Нападната екипа на брзата помош


Во петокот, во 16.35 часот во СВР Скопје, од Итната медицинска помош било пријавено дека при интервенција во село Инџиково, Т.К.(42) се обидел со остар предмет да ја нападне екипата за домашна посета. Во нападот бил спречен од возачот на Итната медицинска помош.   По документирање на случајот Единицата за насилен криминал при СВР Скопје …

Нападната екипа на брзата помош Read More »

Маск предупредува: Следната година многу компании ќе банкротираат


Во текот на изминатата година, Елон Маск често се жалеше на макроекономијата, инфлацијата и зголемените каматни стапки кои влијаат на куповната моќ. Тој предвиде дека ваквата „забавена“ економија веројатно ќе трае уште една година, но сега даде подраматични предвидувања. Основачот на „Tesla“ предвидува дека многу компании ќе банкротираат во следната година.   На годишното собрание …

Маск предупредува: Следната година многу компании ќе банкротираат Read More »

„Огнените“ се налутија: Не се самоисклучивме, од ДУИ манипулираат


Огнената група од ДУИ е огорчена што од медиумите дознала за состанокот и одлуките донесени на тајната средба на Претседателството на ДУИ дека тие самите заминале од партијата. Велат дека ова е манипулација на раководството. -Не се „самоисклучивме“, туку го напуштивме состанокот (на 1 април) во знак на протест како резултат на непочитувањето и манипулацијата …

„Огнените“ се налутија: Не се самоисклучивме, од ДУИ манипулираат Read More »

Филм направен од вештачка интелигенција: Како би изгледал контактот на вонземјаните со Земјата (видео)


Во екот на секојдневната еволуција и чудата што ни ги презентира AI(вештачка интелигенција), група истражувачи неодамна го претставија првиот AI филм со помош на вештачка интелигенција, пренесе Денар. Имено, станува збор за филмот „Last Stand“ кој е направен како дел од истражувањето на можностите и опциите кои ги нуди вештачката интелигенција, а се работи за …

Филм направен од вештачка интелигенција: Како би изгледал контактот на вонземјаните со Земјата (видео) Read More »

Туристите се враќаат во Грција, но ѝ фалат сезонски работници


Грција како медитеранска земја која се натпреварува со Хрватска, Црна Гора и другите летни дестинации во привлекувањето туристи, бележи забележително враќање на гостите по пандемијата на корона вирусот, но и недостасуваат сезонски работници. Делфи е мал град познат по античките урнатини на храмот на Аполон, каде што пророчицата Питија ја претскажала иднината. Јанис Папатанасиу, 48-годишниот …

Туристите се враќаат во Грција, но ѝ фалат сезонски работници Read More »

Три лица загинаа во пад на туристички авион во Швајцарија


Три лица загинаа денеска при уривање на туристички авион во планинската област на кантонот Нојшател на западот на Швајцарија, соопшти портпаролот на кантоналната полиција. „Пилотот и двајцата патници загинаа“, соопшти полицијата без да даде детали за жртвите. Авионот со швајцарски регистарски таблички полетал од аеродромот Шо-де-Фонд на туристички лет и се урнал во близина на …

Три лица загинаа во пад на туристички авион во Швајцарија Read More »

Пронајдени остатоците од авионот што исчезна во Хрватска


Околу 19 часот и 15 минути, во шумската област Мали Маковник, на планината Капела, пронајдени се остатоците од авионот Cirrus 20 означен со PHYMC, по кој се трагаше од 12.30 часот кога исчезна од радарот во Личкоа-сењската жупанија. Шефот на потрагата Јосо Живковиќ не можеше да потврди дали покрај пронајдените делови од авионот се пронајдени …

Пронајдени остатоците од авионот што исчезна во Хрватска Read More »

Германија го олеснува патот до државјанство


Германската влада постигна договор за нов закон за државјанство што го олеснува процесот на натурализација. Во исто време, доделувањето државјанство во некои случаи ќе биде целосно исклучено. Имено, лицата кои извршиле кривични дела мотивирани од антисемитизам, расизам или слични злосторства од омраза нема да можат да добијат пасош.   Новиот предлог закон за државност Министерството …

Германија го олеснува патот до државјанство Read More »

Мал авион исчезна во Хрватска, 120 луѓе трагаат, а дел од теренот е миниран


Мал авион „Cirrus 20“ со ознака PHYMC, кој бил на лет од Марибор за Пула, исчезнал од радарот денеска околу 12 часот и 30 минути северно од Језеран, извести Управата за контрола на воздушната навигација и цивилна заштита на Хрватска. Оперативниот центар за цивилна заштита започна акција за пребарување и спасување на леталото. На терен …

Мал авион исчезна во Хрватска, 120 луѓе трагаат, а дел од теренот е миниран Read More »

Милатовиќ по преземањето на функцијата: Ќе бидам кохезивен фактор во борбата за подобра Црна Гора


Новоизбраниот претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ положи заклетва во Собранието на Црна Гора и ја презеде должноста претседател на таа земја. Милатовиќ во својот говор истакна дека ќе биде претседател на сите граѓани, дека ќе работи на економско промоција на Црна Гора и добрососедски односи, јави Радиотелевизија на Црна Гора. „Ќе бидам вистински претседател …

Милатовиќ по преземањето на функцијата: Ќе бидам кохезивен фактор во борбата за подобра Црна Гора Read More »

