Преку лажни фактури за шинтерски услуги ја оштетил Општина Делчево за 6.000 евра


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против С.Д.(62) од Делчево, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба“. Пријавениот, во својство на основач и управител на правно лице, во периодот од мај 2021 до мај 2023, во повеќе наврати ја злоупотребил својата службена положба и овластување, на тој …

Преку лажни фактури за шинтерски услуги ја оштетил Општина Делчево за 6.000 евра Read More »

Во тенк и воена опрема: Кејт Мидлтон покажа дека е подготвена за нова функција


Кејт Мидлтон имаше уште едно деби како принцеза, појавувајќи се за прв пат во улогата на врховен полковник на Првата змејска гарда на кралицата, која ѝ беше доделена од кралот Чарлс III во текот на летото. Како што сме навикнати од неа, принцезата од Велс целосно се внесе во улогата и за време на посетата …

Во тенк и воена опрема: Кејт Мидлтон покажа дека е подготвена за нова функција Read More »

Вархеи за италијанско-албанскиот договор за мигрантите – интересен модел


 Комесарот за проширување и добрососедска политика Оливер Вархеи, на прашањето на  италијанските европратеници во Комисијата за надворешни работи на ЕП за договорот за мигранти Италија-Албанија, одговорил дека  го анализираат како случај бидејќи изгледа интересен модел.  Додал дека треба да се поздрави  секаков вид соработка меѓу Италија и Албанија во интерес на  безбедноста на Европа и …

Вархеи за италијанско-албанскиот договор за мигрантите – интересен модел Read More »

Педофил во Скопје допирал по телото малолетна штитеничка од ЈУ за згрижување деца


Во понеделникот во 16 часот во СВР Скопје, од Јавна установа за згрижување деца било пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари нивна малолетна штитеничка била допирана по телото од Е.К.(52) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Убиство во Скопје: Синот го убил 75-годишниот татко


Денеска околу 16 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.П.(28) од Скопје поради основи на сомнение дека со остар предмет во семејниот дом го убил својот татко Б.П.(75). Смртта е констатирана од Итна медицинска помош. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

Европската станбена криза излезе од контрола: Станови се бараат половина година, цените луди


 Речиси е невозможно да се најде стан за изнајмување во многу европски градови. Во Париз, треба да барате повеќе од шест месеци за да најдете наместен гарсоњера Цените на изнајмувањето во француската престолнина пораснаа за еден отсто во третиот квартал од оваа година, покажуваат податоците на агенцијата за недвижности Lodgis, пишува Euronews. Овој благ раст …

Европската станбена криза излезе од контрола: Станови се бараат половина година, цените луди Read More »

Брнабиќ: Нема област во која е забележано назадување на Србија во извештајот на ЕК


Српската премиеркае Ана Брнабиќ изјави денеска, откако шефот на делегацијата на ЕУ во Србија, Емануеле Жиофр, ѝ го предаде Извештајот на Европската комисија за Србија, дека ЕК го препознала јасниот напредок на Србија во сите клучни области и дека нема назадување во реформите во ниту една област, јави дописникот на МИА од Белград. -Најважно е …

Брнабиќ: Нема област во која е забележано назадување на Србија во извештајот на ЕК Read More »

Група експерти во Германија предлага младите до 18 години да добиваат по 10 евра месечно за да инвестираат на берзата


 Советот на „економски мудреци“ во Германија, група угледни експерти, презентираше идеја на младите до 18 години да им се даваат 10 евра месечно, најмалку шест години, за да ги направат своите први чекори на берзата. „Еден од начините да се олесни пристапот на секој млад човек до пазарите на капитал е државата на секое дете …

Група експерти во Германија предлага младите до 18 години да добиваат по 10 евра месечно за да инвестираат на берзата Read More »

Билетите за гостувањето на Англија во Скопје во продажба од понеделник


Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) објави вечерва дека билетите за дуелот на македонската репрезентација против Англија во рамки на квалификациите за ЕУРО2024 ќе бидат пуштени во продажба од понеделник, една недела пред натпреварот што ќе се игра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Цената на влезница за натпреварот изнесува од 400 и 600 денари. …

Билетите за гостувањето на Англија во Скопје во продажба од понеделник Read More »

Инспекторат: Во мострите од „Ромеркеле“ од Риека не е пронајдена киселина


Хрватскиот инспекторат ги објави резултатите од анализата на земените мостри во Риека. Таму се пронајдени нормални вредности на киселост, што не треба да предизвика никакви ефекти. Се уште се чекаат резултатите од Загреб. Еве ја нивната целосна изјава: „Државниот инспекторат, санитарна инспекција го доби од Хрватскиот институт за јавно здравје извештајот од тестот за контрола на …

Инспекторат: Во мострите од „Ромеркеле“ од Риека не е пронајдена киселина Read More »

Гутереш: Бројот на загинати цивили во Газа покажува дека нешто не е во ред со операциите на Израел против Хамас


Бројот на загинати цивили во Појасот Газа покажува дека нешто не е во ред со воените операции на Израел против милитантите на палестинското движење Хамас, изјави денеска генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. „Хамас прави прекршувања кога користи жив штит. Меѓутоа, кога ќе го погледнеме бројот на цивили убиени во воени операции, јасно гледаме дека …

