Јавни претпријатија ќе ги санираат улиците и патиштата во Делчево и Крива Паланка кои беа оштетени од поплавите


Јавното претпријатие за одржување магистрални и регионални патишта и Јавното претпријатие за државни патишта ќе ги преземат сите потребни мерки и активности за санирање, заштита и реконструирање на улиците во општините Делчево и Крива Паланка, одлучи Владата на денешната седница. Со цел ефикасност во постапувањето, Владата ги задолжи овие две претпријатија во рок од шест …

Јавни претпријатија ќе ги санираат улиците и патиштата во Делчево и Крива Паланка кои беа оштетени од поплавите Read More »

Исчезната е 46-годишна скопјанка


Вчера во полициска станица било пријавено исчезнување на 46-годишна жена. – На 26.06.2023 во 10.00 часот во Полициската станица Гази Баба, К.Ш.(56) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата сопруга А.Ш.(46), информира МВР. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.  

Кличко критикуван од украинската Влада заради состојбата со засолништата во Киев


 Украинската влада денеска го прекори градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, по критиките што им ги упати на градските власти за состојбата на засолништата и за смртта на три лица кои не можеа да влезат во засолниште и беа оставени на улица за време на руски воздушен напад. Владата соопшти дека ги отпуштила началници на два …

Кличко критикуван од украинската Влада заради состојбата со засолништата во Киев Read More »

Медиуми: Пирло нов тренер на Сампдорија


 Повеќе италијански, како и англиски медиуми објавија дека е постигнат договор за соработка меѓу Сампдорија и Андреа Пирло. Според истите извори, поранешниот италијански репрезентативец и ѕвезда на Интер, Јувентус и Милан, ќе потпише договор на две години со клубот од Џенова. Пирло во текот на оваа недела треба официјално да биде промовиран во нов тренер …

Медиуми: Пирло нов тренер на Сампдорија Read More »

МЗШВ: По барање на земјоделците до 14 јули се продолжува рокот за аплицирање за субвенции 2023


 Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ги информира земјоделците дека до 14 јули 2023 година се продолжува рокот за аплицирање за директни плаќања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година, за растително и сточарско производство. Земјоделците може да ги достават барањата секој работен ден во канцелариите на подрачните единици на Министерството …

МЗШВ: По барање на земјоделците до 14 јули се продолжува рокот за аплицирање за субвенции 2023 Read More »

Петровска: Армијата забрзано се модернизира, пристигнати се 32 оклопни возила


Министерката за одбрана Славјанка Петровска во интервју за ТВ24 рече дека продолжува силното темпо на модернизација на Армијата поддржано со значајни инвестиции. – При процесот на модернизација на Армијата многу се важни два сегмента: прво е важно да имате стабилен план кој е одржлив и може да биде реализиран и второ да имате соодветно финансирање, …

Петровска: Армијата забрзано се модернизира, пристигнати се 32 оклопни возила Read More »

Во судница, педофил го нокаутира својот адвокат (ВИДЕО)


Судијата Роберт Банинг го осуди Џозеф Цилер за убиство и силување на 11-годишната Робин Корнел и нејзината дадилка Лиза Стори (32) во Кејп Корал во 1990 година. На Цилер му беа изречени две смртни казни, за секоја од жртвите, по што настана хаос во судницата, пишува Fox4now. Семејствата на жртвите рекоа дека нивните животи не …

Во судница, педофил го нокаутира својот адвокат (ВИДЕО) Read More »

Уставниот суд ќе ја оценува уставноста на Упатството за водење на матични книги


Уставните судии денеска одржаа состанок на кој едногласно одлучија да се оформи предмет во кој ќе се води постапка за оценување на уставноста на „Упатството за изменување и дополнување на упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи, издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги, …

Уставниот суд ќе ја оценува уставноста на Упатството за водење на матични книги Read More »

Додик грубо го нападна Уставниот суд на БиХ и упати шовинистички навреди кон судиите


Лидерот на босанските Срби Милорад Додик денеска грубо го нападна Уставниот суд на Босна и Херцеговина, прибегнувајќи кон шовинистички навреди против судиите поради нивната националност, јави Хина. Додик дојде на седницата на Парламентот на Република Српска во Бања Лука за да ги убеди претставниците да усвојат закони според кои одлуките на Уставниот суд на Босна …

Додик грубо го нападна Уставниот суд на БиХ и упати шовинистички навреди кон судиите Read More »

Просечната сметка за струја од 1 јули пониска за 4,26 отсто, доколку ДДВ-то се врати на 18 отсто повисока за 2,5 отсто


Од 1 јули годинава  за 7,04 проценти ќе се намали вкупната цената на електричната енергија во првиот блок со вкалкулирана енергија и мрежарина, во вториот блок ќе биде поевтина за 4,09 проценти, додека во третиот блок ќе има зголемување за 2,54 проценти, а во четвртиот блок цената ќе биде повисока за 2,42 проценти, одлучи денеска …

Просечната сметка за струја од 1 јули пониска за 4,26 отсто, доколку ДДВ-то се врати на 18 отсто повисока за 2,5 отсто Read More »

