Преку лажни фактури за шинтерски услуги ја оштетил Општина Делчево за 6.000 евра


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против С.Д.(62) од Делчево, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба“.

Пријавениот, во својство на основач и управител на правно лице, во периодот од мај 2021 до мај 2023, во повеќе наврати ја злоупотребил својата службена положба и овластување, на тој начин што по претходно спроведени јавни набавки и склучени два договора со општина Делчево за шинтерски услуги, за фаќање и хуман третман на кучиња скитници на подрачјето на Општина Делчево за период од една година, изготвил 11 фактури со невистинита содржина во кои впишал невистинити податоци за услуги кои не ги извршил, а ги доставил за наплата.

Притоа, тој се стекнал со противправна имотна корист од 350.869 денари на штета на Општина Делчево.