Член на кинеската Комунистичка партија примил поткуп, осуден на доживотен затвор


Кинескиот суд осуди поранешен секретар на Комунистичката партија во источниот град Хангжу на доживотен затвор за примање мито од 182 милиони јуани (околу 23 милиони евра).

Изрекувањето на пресудата за Џоу Џиангјонг, поранешен партиски шеф на градот јужно од Шангај, дом на технолошките гиганти како Алибаба и Ант Груп, беше одржана јавно денеска пред судот во провинцијата Анхуи.

Џоу беше прогласен за виновен за примање мито лично или преку неговите роднини во градовите и окрузите во провинцијата Жејанг од 2001 до 2021 година. Тој е осуден на условна смртна казна, која по две години зад решетки ќе биде променета во доживотен затвор. Хангжу е главен град на провинцијата Жеџијанг.