Гутереш: Бројот на загинати цивили во Газа покажува дека нешто не е во ред со операциите на Израел против Хамас Read More »

Завршен булеварот „Васко Карангелески“


Завршена е изградбата на улицата „Васко Карангелески“, проект со чија реализација се овозможува сообраќајно поврзување на три главни булевари во општина Аеродром.   – Со изградбата на улицата жителите на овој дел од Скопје добиваат ново сообраќајно поврзување помеѓу булеварите „АСНОМ“, „Јане Сандански“ и „Трета македонска бригада“, со што значително ќе се намали сообраќајниот метеж …

Завршен булеварот „Васко Карангелески“ Read More »

И в година може да доцни терапијата за онколошките пациенти


Без кадар може да останат клиникте во Клиничкиот центар во Скопје, доколку Министерството за финансии не одобри нови вработувања, предупреди денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, кој беше во посета на Клиниката за онкологија и радиотерапија. Вели, изборна година е,  а со пацинетите ќе нема кој да работи.  – Ќе упатам апел до Обвинителството дека …

И в година може да доцни терапијата за онколошките пациенти Read More »

Џафери ќе ги распише изборите доколку партиите не се договорат за датум до Нова година


Претседателот на Собранието, Талат Џафери им даде рок на политичките партии до Нова година да го договорат датумот за избори. „Политичките партии кои се застапени во Собранието, имаат можност до Нова година да си најдат консензус во однос на двата термини за избори. Во крајна инстанца, уставна и законска надлежност е моја за да водам …

Џафери ќе ги распише изборите доколку партиите не се договорат за датум до Нова година Read More »

Германија одобри десеткратно зголемување на извозот на оружје во Израел


Германската влада одобри домашни компании да доставуваат оружје и воена опрема за Израел со вредност речиси десет пати поголема отколку во цела 2022 година, покажуваат податоците на Министерството за економија. До 2 ноември Владата издаде дозволи за извоз на оружје во Израел во вредност од речиси 303 милиони евра, покажуваат податоците што ДПА ги доби …

Германија одобри десеткратно зголемување на извозот на оружје во Израел Read More »

Јовески: Може лично да не се согласуваме со некои закони, но мора да ги почитуваме


Јавниот обвинител Љубомир Јовески во врска со застарувањето на дел од делата согласно последните измени на Кривичниот законик вели дека онаму каде што ќе се утврди дека настапиле елементи на застарување на кривичното гонење, Обвинителството и судовите ќе донесат соодветни одлуки. На новинарско прашање, Јовески денеска истакна дека обвинителите и судиите се должни да го …

Јовески: Може лично да не се согласуваме со некои закони, но мора да ги почитуваме Read More »

Заврши репроцената на недвижниот имот во Општина Виница, даночната стапка нема да се зголемува


Непроменета останува даночната стапка за данокот на имот на недвижности на територијата на општина Виница откако беше направена законската репроцена, односно ревизија на пазарната вредност на недвижниот имот. Стапката на данокот нема да се зголеми од досегашните минимални 0,10 отсто од пазарната вредност на недвижниот имот, односно на 0,05 отсто од вредноста на објектот во …

Заврши репроцената на недвижниот имот во Општина Виница, даночната стапка нема да се зголемува Read More »

МВР потврди: Крадци упаднале во домот на младиот Леонид и ги украле парите собрани од донации


Крадци упаднале во домот на младиот Леонид Индов и ги одзеле сите пари собрание од донации пишува Скопје Инфо. Неофицијално, крадците одзеле пари во износ од 50 илјади евра, средства собрани за негово лекување.  Пред неколку месеци, осумнаесетгодишниот Леонид доживеа несреќа додека беше на летување во Грција. Тоа резултираше со тешки повреди на неговиот `рбет …

МВР потврди: Крадци упаднале во домот на младиот Леонид и ги украле парите собрани од донации Read More »

Кока-кола повлекува дел од пијалоците во Хрватска


Кока-кола објави кои пијалоци ги повлекува од продавниците во Хрватска откако таму беа потврдени два случаи на труење, а постои сомнеж уште за неколку. „По неодамнешните настани, преземаме чекори за заштита на јавното здравје. Привремено повлекуваме една серија Кока-Кола Оригинален вкус 500 мл во пластична амбалажа (ПЕТ) од пазарот согласно усна одлука на Државниот инспекторат …

Кока-кола повлекува дел од пијалоците во Хрватска Read More »

Драма во Германија: Вооружени лица се забарикадираа во училиште – специјалци на терен (видео)


Двајца вооружени мажи се забарикадираа во училницата на едно училиште во Хамбург. Пристигнаа и специјални полициски сили. Како што пренесува германски „Билд“, вооружен маж наводно се заканувал со црн пиштол. Според извештаите, двајца ученици во училницата се заканувале на наставникот, а еден од нив бил вооружен. Полицијата во германскиот град Хамбург во средата соопшти дека …

Драма во Германија: Вооружени лица се забарикадираа во училиште – специјалци на терен (видео) Read More »