Најмалку 280 мртви во вчерашната трагедија во Индија


Најмалку 288 потврдени жртви во вчерашната катастрофална несреќа во сурди на возови во градот Баласор во источната индиска држава Одиша.

Бројката на повредени стигна и над илјада, а според спасувачите бројката на жртви ќе се зголеми, бидејќи сè уште има луѓе заглавени под вагоните.

Причината за несреќата сè уште е непозната. Несреќата се случила во 19 часот по локално време.

Еден преживеан вели дека спиел кога слушнал силен удар. Се разбудил и видел 10-15 мртви луѓе околу себе. Едвај излегол од вагонот. 

На местото на несреќата уште има спасувачки екипи кои се обидуваат да ги извлечат жртвите. Околу 200 амбулантни возила чекаат да ги прифатат преживеаните. 

Според досегашните сознанија, од шините излетале два патнички и еден товарен воз. На снимките од местото на несреќата се гледаат  спасувачите кои во превртените и уништени вагони  очајнички се обидуваат да ги спасат повредените патници.

Индискиот министер за железници Ашвини Ваишнау за новинската агенција АНИ, изјави дека наредил итна истрага за причините за несрежата возовите. Премиерот Нарендра Моди потресено  напиша на Твитер: „Во овој час на тага, моите мисли се со ожалостените семејства“.

Набргу по несреќата, кабинетот на премиерот најави обештетување за роднините на загинатите од по 200.000 рупии (2.267 евра). Повредените, пак, треба да добијат по 50.000 рупии, а министерот за железници Ашвини Ваишнав вети и дополнителна отштета од еден милион рупии за роднините на загинатите.

Бројни спасувачи на местото на несреќата во областа Баласоре во источната индиска држава Одиша