Мечок заглавен поради сајла на Шар Планина, стручни лица го успија и ослободија


Мечок вчера бил заглавен во сајла во селото Бозовце во Шар Планина. По повикување на стручни лица од Зоолошка градина Скопје, мечокот, кој бил возрасен мажјак, е успешно ослободен. Националниот парк Шар Планина на профилот на установата на социјалната мрежа Фејсбук објави видео како се прави ослободување на мечок кој бил заглавен поради сајла. Возрасниот …

Мечок заглавен поради сајла на Шар Планина, стручни лица го успија и ослободија Read More »

Косовската полиција уапси Русин кој илегално влегол од Србија


Полицијата на Косово уапсила вчера во Лепосавиќ, во северно Косово државјанин на Русија, кој влегол во земјата од Србија, преминувајќи ја границата илегално, јави дописникот на МИА од Приштина. Во денешниот 24-часовен извештај на полицијата се наведува дека Русинот е уапсен и му е одредена мерка притвор. – Полицијата за време на патролирањето (во село …

Косовската полиција уапси Русин кој илегално влегол од Србија Read More »

Екстремисти нападнаа полициска станица во југоисточен Иран


Група бомбаши-самоубијци денеска нападна полициска станица во југоисточен Иран, при што е убиен е еден полицаец, јави иранската државна телевизија. Вооружена група нападна полициска станица во Захедан, град во иранската провинција Систан и Балучистан, на околу 500 километри југоисточно од главниот град Техеран. Екстремистите на себе носеле експлозивни појаси, а двајца од нив и го …

Екстремисти нападнаа полициска станица во југоисточен Иран Read More »

Ердоган со целосна поддршка за Украина


Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган на синоќешната средба со украинскиот колега Володимир Зеленски во Истанбул, изрази целосна поддршка за Киев. Тој по средбата изјави дека Украина „заслужува интеграција во НАТО“ и ги повика Киев и Москва да се вратат на мировните преговори. Ердоган и Зеленски разговараа за иднината на Договорот за извоз на жито …

Ердоган со целосна поддршка за Украина Read More »

Агелер: Нашата „инвестиција“ во напредокот на судството за жал не даде очекуван „поврат“


Нашата „инвестиција“ во напредокот на судството за жал не даде очекуван „поврат“, вели амбасадорката на САД во Северна Македонија Анџела Агелер во интервју за весникот Капитал.   -Кога станува збор за напредокот во судството, ние сме разочарани. Во последните триесет години, сме инвестирале половина милијарда долари во програми за владеење на правото и добро владеење, но …

Агелер: Нашата „инвестиција“ во напредокот на судството за жал не даде очекуван „поврат“ Read More »

Отворањето канцеларија за врски во Јапонија можност за зајакнување на НАТО ангажманот во Индо-Пацификот


Сметаме дека отворањето на канцеларија за врски на НАТО во Јапонија, доколку се донесе таква одлука, е конкретен и симболичен напор што го отелотворува ставот на Алијансата за зајакнување на својот ангажман во Индо-Пацификот, вели во интервју за МИА јапонскиот амбасадор, Казуја Оцука, во врска со најавите за отворање на таква канцеларија, која би била …

Отворањето канцеларија за врски во Јапонија можност за зајакнување на НАТО ангажманот во Индо-Пацификот Read More »

Шумски пожар во близина на манастир во Света гора


Од воздух и копно противпожарните сили на Грција го гаснат пожарот што рано утрово избувна во шумски предел на Света Гора, во поширокото подрачје на еден од манастирите, јави дописничката на МИА од Атина.  Заменик-управителот на Света Гора, Аристос Касмироглу за грчката телевизија Скај рече дека пожарот е во непрооден дел во близина на манастирот, …

Шумски пожар во близина на манастир во Света гора Read More »

Војникот кој се заканувал дека ќе го убие премиерот на Белгија е уапсен


 Поранешен војник кој објави видео во кое се заканува дека ќе го убие белгискиот премиер Александре Де Кроа е приведен во Норвешка. РТБФ ова го објави повикувајќи се на белгиското федерално обвинителство. Сем Х. (29) на видеото, на кое му се гледа лицето, покажува фотографија на која премиерот неколку пати виси на дрво, а потоа …

Војникот кој се заканувал дека ќе го убие премиерот на Белгија е уапсен Read More »

Био гасната електрана „Био ентерпрајз“ работи со полн капацитет


Био гасната електрана на Централинвест, ,,Био ентерпрајз”,  работи со полн капацитет, со својата инсталирана моќност од 2 мегавати. Обезбедува континуирано производство на електрична енергија во текот на 24 часа во денот и е значаен извор на базна енергија во рамките на портфолиото на ФЕРОИНВЕСТ/Централинвест, во кое има различни електрани на обновливи извори: на вода, сонце и биогас. …

Био гасната електрана „Био ентерпрајз“ работи со полн капацитет Read More »

Австријците воведуваат драстични мерки – автомобилите на аукција за брзо возење


Доколку ограничувањето на брзината надмине 80 km/h во населено место или 90 km/h надвор од населено место, возилото веднаш се одзема и се продава на аукција, без разлика дали се работи за прв или повторен прекршок. Целта на овие мерки е да се зголеми безбедноста на патиштата. Австрискиот национален совет во Виена го усвои предлогот …

