МВР потврди: Крадци упаднале во домот на младиот Леонид и ги украле парите собрани од донации


Крадци упаднале во домот на младиот Леонид Индов и ги одзеле сите пари собрание од донации пишува Скопје Инфо.

Неофицијално, крадците одзеле пари во износ од 50 илјади евра, средства собрани за негово лекување. 

Пред неколку месеци, осумнаесетгодишниот Леонид доживеа несреќа додека беше на летување во Грција. Тоа резултираше со тешки повреди на неговиот `рбет и не може да ги движи рацете и нозете. По неколку апели, јавноста и јавните личности се мобилизираа и за краток временски период беа собрани неопходните средства за негово лекување. 

– На 18.10.2023 во СВР Скопје Б.И.(53) пријавил дека во периодот од 11:30 до 14:50 часот со подесен предмет било влезено во неговиот дом на подрачјето на Аеродром и биле одземени пари и други предмети. Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
 

Сите оние кои сакаат да донираат за Леонид, повеќе информации има на следниот линк