа најмалку две лица


Најмалку две лица загинаа во поплави во северниот и западниот на Иран предизвикани од обилни дождови, јавија денеска државните медиуми. Државната служба за итни случаи соопшти дека во последните 24 часа едно лице починало во провинцијата Казвин, а друго во Илам. Едно лице загина од гром во провинцијата Западен Азербејџан. Метеоролошкиот оддел на Иран предупреди …

Обилни дождови во Иран предизвикаа поплави во кои загинаа најмалку две лица Read More »

Вучиќ изнесе пет заклучоци од состанокот со Србите на Косово


Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој со премиерката Ана Брнабиќ и членови на владата се на средба со Србите од Косово во Рашка, констатираше пет заклучоци кои ќе бидат предложени до Владата, да постапи според нив, јави дописникот на МИА од Белград. – Ќе и предложиме на Владата да донесе заклучоци – а тоа е да …

Вучиќ изнесе пет заклучоци од состанокот со Србите на Косово Read More »

Потребно воспоставување мерит систем во изборот на членови на управните одбори во јавните претпријатија


Во 250 институции во државата со управни и надзорни органи, кај 60 проценти има директори со целосна функција, а кај 40 проценти се назначени вршители на дејност. Во овие институции има околу 3000 лица кои се членови на управни и надзорни одбори кои треба да вршат надзор над работата на институциите, а нема воедначеност, туку разноликост …

Потребно воспоставување мерит систем во изборот на членови на управните одбори во јавните претпријатија Read More »

Милијарда евра одобрени за набавка на муниција за Украина


 Советот на Европската унија денеска во рамките на Европскиот фонд за мировна помош (ЕПФ) одобри една милијарда евра кои треба да им бидат исплатени на земјите-членки како компензација за трошоците за муниција донирана на Украина од постоечките залихи. „Со денешната одлука го операционализираме првиот дел од историскиот договор постигнат од лидерите на ЕУ за итна …

Милијарда евра одобрени за набавка на муниција за Украина Read More »

Поради добиена лажна бомба беше евакуиран Парламентот на Холандија


Парламентот на Холандија денеска беше евакуиран по добиена лажна бомба. По еден час, откако беа извршени проверки полицијата дозволи враќање во зградата. Лидерот на Партијата на слободата и пратеник, Герт Вилдерс изјави дека лажната бомба била наменета за него и дека тоа е причината за евакуацијата. – Пакет со кадифено мече и жици беше доставен во мојата канцеларија во Парламентот. За …

Поради добиена лажна бомба беше евакуиран Парламентот на Холандија Read More »

Сојузот на средношколци бара пратениците да им овозможат бесплатен јавен превоз за сите ученици


По еден месец откако до Собранието достави предлог за изменување и дополнување на Законот за средното образование, со цел да се овозможи бесплатниот јавен превоз да важи и за учениците во приватните средни училишта, Сојузот на средношколци денеска ги повика сите пратеници да го стават на дневен ред и да го изгласаат. – Денеска изминува …

Сојузот на средношколци бара пратениците да им овозможат бесплатен јавен превоз за сите ученици Read More »

Притвор за 61-годишник кој се самозадоволувал пред малолетнички


Основното јавно обвинителство Битола поведе истражна постапка против 61-годишно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжено кривично дело – Задоволување на полови страсти пред друг од член 190 став 3 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Основаното сомнение дека пријавениот го сторил кривичното дело произлегува од обезбедените докази, вклучително и вербални …

Притвор за 61-годишник кој се самозадоволувал пред малолетнички Read More »

Кремљ: Црното Море никогаш нема да биде море на НАТО


Црното Море никогаш нема да биде море на НАТО, тоа е заедничко море, таму мора да има неделива безбедност, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков. „Црното Море никогаш нема да биде море на НАТО. Тоа е заедничко море на сите приморски држави и треба да биде море на соработка, интеракција и безбедност. Во …

Кремљ: Црното Море никогаш нема да биде море на НАТО Read More »

МОН смирува: Ќе има историја, географија и граѓанско образование за шесто одделение


Министерството за образование и наука (МОН) денеска информира дека ќе има историја, географија и граѓанско за шесто одделение. Ова следува како реакција откако во наставната програма за шесто одделение за следната учебна година која е објавена на интернет страницата на Бирото за развој на образованието ги немаше предметите географија, историја и етика на религиите. -Информираме …

МОН смирува: Ќе има историја, географија и граѓанско образование за шесто одделение Read More »

