Се заканувале дека ќе ѝ го убијат синот кој е во затвор, па барале пари


Вчера во 11.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Е.Р.(40) од село Черкезе, кумановско и Б.Ш. (34) од Куманово. Тие барале од 62-годишна жена од Куманово да им даде пари, уценувајќи ја со закани по животот кон нејзиниот син кој бил во казнено-поправна установа. Двете лица биле задржани во полициска станица …

Се заканувале дека ќе ѝ го убијат синот кој е во затвор, па барале пари Read More »

Одложена прес-конференцијата на Бектеши на која се очекуваа детали за Иловица


Министерот за економија Крешник Бектеши денеска требаше да одржи прес-конференција на која се очекуваше да соопшти детали околу концесиите за рудникот „Иловица – Штука“. Прес-конференцијата, како што соопшти Владата, е одложена и ќе биде дополнително закажана. Точката за рудникот Иловица денеска е на дневен ред на владина седница. Министерот Бектеши треба да информира за сите …

Одложена прес-конференцијата на Бектеши на која се очекуваа детали за Иловица Read More »

Во Авганистан денеска заврши рокот за самостојно затворање на салоните за убавина


Талибанците денеска објавија дека од денеска мора да бидат затворени сите салони за убавина бидејќи истече едномесечниот рок што им беше оставен на сопствениците сами да го направат тоа, а протестите против забраната во меѓувреме беа малку. Портпаролот на Министерството за пропагирање на вредности  и спречување пороци, Садик Акиф Махјар, не кажа децидно дали Талибанците …

Во Авганистан денеска заврши рокот за самостојно затворање на салоните за убавина Read More »

Апелација ги потврди казните за убијците на ракометарот Тот


Апелација ги потврди казните на сите осудени за убиството на Денис Тот. Првообвинетиот Анџело Ѓорѓиевски и второобвинетата Клементина Лефковска треба да одлежат по 18 години затвор, додека ма третообвинетиот Андреј Костовски му е потврдена казната затвор од 16 години. Преиначување има само во делот на износот на нематеријалната штета, кој треба да се исплати кон …

Апелација ги потврди казните за убијците на ракометарот Тот Read More »

Се урна „канадер’ на грчкиот остров Евија


Авион од типот „канадер“ се урна на грчкиот остров Евија додека учествуваше во гаснењето на пожарот во близина на Каристос,  јави дописничката на МИА од Атина. Неофицијално станува збор за грчки авион, со оглед на тоа дека во Грција пристигнаа и странски авиони за да помогнат во гаснењето на пожарот. Во канадерите најчесто има две …

Се урна „канадер’ на грчкиот остров Евија Read More »

Во пожарите во Алжир досега 34 мртви, северот на Африка на удар на топлотен бран


 Бројот на жртви од шумските пожари во Алжир се зголеми на 34, додека северноафриканските земји се погодени од топлотен бран, јавува Хина, повикувајќи се на ДПА. Министерството за внатрешни работи на Алжир соопшти дека во пожарите загинале 24 цивили и 10 војници. Околу 8.000 припадници на цивилната заштита се излезени на терен да им помогнат …

Во пожарите во Алжир досега 34 мртви, северот на Африка на удар на топлотен бран Read More »

Четиригодишно девојче во болница откако испило пет апчиња оставени на маса


Вчера во 11.10 часот во СВР Тетово, од Медицински центар Гостивар било пријавено дека кај нив било донесено четиригодишно дете. Според пријавата од мајката Б.Џ. (33) од Куманово, нејзината малолетна ќерка била оставена сама дома, а откако се вратила забележала дека испила пет апчиња кои биле оставени на масата. Се преземаат мерки за расчистување на …

Четиригодишно девојче во болница откако испило пет апчиња оставени на маса Read More »

Член на кинеската Комунистичка партија примил поткуп, осуден на доживотен затвор


Кинескиот суд осуди поранешен секретар на Комунистичката партија во источниот град Хангжу на доживотен затвор за примање мито од 182 милиони јуани (околу 23 милиони евра). Изрекувањето на пресудата за Џоу Џиангјонг, поранешен партиски шеф на градот јужно од Шангај, дом на технолошките гиганти како Алибаба и Ант Груп, беше одржана јавно денеска пред судот …

Член на кинеската Комунистичка партија примил поткуп, осуден на доживотен затвор Read More »

Превентивно евакуирање на грчките острови Крф и Родос


Пожарите на Крф и Родос повторно се разгореа, огнената стихија се доближи до населени места и затоа, превентивно се евакуирани две села, по едно на двата острови. Преку бројот 112 за итни случаи беше испратена порака за евакуација на селото Луцес во североисточниот дел на Крф, како и до сите оние кои се наоѓаат во …

Превентивно евакуирање на грчките острови Крф и Родос Read More »

Аеродром бара Град Скопје да го реши горењето отпад на депонија што ја труе општината секоја вечер


