Паднa Бахмут? „Тој е целосно освоен“ – Украинците итно се огласија


Фото: АП

„Во попладневните часови на 20 мај Бахмут, последниот дел од таканаречената повеќекатница Самолет, беше целосно окупиран“, изјави сопственикот и основач на руската воена платеничка група Вагнер, а пренесува РИА Новости.

Контролата над градот ќе биде префрлена на Министерството за одбрана, прецизира Евгениј Пригожин.

Тој им се заблагодари на генералите Сергеј Суровикин и Михаил Мизинцев кои „го овозможија извршувањето на оваа тешка операција“.

Тој особено му се заблагодари на Путин што, како што рече, „им даде можност и висока чест да ја бранат нашата татковина“.

Припадник на Вагнер изјави за РИА Новости дека јуришните одреди се на пат кон селото Ивановскоје, контролирано од Киев, што стана „финиш“ во битките за Бахмут.

Неговиот колега, исто така, рече дека во текот на изминатиот ден, руските сили зазеле делови од периферијата на градот, принудувајќи ги украинските сили да се повлечат од своите упоришта.

Бахмут се наоѓа во регионот Доњецк, северно од градот Горловка. Станува збор за важен транспортен центар за снабдување на украинската армија во Донбас, кој со месеци е сцена на жестоки борби.

Украинците негираа
Украинската армија денеска негираше дека руската приватна паравоена организација „Вагнер“ презела целосна контрола над градот Бахмут и објави дека нејзините војници продолжуваат да се борат таму.

„Тоа не е точно. Нашите единици се борат во Бахмут“, изјави портпаролот на украинската армија Серхиј Череваџи за Ројтерс откако лидерот на Вагнер, Евгениј Пригожин објави дека е постигната целосна контрола врз украинскиот град Бахмут.

Овие тврдења Пригожин ги изнел во видео во кое се појавува во униформа пред борците кои држеле руски знамиња и симболи на Вагнер.