Ахмети и Груби го посетија семејството на Хашим Тачи кому му се суди во Хаг


Ахмети на гости кај семејството на Хашим Тачи

На социјалните мрежи Ахмети објави фотографии од средбата и порача дека Тачи и неговите пријатели го бранат достоинството на ОВК и како победници ќе се вратат во својата земја.

„Денеска го посетив семејниот дом на мојот пријател и поранешен претседател на Косово, Хашим Тачи, за да им дадам поддршка и сила на неговите родители и роднини во битката за правда. Правдата може да биде одложена, но никогаш не е заборавена, вели Ахмети. Со гордост ќе ги пречекаме Тачи и останатите кога ќе се вратат како победници на правдата“, додаде Ахмети.

Во Хаг им се суди и на други поранешни водачи на ОВК: Кадрије Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи. Тие се обвинети се за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени во 42 незаконски притворања на поранешната ОВК во Косово и Албанија на најмалку 407 притвореници, од кои најмалку 98 се убиени.

Обвинети се за мачење и убивање луѓе, а за овие злосторства им се заканува доживотен затвор.

Во обвинението се наведува дека делата за кои се товарат се извршени во периодот од март 1998 година до септември 1999 година, на повеќе места во Косово, како и во Кукс и Чахан, во Северна Албанија.