Се урна „канадер’ на грчкиот остров Евија


Авион од типот „канадер“ се урна на грчкиот остров Евија додека учествуваше во гаснењето на пожарот во близина на Каристос,  јави дописничката на МИА од Атина.

Неофицијално станува збор за грчки авион, со оглед на тоа дека во Грција пристигнаа и странски авиони за да помогнат во гаснењето на пожарот.

Во канадерите најчесто има две лица, пилот и копилот, а засега не познато дали преживеале.