Георгиев: Судскиот совет ќе работи транспарентно и законито


 Потребна е голема посветеност и лидерство за да се надминат проблемите и да не се дозволи натамошно нарушување на меѓучовечките односи. Се нафатив да бидам претседател во едно сензитивно време, кое не е само предизвик, туку и храброст, посочи претседателот на Судскиот совет Сашко Георгиев. Тој во синоќешното интервју за „Трилинг“  испрати јасна порака до …

Георгиев: Судскиот совет ќе работи транспарентно и законито Read More »

Летната тераса на штипски Дом на млади се отвара со концерт на ,,Леб и сол”


Штипјани вечер ќе може да уживаат на концерт на реконструираната летна тераса во Домот на млади. Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов на денешната прес-конференција истакна откако претходната година објектот беше комплетно саниран, како надворешно, така и ентериерно, од почетокот на годинава се работеше на летната тераса. Директорот на Дом на млади Штип Видан Лазарев …

Летната тераса на штипски Дом на млади се отвара со концерт на ,,Леб и сол” Read More »

Ангелов оптимист дека Владата ќе ја прифати иницијативата за обештетување на бранителите од 2001 година


На вчерашната средба со коалициските партнери од СДСМ разговаравме за иницијативата што ја поднесовме до Владата, за да се донесе одлука за обештетување на бранителите од 2001 година. Од страна на премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, е дадена недвосмислена поддршка но и зелено светло истата да биде сериозно разгледана, рече денеска …

Ангелов оптимист дека Владата ќе ја прифати иницијативата за обештетување на бранителите од 2001 година Read More »

Герасимовски со Екопикник ги поддржа локалните производители


Денес, во Паркот на франкофонијата за прв пат се одржа манифестацијата ЕКОПИКНИК во организација на Општина Центар, проследена со забава и активности по повод одбележување на Меѓународниот ден на семејството. Со цел промоција на локалните производи, излагачи на настанот беа македонски производители на храна и пијалаци, а на штандовите беше застапена традиционалната македонска храна. Во …

Герасимовски со Екопикник ги поддржа локалните производители Read More »

Пригожин: „Вагнер“ ќе ја предаде контролата врз Бахмут на руската армија на 25 мај


Шефот на приватната воена компанија „Вагнер“, Евгениј Пригожин изјави дека таа на 25 мај ќе ја предаде контролата врз Бахмут на руската армија, пренесоа светските агенции. „До 25 мај ние целосно ќе го пребарaме градот, ќе создадаме одбранбени позиции и ќе го предадаме на војската да се грижи за него“, рече Пригожин во видеото што …

Пригожин: „Вагнер“ ќе ја предаде контролата врз Бахмут на руската армија на 25 мај Read More »

Анчелоти ќе остане во Реал и следната сезона


Карло Анчелоти потврди дека ќе остане во Реал Мадрид и следната сезона. – Оценуваме што се случи во средата и во текот на овие две сезони. Последниот натпревар беше многу лош (0:4 од Манчестер сити) сите сме повредени. Сепак, беше добра сезона, но можеше да биде уште подобра. Ќе анализираме и тоа ќе биде чекор …

Анчелоти ќе остане во Реал и следната сезона Read More »

Паднa Бахмут? „Тој е целосно освоен“ – Украинците итно се огласија


„Во попладневните часови на 20 мај Бахмут, последниот дел од таканаречената повеќекатница Самолет, беше целосно окупиран“, изјави сопственикот и основач на руската воена платеничка група Вагнер, а пренесува РИА Новости. Контролата над градот ќе биде префрлена на Министерството за одбрана, прецизира Евгениј Пригожин. Тој им се заблагодари на генералите Сергеј Суровикин и Михаил Мизинцев кои …

Паднa Бахмут? „Тој е целосно освоен“ – Украинците итно се огласија Read More »

Ангелов: Се надевам следната недела ќе имаме информации околу штетата на мостот „Беласица“


Мостот „Беласица“ во овој момент се вештачи од страна на врвни стручни лица, професори, кои ќе ја утврдат штетата. Се надевам дека веќе следната недела ќе имаме информации колкава е штетата и колку време ќе биде потребно истата да биде санирана, изјави денеска директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов во одговор …

Ангелов: Се надевам следната недела ќе имаме информации околу штетата на мостот „Беласица“ Read More »

Ново влошување на времето во Италија поради нов циклон кој доаѓа од Тунис


Во италијанскиот регион Емилија Ромања и денеска во сила е црвено предупредување поради нов циклон кој доаѓа од Тунис, кој влијае на времето во земјата, јавија италијанските медиуми. Се верува дека новите дождови би можеле повторно да го подигнат нивото на реките во сериозно поплавеното подрачје. Но, врнежи се предвидуваат и на островот Сицилија, на …

Ново влошување на времето во Италија поради нов циклон кој доаѓа од Тунис Read More »

СПЦ  одлучи да даде канонски отпуст на ПОА за интегрирање во МПЦ-ОА


На овогодишното заседание на Светиот архиерејски синод на Српската православна црква (СПЦ) особено внимание беше посветено на темата за конечното решавање на канонскиот статус на архиереите на Православната Охридска Архиепископија, во светло на минатогодишната одлука на Светиот архиерејски синод за враќање во канонски статус и воспоставување литургиско единство, како и последователната одлука за доделување на …

СПЦ  одлучи да даде канонски отпуст на ПОА за интегрирање во МПЦ-ОА Read More »