По пријавите и реакциите од страна на граѓаните за непријатен миризба од запален отпад кој се шири на територијата на Општина Аеродром, општинските инспекциски служби излегоа на терен при што констатираа дека станува збор за согорување отпад од депонија не се наоѓа на територијата на општината. Со цел решавање на овој проблем со кој се …

Аеродром бара Град Скопје да го реши горењето отпад на депонија што ја труе општината секоја вечер Read More »

Словенците не се опоравија од вчерашното, чекаат уште едно невреме


Словенците за попладне најавија силен ветер и град. Променливо и многу нестабилно со врнежи од дожд и грмежи, на места и грмежи, особено во западните предели, прогнозира ДХМЗ за денеска. Според најавата ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, по море и јужен правец, кој нагло ќе се сврти кон север и северозапад, најпрво во …

Словенците не се опоравија од вчерашното, чекаат уште едно невреме Read More »

Место Арсовска, ЕУ ќе ни купи шест еколошки градски автобуси


  Шест нови еколошки автобуси за јавен превоз ќе добие Скопје во рамки на програмата „ЕУ за чист воздух“ финансирана од ЕУ, преку која 10 милиони евра ќе се слеат за подобрување на квалитетот во воздухот,  во период од 3 години (до 2026 година) под раководство на УНОПС. Истата програма предвидува и Скопје да биде …

Место Арсовска, ЕУ ќе ни купи шест еколошки градски автобуси Read More »

Илинденците маршираа низ Аеродром


Во организација на здружението „Илинденски коњички марш 1978“ и 45-ти пат по ред, илинденската коњаница со дефиле низ општината Аеродром ги одржа завршните подготовки за традиционалниот марш до Крушево со кој се одбележува 120-годишнината од Илинденското востание. Во отсуство на поддршката која здружението секоја година ја добиваше од Министерството за култура, оваа година единствен финансиски …

Илинденците маршираа низ Аеродром Read More »

(Фото) Авион од Милано за Њујорк, принудно слета во Рим, го изрешета град


Патнички авион, кој летал од Милано за Њујорк морал принудно да слета во Рим, откако вчера по полетувањето од аеродромот „Малпенса“ бил изрешетан од град. Авионот, на компанијата Delta Air Lines, претрпел оштетувања на носот, како и на трупот и на крилата, јавуваат италијанските медиуми. Никој не е повреден во инцидентот, соопшти „Делта ерлајнс“. Тие …

(Фото) Авион од Милано за Њујорк, принудно слета во Рим, го изрешета град Read More »

Парно има само во Скопје – за другите градови не се ни размислува!


 За да се произведе ист производ или за да се добие иста услуга како што се произведува во некоја земја во Европската Унија, кај нас ќе се потроши два пати повеќе струја. Тоа се нарекува нерационалност во потрошувачката.  Еко-свест истражуваа зошто и покрај тоа што согласно Законот за енергетика и Законот за енергетска ефикасност, досега …

Парно има само во Скопје – за другите градови не се ни размислува! Read More »

Бебето Дуа, родено со само 520 гр, по 131 ден на ГАК, си замина дома


Добри вести стигнуваат денеска од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, од каде објавија дека девојченцето од Кичево, родено пред четири месеци, со само 520 грама родилна тежина, си замина дома, да се прегрнува со родителите.   – По 131 ден поминат на ЈЗУ У Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, малата …

Бебето Дуа, родено со само 520 гр, по 131 ден на ГАК, си замина дома Read More »

Од Британија во Албанија ќе бидат трансферирани 200 осуденици за тешки кривични дела


Врз основа на договорот потпишан меѓу двете земји, од британските во албанските затвори ќе бидат трансферирани 200 затвореници албански државјани. – Според неодамна ратификуваниот договор Велика Британија на Албанија ќе и плаќа по четири милиони фунти годишно за да ги преземе 200-те најопасни криминалци, осудени за тешки кривични дела, вклучувајќи убиства, разбојништва, силувања, шверц со …

Од Британија во Албанија ќе бидат трансферирани 200 осуденици за тешки кривични дела Read More »

Запленети стари монети вредни околу 2,35 милиони денари пронајдени во багаж на македонски државјанин


Стари монети со проценета нумизматичка вредност од 2.359.000 денари се пронајдени во багаж на македонски државјанин кој преку Меѓународниот аеродром – Скопје требал да патува во САД.  Како што соопшти Царинската управа, монетите се запленети, а против лицето е поведена прекршочна постапка во надлежното јавно обвинителство. -На 22.07.2023 година, околу 17 часот, на Меѓународниот аеродром …

Запленети стари монети вредни околу 2,35 милиони денари пронајдени во багаж на македонски државјанин Read More »

Пријавете проблем од Јавна чистота во ЈП „ПОЦ“


Општина Центар и ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ ги повикуваат граѓаните да пријават проблем со Јавната чистота или кастрењето дрвја во нивното маало. На телефонскиот број 076/350-767 или преку порака на viber или whats up граѓаните може да испратат и фотографии за точна локација и проблемот кој го посочуваат. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски …

Пријавете проблем од Јавна чистота во ЈП „ПОЦ“ Read More »