Најскапото возење со такси од аеродром до градот во светот


Кога ќе слетате по долго патување, секогаш размислувајте дека би сакале да се возите со такси до вашето сместување, со што ќе избегнете гужви и нема да губите време во јавниот превоз. Сепак, дали е ова секогаш можно? Односно, дали вреди? Понекогаш фаќањето такси од аеродром е вистински луксуз. Повеќето туристи се обидуваат да ги …

Најскапото возење со такси од аеродром до градот во светот Read More »

Драма во Полска: Пред украинскиот конзулат се самозапали постар маж


Постар Украинец се самозапали денеска пред украинскиот конзулат во Краков, Полска. Тој им викал на сонародниците во редот пред зградата да се вратат во татковината и да се борат против Русија, јавуваат полските медиуми. „Околу осум часот наутро, 63-годишен маж стоел во ред пред украинскиот конзулат во Краков, кога наеднаш почнал да вика нешто на …

Драма во Полска: Пред украинскиот конзулат се самозапали постар маж Read More »

Субвенционирани летови до Франкфурт, Луксембург, Штутгард, Салцбург и Љубљана


Со субвенции од Владата, германската авиокоманија „Луфтханза“ ќе воведе една нова авиолинија – од Скопје до Франкфурт, а „Виз Ер“ четири, – од Скопје до Луксембург, Штутград, Салцубург и до Љубљана. Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски на прес-конференција објавија дека е успешен повикот за субвенции за нови авиолинии што …

Субвенционирани летови до Франкфурт, Луксембург, Штутгард, Салцбург и Љубљана Read More »

(Во живо) За воведувањето нови авионски линии од Скопје и од Охрид


Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ќе одржи прес-конференција за воведувањето на нови авиолинии од двата аеродроми, меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.   

ЈСП за празниците ќе возат по неделен возен ред


Ве информираме дека во пресрет на претстојните велигденски празници, возилата од јавниот превоз утре, петок (14.04.2023 год) ќе сообраќаат по неделен возен ред, со исклучок на автобусите на линиите 18А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 кои ќе сообраќаат по саботен возен ред. Во сабота (15.04.2023 год), недела …

ЈСП за празниците ќе возат по неделен возен ред Read More »

Австралија ќе биде погодена од бура со налети на ветер над 285 км/ч


Австралиското биро за метеорологија (БОМ) предвидува дека масивен циклон кој се приближува до западниот брег на Австралија ќе падне на копно како бура од 5-та категорија, најсилната категорија на национално ниво. Се очекува циклонот Илса да го погоди регионот Пилбара во четврток навечер или петок наутро по локално време, со налети на ветер над 285 …

Австралија ќе биде погодена од бура со налети на ветер над 285 км/ч Read More »

Нова студија открива дека ракот се развива долго – ги изненади научниците


Анализа за тоа како расте ракот откри „речиси бесконечна“ способност на туморите да растат и преживеат, велат научниците, а пренесува Би-би-си. Резултатите од деветгодишното следење на ракот на белите дробови го „изненадија“ и „зачудија“ научниот тим, кој доби увид во огромната сила против која се бори. Тие заклучија дека треба да се стави поголем фокус …

Нова студија открива дека ракот се развива долго – ги изненади научниците Read More »

(Видео) Погледнете ја куќата за симулација на живот на Марс


Четири мали соби, теретана и многу црвен песок – НАСА претстави куќа во која четири лица од јуни ќе бидат затворени повеќе од една година за да симулираат живот на Марс. Живеалиштето наречено Mars Dune Alpha се наоѓа во истражувачки капацитет на американската вселенска агенција во Хјустон, Тексас. Четворица волонтери кои ќе живеат таму ќе …

(Видео) Погледнете ја куќата за симулација на живот на Марс Read More »

Нови протести ширум Франција против пензиската реформа


 Француските синдикати денеска повторно повикаа на штрајкови и протести ширум земјата против пензиските реформи на претседателот Емануел Макрон. Властите очекуваат дека на денешните 12-ти протести да учествуваат од 400 до 600 илјади лица. Планирано е да се ангажираат 11.500 полицајци, од кои 4.200 ќе бидат во Париз. Уставниот совет се очекува утре да ги соопшти …

Нови протести ширум Франција против пензиската реформа Read More »

Се зголемува нивото на гасови што го оштетуваат озонот: „Не знаеме од каде доаѓаат“


Научниците утврдија дека во атмосферата брзо се зголемуваат нивоата на пет хлорофлуоројаглероди кои ја осиромашуваат озонската обвивка, а се штетни материи кои се глобално забранети од 2010 година поради опасноста што ја претставуваат за животната средина. Во една студија објавена минатата недела во списанието Nature Geoscience, тим од меѓународни научници велат дека изворот на емисиите …

Се зголемува нивото на гасови што го оштетуваат озонот: „Не знаеме од каде доаѓаат“ Read More »