Поради асфалтирање затворен за сообраќај патот Велес – Градско


Делницата Велес – Градско на регионалниот пат 1102 денеска ќе биде целосно затворен за сообраќај поради градежни активности, односно асфалтирање.  Како што соопшти АМСМ, прекинот во сообраќајот ќе биде во периодот од 08 до 16 часот. 

Меѓународен детски фолклорен фестивал „Св.Троица“ во општина Илинден


За прв пат денеска во општина Илинден ќе се одржи меѓународниот детски фолклорен фестивал „Св.Троица“, кој претходно има осумгодишна традиција во Долно Лисиче. Фестивалот се одржува во чест на празникот Св.Троица.  Со почеток од 17 часот пред спортската сала „Гоце Делчев“ во Илинден ќе почне фестивалското дефиле со сите учесници кои ќе се упатат кон …

Меѓународен детски фолклорен фестивал „Св.Троица“ во општина Илинден Read More »

Најмалку 280 мртви во вчерашната трагедија во Индија


Најмалку 288 потврдени жртви во вчерашната катастрофална несреќа во сурди на возови во градот Баласор во источната индиска држава Одиша. Бројката на повредени стигна и над илјада, а според спасувачите бројката на жртви ќе се зголеми, бидејќи сè уште има луѓе заглавени под вагоните. Причината за несреќата сè уште е непозната. Несреќата се случила во …

Најмалку 280 мртви во вчерашната трагедија во Индија Read More »

Денеска е Задушница, утре Педесетница (Духовден)


Православните христијани денеска ги празнуваат Светиот цар Константин и Светата царица Елена и Задушница, а утре Педесетница – Слегување на Светиот Дух (Духовден). Царот Константин Велики и неговата мајка, царицата Елена, за нивните заслуги во признавањето и ширењето на христијанството Светата црква ги прогласила за светители и рамноапостолни, што значи по значење рамни на апостолите. …

Денеска е Задушница, утре Педесетница (Духовден) Read More »

Претпладне сончево, попладне на места нестабилно со пороен дожд


Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а од пладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал …

Претпладне сончево, попладне на места нестабилно со пороен дожд Read More »

За викендов и наредната недела претпадне сончево, а попладне нестабилно


 За време на викендот и во текот на следната недела во попладневните часови ќе се задржи нестабилно време со појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и услови за изолирана појава на град, соопшти УХМР.  …

За викендов и наредната недела претпадне сончево, а попладне нестабилно Read More »

Првиот лет со екипаж со „старлајнер“ на „Боинг“ е одложен поради технички проблеми


Вселенското летало „старлајнер“ на „Боинг“ требаше да ја изврши својата прва мисија со екипаж и патување до Меѓународната вселенска станица (ISS) на 21 јули, но техничките проблеми го попречија тој план. Боинг заедно со американската вселенска агенција НАСА објавија дека ја одложуваат мисијата за тестирање на летот на екипажот поради два нови технички проблеми со …

Првиот лет со екипаж со „старлајнер“ на „Боинг“ е одложен поради технички проблеми Read More »

Најмалку 50 загинати и 300 повредени во железничка несреќа во Индија


Најмалку 50 луѓе загинаа, а 300 се хоспитализирани во Индија кога патнички воз се судри со товарен воз во индиската држава Одиша, соопштија индиските медиуми и локалните власти. Возот „Коромандел експрес“, кој сообраќал од Калкута до Ченај, излетал од шините и удрил во товарен воз. Во тек се спасувачки операции. Во судир на два воза …

Најмалку 50 загинати и 300 повредени во железничка несреќа во Индија Read More »

Не сакате да вежбате – прошетајте: Еве што се случува со телото кога редовно пешачите


Дали пешачењето е адекватна замена за вежбање? Зошто треба редовно да пешачите? Доколку не сте љубител на тренинзите и теретаната, дури и одењето може да ви биде корисно доколку сакате да се ослободите од вишокот килограми, но не само за тоа! Вежбањето е многу важно за одржување на кондицијата и здравјето бидејќи физичката кондиција го …

Не сакате да вежбате – прошетајте: Еве што се случува со телото кога редовно пешачите Read More »

Ахмети и Груби го посетија семејството на Хашим Тачи кому му се суди во Хаг


На социјалните мрежи Ахмети објави фотографии од средбата и порача дека Тачи и неговите пријатели го бранат достоинството на ОВК и како победници ќе се вратат во својата земја. „Денеска го посетив семејниот дом на мојот пријател и поранешен претседател на Косово, Хашим Тачи, за да им дадам поддршка и сила на неговите родители и …

Ахмети и Груби го посетија семејството на Хашим Тачи кому му се суди во Хаг Read More »

Повредениот во сообраќајката кај Штип кој беше пренесен во Скопје е во стабилна состојба


 Во стабилна состојба е повредениот во сообраќајната несреќа на автопатот Штип – Миладиновци, кој со тешки телесни повреди беше пренесен од штипската Клиничка болница на скопските клиники, изјави за МИА доктор Неџати Јакупи од Клиниката за торакална и васкуларна хирургија. -Повредениот е на возраст од 29 години, во стабилна состојба е, со скршени ребра и …

