Во тенк и воена опрема: Кејт Мидлтон покажа дека е подготвена за нова функција

Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, го помина денот со членовите на Првата змејска гарда на кралицата и им даде до знаење на сите дека добро се подготвила за својата позиција


Кејт Мидлтон имаше уште едно деби како принцеза, појавувајќи се за прв пат во улогата на врховен полковник на Првата змејска гарда на кралицата, која ѝ беше доделена од кралот Чарлс III во текот на летото.

Како што сме навикнати од неа, принцезата од Велс целосно се внесе во улогата и за време на посетата облече маскирна јакна и кацига и почна да вози тенк. Токму оваа активност е специјалност на единицата, која е ориентирана пред се на извидување на територијата. Низ историјата тие се движеле низ светот, а последен пат биле распоредени во Мали како дел од мировната операција.

Кејт ја носеше својата униформа преку ролка и блејзер кои едвај се гледаа одоздола, како и тесни црни панталони и полувисоки чизми. Тука беше и неизбежниот детаљ, црвен цвет афион, кој се носи во Британија во ноември од 1921 година како симбол на сеќавање на жртвите од Првата светска војна.

Покрај обидот да вози тенк, таа го набљудуваше начинот на кој тимовите комуницираат, дозна за нивната употреба на извиднички дронови и се сретна со голем број членови на тимот, уште еднаш покажувајќи ја својата топлина и пријателство.