Песков: Кремљ нема информации каде се наоѓа Пригожин


Кремљ денеска соопшти дека нема информации за тоа каде се наоѓа водачот на платеничката група „Вагнер“ Евгениј Пригожин, кој во саботата се бунтуваше во знак на протест против, според него, лошото спроведување на воените операции во Украина, пренесоа британските медиуми. Според условите на договорот што стави крај на немирите, на Пригожин му беше дозволено да …

Песков: Кремљ нема информации каде се наоѓа Пригожин Read More »

ФИТР ќе додели три милиони денари на млади истражувачи за реализација на зелени проекти


Вкупно шеснаесет основни и средни училишта од целата држава ќе реализираат зелени проекти за зачувување и унапредување на животната средина и биодиверзитетот. Проектите се наградени во рамките на јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи #5 – зелени проекти” кој го спроведува Фондот за иновации и технолошки развој, соопшти Фондот за иновации и технолошки развој. Оттаму …

ФИТР ќе додели три милиони денари на млади истражувачи за реализација на зелени проекти Read More »

Речиси 1.000 жени лани биле жртви на семејно насилство


Минатата година од вкупно 1.117 регистрирани кривични дела од областа на семејното насилство, 942 се жени, сопруги, мајки или ќерки, а од вкупно пријавените сторители 1.061 се мажи. Ова, според министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, укажува на потребата од заедничко институционално дејствување и преземање мерки кои ќе придонесат за намалување на семејното насилство. Министерот …

Речиси 1.000 жени лани биле жртви на семејно насилство Read More »

Шведска со 2,5 милиони евра помогна Катастар да има ажурирани дигитални податоци


Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија, од 2005 година во континуитет, преку Шведската меѓународна развојна агенција, добива поддршка од страна на кралството Шведска.  Поддршката се однесува на подигањето на функционалностите на Агенцијата за катастар на повисоко ниво и тоа преку осовременување на еКатот, МАКПОС системот, изготвување на повеќе студии. Беше реализирана помош …

Шведска со 2,5 милиони евра помогна Катастар да има ажурирани дигитални податоци Read More »

Нови простории во градинката „Весели цветови“ за уште 90 деца


ДГ ,,Весели Цветови” е проширена за околу 90 дечиња, а градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиев, најавува и  изградба на нов објект во склоп на ,,Кокиче” за 120 деца.   Завршија градежните работи за проширување, односно преадаптација на 4-5 простории од објектот, со што капацитетот на градинката е зголемен за уште 90-тина дечиња.    Она …

Нови простории во градинката „Весели цветови“ за уште 90 деца Read More »

Почина режисерката Виолета Џолева


На 72 години почина режисерката Виолета Џолева, објави Драмскиот театар. Во овој театар Џолева режира повеќе претстави, меѓу кои: Луиџи Пирандело – „Хенрих IV“ (1974) ; Пол Зиндел – „Дамите од Аламо“ (1990); Несин Азис – „Убиј ме душичке“ (1997); Васил Иљоски – „Чест“ (1998); Доналд Ли Кобурн – „Партија реми“ (2018). Театарот изрази сочувство …

Почина режисерката Виолета Џолева Read More »

Милатовиќ: Европската интеграција е главниот катализатор на реформите во регионот


Претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ е домаќин на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Подгорица, со кој завршува претседавањето на таа земја со оваа регионална иницијатива. На отворањето, Милатовиќ рече дека денешната средба ја потврдува годината која донесе бројни предизвици, со што, како што рече, уште поочигледна е важноста на …

Милатовиќ: Европската интеграција е главниот катализатор на реформите во регионот Read More »

Курти со апел до Србија: Престанете со нападите пред да настрада некој


 Косовскиот премиер Албин Курти ја повика Србија „веднаш да престане со поттикнувањето на насилството пред некој да го загуби животот“, јави дописникот на МИА од Приштина. Апелот на Курти уследи по синоќешниот напад со експлозивни средства во Северена Митровица, кога две рачни гранати беа фрлени во дворот на тамошната општина. Тој на својот Твитер напиша …

Курти со апел до Србија: Престанете со нападите пред да настрада некој Read More »

Еурофарм Пелистер ги дозна противниците за дебито во Лигата на шампиони


 Со жрепка во седиштето на Европската ракометна федерација (ЕХФ) во Виена денеска е одреден составот на групите во Лигата на шампиони во која за прв пат во клупската историја ќе настапи Еурофарм Пелистер. Жрепката го смести македонскиот првак во групата А заедно со Киелце, Кил, ПСЖ, ПИК Сегед, Алборг, Колштад и ППД Загреб.  Новата сезона …

Еурофарм Пелистер ги дозна противниците за дебито во Лигата на шампиони Read More »

Коригираниот ДУП за Лисиче, од понеделник, на јавна анкета


Лисичани од наредниот понеделник ќе го имаат на увид коригираниот ДУП за населбата Лисиче, во кој треба да се опфатени и забелешките кои граѓаните ги доставиле преку анкетните листови во периодот кога предложениот ДУП беше ставен на јавна анкета. Транспарентното работење и водењето грижа за интересот на граѓаните остануваат наши приоритети при носењето одлуки кои …

Коригираниот ДУП за Лисиче, од понеделник, на јавна анкета Read More »