Се заканувале дека ќе ѝ го убијат синот кој е во затвор, па барале пари


Вчера во 11.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Е.Р.(40) од село Черкезе, кумановско и Б.Ш. (34) од Куманово.

Тие барале од 62-годишна жена од Куманово да им даде пари, уценувајќи ја со закани по животот кон нејзиниот син кој бил во казнено-поправна установа.

Двете лица биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.