Повредениот во сообраќајката кај Штип кој беше пренесен во Скопје е во стабилна состојба Read More »

Многу тепачки низ земјава, најмногу настрадале малолетници


Полицискиот билтен денеска изобилува со физички пресметки, односно тепачки, каде се пресметувале малолетници, но и сопружници и роднини, како и колеги и жени. На подрачјето на Центар бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу С.И.С.(49) и М.Т.А.(42), двете од Скопје.  Во 15 часот М.Д.А.(61) од Скопје пријавил дека околу 1 часот на …

Многу тепачки низ земјава, најмногу настрадале малолетници Read More »

Со 2.000 учесници почна „Охрид трчаТ“


Вкупно 1.930 лица од 28 држави ќе учествуваат на трките од 21 и пет километри, како и штафетната трка, на седмото издание на „Охрид трчаТ“ што в недела ќе се одржи во Охрид, информираа денеска на прес-конференција градоначалникот Кирил Пецаков, директорот на манифестацијата Иван Цветкоски и спортскиот директор Јоне Станковски. Во рамките на спортската манифестација …

Со 2.000 учесници почна „Охрид трчаТ“ Read More »

Бесплатна одбојка на кејот на Вардар во Аеродром


И ова лето, одбојкарското игралиште на кејот на реката Вардар во Општина Аеродром ќе биде отворено за сите љубители на одбојката на песок. – Термините се бесплатни и се закажуваат на телефонскиот број 076 960 180. Пожелно е да се резервира неколку дена однапред, информираат од општината.  – Терените се отворени секој ден од 10 …

Бесплатна одбојка на кејот на Вардар во Аеродром Read More »

Рама оптимист дека ќе бидат исполнети барањата поставени од ЕУ и од Косово и од Србија


Албанскиот  премиер Еди Рама им се заблагодари на францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, за покажаното инсистирање и посветеност да седнат  претседателката на Косово Вјоса Османи и српскиот претседател Александар Вучиќ да разговараат. Преку објава на Твитер, Рама нагласува дека се надева оти барањата …

Рама оптимист дека ќе бидат исполнети барањата поставени од ЕУ и од Косово и од Србија Read More »

Станици за отпад во Карпош работеле без дозвола


 Акциска контрола на шест правни лица – отпади на подрачјето на Карпош во Скопје извршиле вчера полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал и полициски службеници од СВР Скопје, во соработка со инспектори од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) и Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС). Како што соопшти МВР, при тоа во рамки …

Станици за отпад во Карпош работеле без дозвола Read More »

Трета жртва во сообраќајката на автопатот Штип-Миладиновци, почина и 37-годишна жена


Се зголемува бројот на жртви во тешката сообраќајна несреќа, која се случи на автопатот Штип-Миладиновци на околу половина километар на патарината кај село Кадрифаково. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека од страна на Клиничка болница-Штип добиле пријава дека на тешките телесни повреди подлегнала и 37-годишна жена. Претходно информиравме дека во судир меѓу две возила …

Трета жртва во сообраќајката на автопатот Штип-Миладиновци, почина и 37-годишна жена Read More »

Околу 160 килограми кокаин вреден 10 милиони евра запленија македонската и грчката полиција


Околу 160 килограми висококвалитетен кокаин запленет е од страна на македонската и грчката полиција во акција во Грција координирана со американската ДЕА.  Вредноста на кокаинот се проценува на повеќе од 10 милиони евра.  Разбиена е голема организирана криминална група која била следена подолг период, а уапсени се повеќе грчки и македонски државјани. Од македонското МВР …

Околу 160 килограми кокаин вреден 10 милиони евра запленија македонската и грчката полиција Read More »

Шпанската католичка црква: 728 наши членови сексуално злоставувале 927 малолетници во периодот од 1945 до 2022 година


Шпанската католичка црква објави дека 728 нејзини членови сексуално злоставувале најмалку 927 малолетници во периодот од 1945 до 2022 година. Тој број не е конечен бидејќи црковните центри за жртви се уште работат, се вели во извештајот. Весникот Ел Паис пишува дека тие бројки се однесуваат само на случаи за кои Црквата станала свесна откако …

Шпанската католичка црква: 728 наши членови сексуално злоставувале 927 малолетници во периодот од 1945 до 2022 година Read More »

Загинаа девојче и жена на автопатот Штип – Миладиновци, сообраќајот пренасочен по стариот регионален пат


 Две жртви во тешката сообраќајна несреќа на автопатот Штип – Свети Николе на околу половина километар од патарината кај село Кадрифаково. Несреќата се случила во 12:10 часот меѓу две возила. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова, за МИА потврдува дека станува збор за несреќа во која животите на самото место ги загубили 15-годишно девојче и 62-годишна …

Загинаа девојче и жена на автопатот Штип – Миладиновци, сообраќајот пренасочен по стариот регионален пат Read More »