Австријците воведуваат драстични мерки – автомобилите на аукција за брзо возење Read More »

Бајден: Украина не е подготвена за членство во НАТО


 Претседателот на САД, Џо Бајден синоќа за Си-ен-ен изјави дека Украина не е подготвена за членство во НАТО. – Мислам дека (Украина) не е подготвена за членство во НАТО. Не мислам дека има консензус во НАТО за тоа дали Украина треба или не да биде внесена во семејството на НАТО сега, во овој момент, среде …

Бајден: Украина не е подготвена за членство во НАТО Read More »

Сириски бегалец избран за градоначалник на германскиот град Остелсхајм


 Сирискиот бегалец Ријан Алшебл официјално положи заклетва како градоначалник на германскиот град Остелсхајм на синоќешната свечена седница на Општинскиот совет. Алшебл (29) побегна од војната во Сирија пред осум години. Во април 2023 година, граѓаните на германската општина со 2.500 жители го избраа за нов шеф на Градското собрание со апсолутно мнозинство од 55,41 отсто. …

Сириски бегалец избран за градоначалник на германскиот град Остелсхајм Read More »

Западните земји ја разгледуваат можноста Шмит да го смени Додик


Првпат водечките западни земји сериозно почнаа да развиваат сценарија за тоа како може да изгледа Република Српска без Милорад Додик, што е јасен знак за поддршка на високиот претставник Кристијан Шмит да го отстрани Додик од функцијата претседател на РС и да му забрани политичка активност. Шмит ја има целосната поддршка од Западот да го …

Западните земји ја разгледуваат можноста Шмит да го смени Додик Read More »

Најмалку осуммина загинати при уривање на зграда во Бразил


При вчерашното уривање на станбена зграда во североисточниот бразилски град Ресифе загина најмалку осум лица, од кои две деца на возраст од пет и осум години. Четири лица се извлечени живи од урнатините, а шест сè уште се водат како исчезнати. Причината за уривањето сè уште не е позната, но изминатите денови Ресифе беше погоден …

Најмалку осуммина загинати при уривање на зграда во Бразил Read More »

Галатасарај ќе плати 10 милиони евра за Икарди


 Турскиот фудбалски гигант Галатасарај и францускиот шампион Пари Сен-Жермен почнаа разговори за трансфер на напаѓачот Мауро Икарди во Истанбул на трајна основа.   Според „Л’Екип“, турскиот клуб за 30-годишниот Аргентинец ќе плати 10 милиони евра.   Во сезоната 2022/23, Икарди одигра 26 настапи за Галатасарај како позајмен фудбалер во сите натпреварувања, постигнувајќи 23 гола и …

Галатасарај ќе плати 10 милиони евра за Икарди Read More »

Сончево со мала до умерена локална облачност и ветер од северен правец


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови ќе дува засилен ветер од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степени. УВ индексот ќе биде 8. …

Сончево со мала до умерена локална облачност и ветер од северен правец Read More »

Microsoft: Потенцијалот на AI е толку голем, што би било глупаво да го игнорираме


Шефот за вештачка интелигенција на Microsoft, Ерик Бојд, денеска изјави дека компанијата ќе продолжи да ја забрзува својата работа на големи модели со вештачка интелигенција и покрај некои загрижености дека технологијата расте пребрзо и е премногу непредвидлива за да биде безбедна. „Потенцијалот на оваа технологија навистина да ја зголеми човечката продуктивност, да придонесе за економскиот …

Microsoft: Потенцијалот на AI е толку голем, што би било глупаво да го игнорираме Read More »

Ананас: Летна суперхрана со неверојатни здравствени придобивки


Ананасот е бразилско овошје кое се состои од голема количина на вода, но тоа не значи дека му недостасуваат хранливи материи. Извор е на јод, витамин Ц, органски киселини и бромелаин. Една чаша ананас содржи околу 78,9 милиграми витамин Ц, како и 2,3 грама влакна, заедно со 2,6 мг манган. Ананасот е меѓу највкусните тропски …

Ананас: Летна суперхрана со неверојатни здравствени придобивки Read More »

Арсовска: Мостот „Беласица“ наскоро ќе биде пуштен во употреба за сообраќај


Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска во интервју за Канал 5 ТВ најавува дека мостот „Беласица“ многу скоро ќе биде пуштен во употреба за сообраќај и ќе биде безбеден. Според неа дека во извештаите од Приватниот институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени не е забележано во ниту еден дел на мостот изложеност на каблите …

Арсовска: Мостот „Беласица“ наскоро ќе биде пуштен во употреба за сообраќај Read More »

Скопјанец се соблекол пред малолетнички и недолично се однесувал пред нив


Вчера во 10.50 часот на подрачјето на Карпош полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода 73-годишниот В.М. од Скопје, извести МВР. Полицијата постапила по пријава според која на 05.07.2023 околу 17.30 часот на подрачјето на Карпош, додека малолетничка седела во нејзиниот двор со две другарки, тој во соседниот …

Скопјанец се соблекол пред малолетнички и недолично се однесувал пред нив Read More »