Војникот кој се заканувал дека ќе го убие премиерот на Белгија е уапсен


 Поранешен војник кој објави видео во кое се заканува дека ќе го убие белгискиот премиер Александре Де Кроа е приведен во Норвешка.

РТБФ ова го објави повикувајќи се на белгиското федерално обвинителство.

Сем Х. (29) на видеото, на кое му се гледа лицето, покажува фотографија на која премиерот неколку пати виси на дрво, а потоа четири пати пука во фотографијата.

Истрагата ја покрена обвинителството на белгиската покраина Лимбург, а случајот потоа беше префрлен на белгиското федерално обвинителство. Беше зголемено обезбедувањето на премиерот, а цел ден беше опколен просторот во кој се наоѓа куќата на осомничениот.

Обвинителството соопшти дека осомничениот е надвор од државата, а до вечерта потврдија дека е приведен во Норвешка.

Властите во Норвешка го барале бидејќи во едно од видеата спомнал дека се наоѓа во таа земја.

На 17.06.2023 година, осомничениот бил отпуштен од војска поради „медицинска неспособност“. Пред тоа тој беше суспендиран од работа на неколку месеци, а во 2022 година му беше одземен пристапот до тајните документи.

Според RTBF, тој има сериозни психички проблеми, може да биде опасност за другите и веќе изјавил дека сака да убие еден од белгиските политичари.