Австријците воведуваат драстични мерки – автомобилите на аукција за брзо возење

Целта на овие мерки е да се зголеми безбедноста на патиштата.


Доколку ограничувањето на брзината надмине 80 km/h во населено место или 90 km/h надвор од населено место, возилото веднаш се одзема и се продава на аукција, без разлика дали се работи за прв или повторен прекршок.

Целта на овие мерки е да се зголеми безбедноста на патиштата.

Австрискиот национален совет во Виена го усвои предлогот на австриската министерка за транспорт Леонора Гевеслер, според кој новите мерки ќе се применуваат од март 2024 година.

Според овој предлог, доколку возите 60 км/ч повеќе од законската граница на патот во Австрија или 70 км/ч повеќе од законската граница на автопат, полицијата, меѓу другото, може да ви го одземе автомобилот за две недели.

Ако го повторите прекршокот, полицијата може трајно да го одземе возилото. Во овој случај, возилото оди на аукција, а 70 отсто од приходите од продажбата одат во фондот за безбедност на патиштата. Останатите 30 отсто одат кај локалните власти, соопшти Министерството за транспорт за измените на законот.