(Фото) Авион од Милано за Њујорк, принудно слета во Рим, го изрешета град


Патнички авион, кој летал од Милано за Њујорк морал принудно да слета во Рим, откако вчера по полетувањето од аеродромот „Малпенса“ бил изрешетан од град.

Авионот, на компанијата Delta Air Lines, претрпел оштетувања на носот, како и на трупот и на крилата, јавуваат италијанските медиуми. Никој не е повреден во инцидентот, соопшти „Делта ерлајнс“. Тие нагласија дека авионот слетал безбедно во Рим и дека патниците се симнале без проблем.

Вчера и денеска во Милано има екстремни временски услови – грмотевици со град со големина на тениски топчиња.

Невреме на северот на Италија и пожари на југот

Додека патувањето е отежнато од бурите на север, јужниот дел на Италија се бори со последиците од топлотниот бран и шумските пожари. Пистата на аеродромот „Олбија“ во Сардинија стана премногу жешка за авионите да слетаат.

Бидејќи температурите достигнаа 47 степени Целзиусови, неколку летови беа одложени или пренасочени кон пристаништата Алгеро и Каљари.

На Сицилија, шумски пожар вчера резултираше со затворање на аеродромот во Палермо, една недела по затворањето на главниот аеродром на островот во Катанија поради пожар.