Маск предупредува: Следната година многу компании ќе банкротираат


Во текот на изминатата година, Елон Маск често се жалеше на макроекономијата, инфлацијата и зголемените каматни стапки кои влијаат на куповната моќ. Тој предвиде дека ваквата „забавена“ економија веројатно ќе трае уште една година, но сега даде подраматични предвидувања.

Основачот на „Tesla“ предвидува дека многу компании ќе банкротираат во следната година.

 

На годишното собрание на акционерите на „Tesla“, Маск го повтори своето мислење за економијата за да ги предупреди дека следните 12 месеци може да бидат тешки, пренесе „Јутарњи“.

„Тоа ќе бидат предизвикувачки 12 месеци. Сакам да бидам реален за ова. И Tesla не е имун на глобалното економско опкружување. Макроекономската состојба ќе биде многу тешка во следните 12 месеци.

Маск додаде дека верува дека „многу компании“ нема да преживеат.

„Tesla“ ќе го преброди тоа и ќе бидеме добро, но мислам дека ќе видиме дека многу компании ќе банкротираат“.

Сепак, Маск не прецизираше кои компании верува дека ќе банкротираат.